ЕЕЕЕ, Зеленкоооо....тоа мајките да не ни се у животот...ете, на неа и текнало за кај Ласте ама ова не е причина да станеш сега „мамина маза“ ете и Ласте ти кажал исто што ти кажав и јас - дека си стегнат од болеста. Друже, што да кажам на приказнава...мене ми се свиѓа, јас верувам во енергија, верувам дека може да се канализира. Всушност, сите ние сме родени со биоенергија во нас. Сите ја имаме, инаку, не би имало размена на енергии. Така, продолжи си ти кај Ласте, заедно со жена ти, можеби и на неа ќе и помогне, па ќе си добиете некое „пиле“ да си го гушкате...Но, ќе мораш да веруваш малку и во својата енергија. Верувај дека си здрав, ако си 10 години „чист“ - па тоа е неверојатен успех, кој никогаш не смееш да го заборавиш, а сега со анксиозноста можеби се „дочистуваш“ од внатрешни филмови. Продолжи ја асентрата и хелексот, сепак и тие си имаат свое „зошто и како“... Кога бев силно анксиозна, ја пиев најголемата доза хелекс, и тоа не ме смируваше веднаш, туку после два саати...Но, се сеќавам помина еден месец и мислам дека телото ми се измори од анксата и почна само да бара да се намалува дозата, со тоа што ако се напиев иста доза, ми се спиеше и многу спиев, спиев и се одмарав дооолгоо...тоа одмарање траеше една недела, што е доволно веројатно за телото да се врати во нормала. Па така самото тело како да ми побара да ги намалам дозите на хелекс. Среќа тоа кај мене кратко траеше. Почнав да вежбам јога, да дишам правилно и некако се смирував... Пробај и ти исто. Супер е што си почнал да јадеш, верувај дури знам како ти е јас уште се сеќавам на лебот со мармалад што го изедов по долго нејадење....но, пробај со некои техники за смирување...Ќе помине и ова, верувај, ова ти е последното внатрешно чистење... Со среќа пријателе, и пиши тука дали јадеш и до каде си поздрав
Се радувам за тебе Зеленко, искрено, дури и солзи во очи ми навреа од што ми е мило, само продолжи со таков оптимизам... Верувам дека и ти и жена ти ќе си го добието најмилото нешто , детенце, и дека ќе заборавите на се' што се случувало и ве правело несреќни.. Искрено и од срце ти посакувам само убави нешта, и не само на тебе, на сите овде на форумот ... Нема да должам многу, Ве гушкам луѓе, убаво да спиете .. бакнежи и гушкања ....
petra panka3 го читам форумот веќе долго време се ми е исчитано и пред еден месец со ваша помош јас успеав да се изборам со анксиозноста и имаше период од месец дена кога воопшто и не се чуствував анксиозна ,супер ми беше ,позитивна со волја за живот ....и сега ми се случи пак пред неколку дена на факултет додека седев на предавање се почуствував дека тонам престанав да следам што се случува околу мене ,го насочив целото внимание кон мене си го мерам пулсот го следам срцето дали чука правилно и се е во ред ама мене ми е лошо ...леле едвај дочекав да заврши предавањето и да дојдам дома да се средам...но ете помина недела дена и не успевам ,се мислам да не ми е сега од промена на времето и малце сум укочена од ладното па ми се врати целата состојба ,појма немам како да си помогнам а за лекар бев пред еден месец се ми е супер и веќе искрено ми е срам од матичниот секој месец сум таму му се жалам ко некоја стара баба ... и морам да споделам сабајлево пред еден час кога станав си варам кафе и осеќам како ми се мрда главата психата ме убива ми го уништува телото ....немоежев се извикав на цел глас и ми дојде да плачам како да сакав со тоа да ја избегнам состојбата но не еве седам и пишувам со растреперени раце и се плашам дали овојпат ќе успеам пак да ја надвладеам анксиозноста ...леле ја мразам ((((( zellenko ја прочитав твојата животна приказна и искрено ме трогна многу што ме натера уште да плачам како мало дете,и уште и муабетот за бионергијата леле не ми се верува дека е можно,морам и јас да одам,те молам кажи ми како да закажам треба да се јавам така? и кога ќе одам само да му кажам што ми е маката? ај ако сакаш упати ме...поздрав и ти посакувам многу успех и радост во животот поздрав до сите на форумот ....имајте убав ден
