Може на некој смешно ќе му делува или несериозно од моја страна, но и јас би сакала да споделам искуство. Секогаш ама баш секогаш кога не сум го спремала најдобро материјалот за учење, небитно дали се работи за обични вежби, колоквиум или испит, добивам такви страшни напади против кои не можам да се изборам. Значи едноставно речено се губам во моментот и имам такво језиво чувство како да е крај на светот и ми нема никаков спас. Едно е што никако не можам да заспијам во текот на ноќта, друго е за тоа време додека не спијам што немам никаква концентрација, буквално не сум способна било како да функционирам и доживувам доста изразена тахикардија (инаку не пијам енергетски пијалоци, а кафе мнооогу ретко). Претпоставувам дека не сум единствена со вакво искуство, верувам дека имате осетено вакво нешто, па ме интересира како вие се справувате или сте се справувале.
Се мислев дали да пишам на оваа тема ама реков ај можеби ќе помогни на некој моево искуство. Епа вака: Се започна во 2017 иако и пред тоа си имав мали напади на паника и стравови кои поминуваа за ден/два ама како тогаш таа вечер никогаш. Знам читав книга (голем обожавател сум на книги) и од нигде никаде ми текна нешто (сега во моментот си велам со какви глупости сум се замарала) ама тогаш не беше ни малку смешно, дури незнаев ни што ми се случува. Стравот поради кој кај мене се јави анкциозноста немаше ни допирна точка со причината (дијагноза која подоцна ми ја даде психолог). Значи мора да постои нешто што навело на таква состојба. Бидеќи анкциозноста е состојба не болест која за жал ако не се искорени навреме може да доведе и до депресија. Па така јас сметајќи на претходните мои паники и напади си велев ништо не тие ќе ти помини немаш ништо си чував во мене си ќутев престанав да јадам, да спијам, од голем љубител на книги нејкев ни да опулам, а не па да читам од страв пак да не ми текни нешто, на гости кога ќе одевме неможев да седам на едно место паники ме фаќаа, мм се загрижи се чудеше шо ми е, во брак бевме две години, таква ме немаше видено ниту па јас се имав. И така по една година по долги убедување од мм решив да си кажам шо ми е оти вака само очигледно не врви. Му кажав се ми олесна начинот на кој го прифати не мислев дека така нормално ќе изреагира си мислев мојот проблем моите фантазии се нешто многу страшно, а тогаш и беа за мене за другите смешни. Тогаш мислев дека ако кажам ќе почнат да велат оваа забега готово мислев побудалувам. После следеше посета кај општата докторка и неа и кажав некако со триста страмој ми предложи психолог и ми препиша хелекс ама ни то ни лексилиуми, ни дизаепам ништо не ми помогна мене, па по неколку паковки престанав и да ги пијам. Единствено ми помогна Лунебра за навечер, чај од камилица за спиење, разговор со психологот и она нејзиното ништо не тие ќе помини ми утврди анкциозност поради несоциализација, бидејќи тој прериод бев сама дома мм наработа јас неможев работа да најдам се осеќав бескорисна едноставно, па можеби и подршката од мм беше таа најмногу што ми помогна него и понатаму го гњавев со моите глупости. Потоа следеше период на вработување запознавање на нови луѓе и така се си дојде на свое место. Затоа да не должам повеќе најважно е да зборувате да не чувате во себе да побарате стручна помош и психијатар ако треба не е тоа ништо страмно и страшно и најмногу упорни да сте и ќе успеете.
Да, ете сум јас исто, не знам на кој факултет си но претпоставувавм дека матријалот ти е доста обемен, истиот проблем го имам и јас, факултетот кој го учам, испитите се доста обемни никогаш немам појдено со матријал скрос научен како што јас би сакала тоа да биде, бидејќи во суштина сум перфекционист и така функционирам на секое поле. Ова со факултетот ми беше една од причините за појава на анксиозност и до ден денес не можам да се изборам со тоа. Мораш да се охрабриш, работи на самодовербата и верувај дека тие колеги што се појавиле на испит знаат исто колку тебе, само за разилика од тебе се храбри и не се замараат дали знаат или не ќе појдат и ќе си положат. Не се појавував на испит поради тој страв и паника иако сум имала учено, но факулетот не е само учење треба и среќа. Сосема е во ред да појдеш на полагање и да не го знаеш прашањето, па и да појдеш на полагање и долку не ги знаеш прашањата да се откажеш од испитот. Не е крај на свет, верувај. Знам низ што поминуваш, но запамти дека колегите не се ништо попаметни од тебе иако така ти се чини, мора да го надминеш ова, можеби разговор со психолог ќе ти помине полесно да се справиш со паничните напади пред испит.
