Верувај на оној што ти ја препишува терапијата, доктор со други зборови. Ни на мене, ни на интернет, ни на никој што нема никаква анамнеза за тебе, што не знае на што реагираш, што не знае што терапија е најдобра за тебе.
Јас си чекам за термин кај психолог, и одам на психијатар. Гледам да бидам зафатена преку ден излезена иако беџ работа и ете вака си вежбам по дома. Не ни пишувам веќе тука. Гледам да баталам форум и фб.
Нека не бидам во право , да резимирам членот пиша и се пожали за проблеми со Асентра чисто и јасно пишав да ги прекини да си продолжи само со седативи + додатоци поддршка за мозокот и нервниот систем Неуро форте , како и Магнезиум и б 12 за обновување на клетките , тоа беше дијагнозата . Логично е нешто што не го прифаќа организмот да не се конзумира , Е тоа беше фамата . Хипократ рекол - Лекот нека ви биде храна , и храната нека ви биде лек После 3 години од , халуцинации , шизофренични напади , хипнози , психози , деперсонализација , тремори , тахикардии благодарен сум на своето знаење и на маката што ме научи сам повторно почнав да функционирам и остана само Едно зуење во мојата глава . Толку имам да пишам Keep positive VIBES !!
@Anxiety Не разбираш очигледно упорно. Немам веќе сили да објаснам нешто толку очигледно. Еве и од мене цитат ,,Секој лек е отров, но дозата го прави да не е" Се надевам дека членовите барем ќе го игнорираат советувањето од твоја страна во однос на терапија. Затоа што е тотално ПОГРЕШНО, НЕЕТИЧКИ И ВО СЕКОЈА СМИСЛА ШТЕТНО. Поздрав, се надевам дека некогаш ќе сфатиш што зборувам, не дај боже на твоја кожа.
Ликов одамна доста самоуверено дели совети за терапии. Се согласувам дека модератори треба да прават некаква селекција бидејќи може некој во очај стварно да го послуша. Секако секој има своја приказна и е добронамерен во постовите, ама да делиш совети за терапија како да си Гуру на форум - малце може да биде демотивирачко или опасно.
Епа тоа е поентата на муабетот, ти си го поминал твојот пат така како што ти си мислел дека е најдобро за тебе, остави сите нека си одат по својот пат така како што мислат дека треба, ти не можеш и немаш право да и кажиш да ги прекине Асентрата. Многу си поминал, сфаќаме али тоа не те прави некој си експерт ниту пак психијатар.
Toa e , има сеуште надеж поздрав секое добро Гуруто и Ликот што делат терапии . Бог да чува , нека ви помогни на сите вас .
Колку години зимаш хелекс? Пртпоставувам си помлад човек. Зборуваш со толку голема сигурност како да имаш со доказ излечено стотици луѓе, како тие луѓе живееле до старост и немале последици. Збориш ко да имаш огромни, лично постигнати докази. Тоа не чиниза друго топ даваше совети за исхрана, здрави навики и сл.