Aда мила моја, лелел немој така, верувај исто сме, и јас на предавањата последни кога седев, како ми се слоши, значи 360 степени се ми се заврти, и едвај издржав да испаднам надвор и да одам дома, и да се средам. Не си сама мила, исто сме у пм...... Јас научив како да си ја контролирам психата на некој начин, и сега помирна сум на шредавањата, а и ретко одам, повеќе на кафе ос колеги оваона, немој да се плашиш, нема никогаш ништи да ти се случи, нема да ти се слоши, нема да паднеш... Ама не се давај, ќе помине, и сама знаеш, насмевни се и помисли само колку убаво ќе биде кога се ќе помине Инаку за кај Ласте, и јас сакам да одам, и еве сега се распрашував кај еден другар од Маџари, дефинитивно ништо не губиме со ова, може само да не испокои или нешто слично. Дефинитивно ќе одам, во вторник ке идам Ск и планирам да одам, па ако си за, да одиме. Зеленко, едно големо за твојот успех што си останал 10 год. чист браво! Тоа е знам дека ти си јака личност, со свое Јас, и со карактер, немој да дозволиш анкс, да ви застане на пат со твојата жена, млад брачен пар, со цел живот пред вас, уживајте и живејте, смирено, без нервози,се надевам дека во скоро време ќе добиете бебенце, и се уште на подобро ќе тргне. Се најдобро! Бац мили
Ada21 ќе успееш да ја надминеш ..и јас ја мразам, мене понекогаш на работа ми се јавува некоја вртоглавица и почнува телото да ми трне, но одам до тоалет и си ги масирам рацете и некако ми се смирува. Мораш да знаеш дека анксиозноста се враќа. Прифати ја таа ситуација и тој факт. Значи, си била ОК цел месец и ете одеднаш дошла да те потсети дека е тука ... тоа е предизвик и за умот - веројатно во тој миг си требала да се смириш, или да излезеш од предавање, да се погледнеш во огледало, прозор...и да и кажеш „слушај, оди си, сега немам време за тебе, ништо не ми е, само си дошла да ме закачаш и нема да ти дозволам“ ова е баш онака пластично кажано, еден вид визуелизиација, за која ве терам (како и Дуња со „игнор“) да ја правите почесто кога ќе се најдете во таква ситуација. Добро е што си се извикала, и тоа е еден вид на олеснување и на бркање на анксиозноста. Викај пак, ако ти дојде...мавај во перница...пушти музика, рипај...измори се и легни
Ада21 хронолошки и јас како тебе откако го прочитав форумот (кога прв пат сфатив дека не сум сама) се смирив и тие неколку месеци бев ок, се додека пак не се повтори ... значи ја регистрирам секоја промена на телото , дури што се вели малиот прст да заболи јас веднаш наоѓам болести, почнувам пулс да мерам, размислувам што би можело да е и тн и тн и тн ... На неколку пати сум успеала тоа да го исконтролирам и да го победам но се разбирам дека и сум била совладана . ДАЛИ СИ ФИЗИЧКИ АКТИВНА ? ако не си , пробај наутро да правиш вежби околу 10 минути потоа ќе ти станат рутина и мн позитивно ќе влијаат на тебе! И мене предавањата на фак. ми беа напорни ... но да можам сега со радост би ги проследила зашто знам дека сум се оптеретувала со глупости. Значи тебе ти е досадно на предавање ништо не ти го задржало вниманието и се насочуваш кон сама себе,и те заробува анксиозноста... Доколку предавањата ти се ептен тапа , почни низ предавална да бараш некој згоден колега и направи некое слатко симпатично сценарио со него ... или одлетај на некое островче и почни да си го креираш со куќичка , со палмички ... насочувањето на мислите е многу битно и познатото игнооррр на Дуња... Верувај ми дека те разбирам во целост, биди ми поздравена и ти имај убав ден ! п.с Браво за Зеленко Ги гледам онлине АнушкаНестле и Азура поздрав и до вас
фала ви на сите за советите....еве сега сум малку подобро ...најбитно од се petra panka3 не сум ама ич физички активна баш и јас за тоа размислував мора нешто да превземам барем дома да правам некој вежби ако не друго....инаку да на предавање е досадно многу па затоа така можеби ми се случува anuskaNESTLE ајде ако сакаш заедно ќе одиме јас сум во скопје цело време па може да закажеме во ист ден ..баш ќе ми биде мило и да се видиме azzura фала ти и на тебе пробав така што ме советуваш но не ми помогна а порано ми помагаше ...да се надевам дека набрзо ќе ја вратам позитивноста фала ви уште еднаш ,ептен ми е драго што имам со кој да споделам, а најважно што имам кој да ме советува и да ми помага ако не сте вие мислам ептен па лошо ќе ми е гушка до сите
Да, навистина е супер кога има кој да те разбере ... и овој форум многу помага ... инаку еве ти линкче за вежби за почетник , секое утро , да ти ги опушти мускулите ... пробај , сама ќе се увериш дека ќе ти биде подобро ... http://www.topshop.com.mk/?tn=articles_sub&cid=191789&c=4109&ils=55