Lekarot mi dade samo nalgesin forte i tolku nisto ne mi objasni samo da se pazam da ne napravam poloso
Ете пак јас, анксиозноста ме толчи сеа знате како? Со бокс, нокаут тоа технички. ТКО. Но, јас затоа зедов да пешачам со симптом на изгубениот, сето ко ново да ми е и слично. 3,5км од сабајле До црква и помирна сум фала Богу. Сега ќе чадам низ дома, ќе прсам ручек пауза и ајт на шетање. А, после и објавувам војна Пешки до рекорд и назад. Знаете кое чувство на изгубеност го имсм? Ама не смеам дома да седам, ц. Значи упорно шетам сама и мислам дека збудалувам од мисли. Мислам дека ми треба промена на лекарства. @nena2010 јас мастика земам во уста зс да ми сузбие нервоза Од срце ви посакувам убаво неделно попладне
Ти благодарам на советите.. Баш како што планирав, ќе почнам со физички вежби, сум читала дека помагаат. Само, најтешко е навечер. Не знам со тоа како ќе се справам..
Mene od kaj zadniot del na glavata nesto silno kako da me nisa plus glavata od zadniot del gore kako da e stegnata seta
Што конкретно е навечер проблемот? Можеби можам да ти предложам совет и за тоа. Ќе се реши се, само упорност.
Ако има некој/а од Прилеп прифаќам сеанса и споделување искуства, така најдобро ќе си помогнеме едни со други.
да мене ми се ниша така деновиве и ми тежи ... се трудам да го игнорирам .. ама знам тешко е ... ама ќе помини ... јас порано одев и глава да снимам на магнетна .. а се да ти било од анксиозност
Или анксиозност или вратна спондилоза, таа знае да прави такви немири, во моментот изгледа ги имам и двете , значи две во едно
Да , ама има и вежби за вратот опуштете го малце можи и згрчен мускул , сепак не би таргетирал спондилоза директно ако е се во ред , или не убава положба дури седиш пред компјутер или при спиење .
Да ти кажам и така треба ... Мене ужас ми е еве веќе еден месец .. бев на диета , ги прекинав таблетите .. ослабев 8 кг и после стресни ситуации и еве деновиве ме болеше и бубрези па и заб сега мртов ми е и мал оток имам ... секакви мисли ми се вртат ... веќе заборавив и што е нормално јадење .. јадам како мало маче сега ... ме уништи стравот и анксиозноста ама не се предавам ..ааа .. не .. почнав и флунисан да земам сега .. така ми рече докторот .. ти какви таблети земаш?
Па на пример, преку ден имам некоја активност, колку толку, навечер ми натежнуваат мислите. А тогаш немам со што да си го одвлечам вниманието.
Со есента и мене ми се враќаат симптоми можно е? Таман се смири ситуацијата сега пак... Ако во времето кога беше популарен Др. Хаус го избегавав не го гледав, сега мислам дека се внесов. А ми шкоди дури гледам и упорно гледам и после се враќале симптоми епа ми се враќаат ко не можам да поднесам филм
Амбросиа, најголемата грешка што си ја правиме на себе е што мислиме дека можеме сами да го носиме товарот, што мислиме дека сами ќе успееме, дека е моментално, дека е пролазно. Ќе има денови кога ќе заборавиш на се, кога се е под конец, како ништо да не било. И по некој ден, пак, истата приказна. Мораш да одиш за почеток на психолог. Не секогаш можеме да кажеме се на родителите, пријателите, колегите. Психологот е еден вид на интимен дневник. Буквално можеш се да кажеш, твоите најдлабоки тајни, твоите стравови, твоите чувства, да бидеш таа што си, без глумење. Со текот на времето, ќе осознаеш многу работи за себе. Долг е патот до крајниот резултат, но ако си упорна и решена да не гледаш назад, ќе напредуваш многу брзо и ова ќе ти остане само еден белег за паметење. Немој да се мачиш, да се губиш во просторот и времето. Што побрзо превземеш нешто, толку побрзо ќе стане само минато, каде и припаѓа.