Нема повеќе што да се објаснувам , кажано е тоа што имав но има една фраза секогаш зад добриот коњ се крева прашина , нема што да аргументирам повеќе завршено е кој како сфатил кој сака ќе му помогнам кој не сака нека си брка работа , пишав секогаш имало и ќе има деструктивни личности , ниту му имам на некој препишано терапија ниту ќе му препишам можам да му помогнам да се извлечи од лошотилуко на овај лавиринт ништо друго, да излези до некој степен , а омразата нека си ја зачуваат тие што си ја чувствуваат . И сум имал и живи примери и виртуелни еве вака , па сеуште ме прашуваат како што . Прашувајте ги дотичните со деструктивни мислења , кои уживаат да се докажуваат и расправаат . поз
Никогаш немам дадено совет за терапија, ниту пак сум се обидела да дијагностицирам. Моите совети се темелат исклучиво на мотивирање на членовите да посетат психијатар/ психолог. И тоа е најправилната одлука. Каде гледаш деструктивно мислење тука? Не ми е целта тебе да те таргетирам, целта ми е да те информирам, затоа што навистина си неук што се однесува до ползата или штетноста на лековите. И јас сум, но имам основа и не се дрзнувам да говорам на таа тема. Тргни го хелексот од употреба и кажи како се справуваш со анксиозноста. Не ми кажувај дека си се ,,излечил" а ги земаш секојдневно. Те читав кога сакаше да шверцаш 6 кутии хелекс преку авион. Тоа за по потреба е? Или ги маваш којзнае колку на ден. И јас сега да земам хелекси, а притоа сум анксиозна, ќе продавам м**а за бубрези. Го знам чувството кое го добиваш. И ти многу добро го знаеш. Ама очигледно ти треба за да функционираш. Мене не. Ако навистина веруваш во тоа што го пишуваш, ни А од апче нема да ти треба. Не си биди контрадикторен на самиот себе. А и не си ми толку битен за да кревам прашина за тебе. Намали самодовербата, во случајов ти ја поматува перцепцијата за правилна осуда. Побитно ми е психичкото здравје на останатите членови кои слепо веруваат во твоите приказни. И се надевам дека ќе прочитаат, се молам да прочитаат, да се уверат дека правиш штета со коментари за терапија. А дека имаш способност да добиеш внимание и што е најтрагично да ти веруваат, ти давам рака. Ако навистина сакаш да помогнеш некому, покажи сомнеж барем, дека не си во право. Мислам со кој памет кажуваш на некој да прекине ад туку така. Знаеш каков хорор и терор, во главата може да се случи од нагло прекинување, без консултација со доктор и без негово одобрение и советување за редуцирање на дозата. Очигледно, не знаеш. Не мудрувај, ако немаш никакво познавање за ништо. Разбери, предизвикуваш хаос, штета со такви совети. Светот не се врти околу тебе, спушти се на земја. Афектираш луѓе со твоите неедуцирани совети. Јас повеќе верувам на личности со лиценца, тебе каде ти е лиценцата?Ајт
Оф леле, да не поверува човек за што уште се убедуваме, а таман мислев нема човек кому не е јасно. Нормално, нема ништо спорно во споделувањето искуства, ама секогаш имајте го она 'Мене ми помогна' или 'Мене не ми помогна', 'Мене вака', 'Мене така' итн., бидејќи се работи за ваше лично искуство. Близнаци да сте па може различно дејство да има, не па преку форуми. Јас лично не би се ни осудила некому да кажувам што да пие или не, не сакам таква одговорност. Да кажам мене како ми делува нешто да, ама да зборам 'Пиј тоа', 'Пиј она' нека фала. Мене лично дури контрапродуктивно ми делуваа туѓи мислења пред почеток на терапија. Тоа што мене ми беше препишано, се погоди на тие што дојдов на таков муабет да не им делувале. Па уште кога прочитав нус појави на лекот. Испадна мене да ми се најпогодени на свет. Да слушав други веројатно уште ќе лутав барајќи ја правата терапија. Не слушајте никој, освен себеси и доктор кому верувате. За Хелексот јасна ми е големата љубов, зашто е стварно најпрекрасниот лек за смирување, ништо друго не дава таков зен, ама никако не се пие долгорочно. Никако пиење со месеци, не па години. Баш од Хелекс да умрете нема, ама од некоја лоша комбинација со други несоодветни лекови и тоа како. Човек кој има потреба од Хелекс, во никој случај не е човек без анксиозност, напротив. Не се правете паметни. И немој да бидете непаметни да ги слушате тие што се прават паметни.
Здраво луѓенца, 2020та, дефинитивно најтешка година... во дел од оваа година за прв пат осетив неописливо високи нивоа на панични напади... анксиозност, одсекогаш до некое ниво. Доколку сакате да се исповрземе и да се поддржуваме психички, може да си правиме муабет на која и да е тема... слободно пишете ми. Веќе повеќе од месец сум без работа, така да имам доста слободно време, ако би можел да помогнам некому, тука сум. Поздрав, најздрав.