фала ти многу ,од утре ветувам ќе почнам секое сабајле ќе ги правам ,сигурно ќе ми биде подобро па ќе пишам да се пофалам поззз
здраво како сте ми сега ве изначитав сите знам како ви е и мене ми е така еве од сабајлево ми беше се ок си чистев ручек направив се се светнав и сега еве почна да ме облева пот по телото да ми крца главата ми жежат раце нозе ми се врте тонам ми идат мисли секакви ама таа е нема што да се праве ми мине како струја по грбот рамото се се ми е сто да правам игнорирам поз ддо сите вве сакам многу
Ехееееј, здраво дечки како сте ми? Јас само да Ве поздравам, се прибрав пред малку и решив вечерва да го закотвам "газето" дома , жива неодморена сум... Неколку дена по ред касно легнувам, а рано станувам, денес дури бев и да дарувам крв, ама ништо, не ми беше доволно јак хемоглобинот (121) , а требаше над 125 за жени и ми рекоа благодарам што се обидовте, Вашиот хемоглобин е одличен (границите на нормала биле од 110-130), но сепак е помал од нашите задоволувачки мерни единици .. И така јас не дарував крв и сега пошо ми е желба, ќе се обидам да го покачам малку за да можам да бидам крводарител .. Вие како сте ми? Нешто ново/старо интересно? Па и неинтересно? Имајте си најубава вечер, исполнета со преубави моменти. Ова дождов само романтики е, уживам во него .. Поздрав дечки, бакнежи и гушки ..
Ви благодарам на сите за желбите за оздравување. Ада, девојче драго, не се закажува кај Ласте, и да закажеш па ќе чекаш 1-2 саати во зависност кога ке отидеш. Оди во секој случај.Ке те прими.Телефонот му е да прашаш дали може да ја третира таа и таа болест предпоставувам. Денес цел ден бев омалаксан, ваљда енергијата од претходниот ден ме истроши. Пак денес цел ден лежев во кревет ама барем јадам колку толку. Психата ми е посмирена него обично. Сепак беше само еден третман кај Ласте. Со душа го чекам понеделник.
здраво на сите еве и јас да ве поздравам бев малку да просетам до мајка ми јас некогас се осекам толку осамене сто немам доверба во никого ама ке се борам со сите мои сили сто ги имам утре треба да одиме до гиникологија и тоа ме стресува по малку како сто вели мајка ми и докторката психолог треба сама да се борам(да си го средам зивотот) јас се надевам дека еден ден ке помине поздрав до сите
Хахаха браво Петра! Добри линкови. Го обожавам времето овие денови, сакам дожд, сакам да е тмурно, перфектно време за да си го седнам газот и да учам. Не ми влијае депресивно или да ме гуше, значи баш ми прија. Анкс се јавува нормално, но и поминува, јас незнам како успевам, ама ич ичччч не и обрнувам внимание, значи толку сум во слоу емоушн коа е она у прашање, шо неам ни време ни нерви ни живци нишо не ни сакам на неа да трошам. Вие како сте? Поздрав до сите анкс кралици и кралеви
Читајте го седмиот пост од линков Изгледа дека вчера сум се полнел со енергија спиејќи цел ден (а таман си помислив вчера прерано се пофалив за биоенергијава), кога денес освен што се разбудив со мал немир, денов ми е одличен. Се најадов пред малце два тањира шпагети со туна прелив, неможам да дишам Прв пат после два месеци да почуствувам глад. Ни трага сега за сега од анксиозноста. За сите скептици, гарантирам дека биоенергијава помага. Ласте и Ѓорѓи Филев се најпознати од тоа поле. Секој човек во себе има енергија, ние анксиозниве полни сме со негативна енергија, ни треба некој правилно да ни ја насочи. П.С Се ова ми е само од еден третман кај Ласте. Човекот не наплаќа, кој колку ќе остави. Нема оправдување за тие што се од Скопје и имаат стравови и паники да не отидат на биоенергија. Јас планирам секој ден да одам кај него овој месец, кој е за ајде со мене ни
zdravo drustvo kako ste jaseve sega se pribiram bev na mrsno kaj dedo mi i bev ok i sega sum ok ama po malku me faka anks pozdravvvvvvv do site guski
времево сите не убива зоче ...струјата што ја осеќаш мислев дека на мене само ми се случува така но ете и на тебе ...ја чуствувам исто во пределот на рамото грбот кај срцето како некоја жештина дури ме пече ...понекогаш ја чуствувам како вибрации незнам стварно што е работата ама непријатно е многу чуството...но поминува брзо така ? опушти се легни и ќе помине,не сум во моментот баш најсоодветна да делам совети бидејќи и јас самата не се чуствувам баш добро деновиве ,се надевам дека брзо ќе помине поздрав многу ! имајте убав ден!