@GrimTheReaper Очигледно мирно не спиеш то е прво . Инаку добро се наспав како си ти ? Никој не даде совет за терапија ниту препиша некаква дијагноза со Хелекси , со Ксанакс и слично тоа не ни се осмелувам свесен сум за секој коментар кој што го пишувам , ниту еден член не добил од мене Коментар Не пијај хелекс , хелекс замени го со Ксанакс или Ксанакс замени го со Лорсислан или со Клонопин или со Ативан . Разбирам за што се расправаш , но неправди кај мене не поминуваат лесно и нема да ти чутам која да си , Користиш навредлив збор неук (можам да се правам неук колку сакаш за да ти ја видам глупавоста твоја колку е и до кај ќе ти оди ) Инаку не биди искомплексирана, и не се расправај за се и сешто на никого му немам дадедно терапија баш напротив тука сум да помогнам преку Психологија , Алтернативна медицина . А ниту ми е потребно внимание ниту ми треба , оперисан сум од вакви како тебе. И не ми коментирај и не си прај филмој дека препишувам терапии тоа е невозможно и секој член го знае на форумот , можам совет да дадам што да прај како да прај , можам мислење да дадам , можам да му кажам кој степен е и тоа . Можеш овај муабет да си го правиш со доктор што теоретски ги знае појавите , а очигледно не си запознаена практично со оваа состојба така да си прашина на катедра . ПОЗДРАВ !
Која е разликата помеѓу Xanax, Хелекс и алпразолам? Ете од каде е мојата теза, ти мислиш дека се работи за различни лекови, а тоа е едно исто, различно пакување. Истата состојка буквално. Имаш познавање од психологија, колку што имам и јас. Ништо! Со три книги прочитани за мотивација, не се станува психијатар. Не даваш терапија, стимулираш членови да конзумираат нешто што од доктор не е препишано. А верувам дека знаеш, достапноста на хелексот е доста широка и ги препишуваат туку така. Чувај си го хелексот за себе, но не го прави магичен и дека е решението за се. За ништо не е решение, освен за акутно подобрување. На долг рок ништо не добиваш, туку моментална релаксација од неколку саати. Имаат најкраток животен век во организмот, ама мислам дека ни тоа не знаеш што значи. Се раководиш буквално и мислиш дека антидепресивите се само за депресија. Да имаше воопшто познавање за нив, немаше тоа да го тврдиш. И за психологија и за алтернативна медицина ти треба факултет и лиценца за работа. Какво познавање имаш и од едно и од друго? Никакво. Заврши медицина, специјализирај психијатрија, па ќе правиме муабет. Колку што Иван Исцелител има појма од медицина и помага, толку и ти.
Не давам терапија , сега стимулирам членови да конзумираат нешто што од доктор не е препишано . (Неурофорте , Магнезиум 400мг и б12 Витамин ). Извини ова што ќе го пишам ама искомплексирана си до даска , баш напротив оди земи не 3 книги колку што сум имал "прочитано" земи прочитај 20 и пишувај и дискутирај . Не си запозната со поимот Анксиозност во практиката и не ти се објаснувам повеќе , не си компатибилна да разговараме понатаму . Само теоретски со тебе .
А конкретно за Хелексот и Ксанаксот и Лорисланот ќе споделам да се научи нешто и за тоа, не сум себичен за разлика од тебе .
Не даваш терапија ама советуваш истата да ја прекинат. Значи не врти одоколу, знаеме кој што пишува, па можеме и да препрочитаме. Значи може секој само совет да даде, а не да лечиме на форумов. И членовите што се моментално во најтежок период би ги замолила да не зимаат тука се што ќе прочитаат здраво за готово. Доктор си е доктор и тоа е тоа
Зад добриот коњ секогаш се кревало прашина ахахахава јас реков што помалку човек знае во некоја област, толку повеќе самодоверба има, те фатил и тебе македонскиот синдром правење експерт на секоја тема