vo glavno site sedativi se isti, samo sto edni gi podnesuvas drugi ne, sto i da se napies ke te smiri
Лекот е во нас да, ама треба некој да не посочи и помогни во лечењето. Па по грдо чувство нема, осеќам немир и почнувам секоја мисла да ја игнорирам, се дури не се насоберат премногу и избие паничен напад. Се контролирав до скоро ама седењево дома ме излудува дефинитивно. Светла точка ми е син ми, со него сум насмеана, мелем ми е се гушкаме ама пак сум стегната неможам скроз да се опуштам ни со него... Секој ден едно исто, ми е страв да излезам в парк, само негде во близина шетаме. Монотонија, досадно и ете ти го стравот од депресија незнам како би се изборила со него...
Иста сум и јас... ме притискаат градиве , како да имам огромна грутка внатре и од што ме фаќа паника уште повеќе почнува да ми се лоши , ми се гади и немам воопшто апетит ... еве веќе една недела ми е тоа чувство
Да кажам на кратко , не паѓајте никогаш во замка дека со Умот можите да контролирате , не ова е лага . Со умот можите да контролирате Мисли и тоа што имате да кажите или пишите . Не може да контролирате да не одите во ВЦ , кога некои други фактори си го прават своето за да појдите во ВЦ ова е простиот пример , така е и со некои други работи , ако се има недостатоци се потполнуваат и на крај не одете против себе си ! Прифатете некои работи дека се реалност , и запамтете од анксиозност не се умира и никој не умрел досега , а и друго нападите и тие другите ствари , се лош начин на живот , исхрана , и недостатоци . Најблиску е тоа. Прочитав и за стресот погоре , мора да се превземи мерки за стресот не е добра средина за организмот , и мора да се дејствува. Поздрав !
Истото ми се случува...преку глава ми е веќе, секојдневно се будам и заспивам со тоа гадно чувство, во очекување дека во секој момент ќе ме"лупне" нешто.
Помислете само дали вчера умревте додека правите одредена активност. Веројатноста денес да се случи тоа, при иста активност е 1 према милион. Факт е дека некој ден сите ќе умреме, моментот е како сме ги проживеале деновите до тогаш. Don't go there yet. Сите сте здрави, прави, помалце неарни, ама сигурно не умирате.
И мене ми помага статистиката понекогаш. И фактот дека скоро никогаш нештата од кои најмногу се плашиме, не се случуваат. Дури 85% од нештата за кои се грижиме, не се случуваат
Само да ве поздравам од парк. Од Битола. Си излегов сама и си плачам нс сонцево. Не знам зошто делувам ко шлакната
Јас секогаш викам што ако сум јас таа 1 во милион Се' можам и лабаво да прифатам и смирено и тревезно ама тоа дека се разболувам од тешка психичка и што мислам губам разум(т.е веќе изгубена/во фаза) никакоо да ми пројде
Да де, нова религија е ова и сега си избираме дали ќе веруваме или не. Стварно е глупо во темава да коментирам за ова, ама во време кога сечија постапка е битна, не можам да одминам вакви работи.
Мал е градов и сите ќе ме озборуваат дека седам сама в парк со слушалки. Плус, имсм еден комшија сам шо шета и ми е страв да не станам ко него. Многу ми дојде тешко со операцијата. Мама оди на работа а јас морам се, цела куќа е на мене Морам на татко ми и масажи да му правам на ногата. Кога другаркиве излегуваат јас не можам тој период. Не смеам мн сам да го оставам. И сите ми велат дека ќе помини се. И толку ми свртуваат тема на муабет. Како ништо да не е. Јас морам некој период да останам без работа, мора да има човек до татко ми. А од др страна се нервирам, немам пари. Морам од кај моите да земам. Немам дечко, никаква поткрепа. И тоа ме тишти.
Ама мораш некако да ја прифатиш ситацијава што ја преживуваш, ја мислам дека тоа е најголем проблем кај тебе...не сакам да споредувам тежина ни на еден тука што пишал секој со својата тежина и својот живот ама има и многу поголеми проблеми....научи да се носиш со тешкотиите што ги задава животот...
@GirlLove многу добро го знам градот од каде што си, вервај ме никој не те ни гледа ни му е гајле дали седиш сама со слушалки. Ти сама во своја кожа не се осеќаш убаво, и мораш да ја најдеш причината зошто. Немој да си правиш бајрам на умот дека ако имаш дечко одма се ќе се реши. Не душо. Ти сама себе мораш да се решиш. За да бидеш во врска и да функционираш треба да си ојачана. А ти си мислиш ете дечко ќе имам ќе го седнам до мене и ќе му плачам ќе ме слуша. Аии не тоа. Прво себе си среди се. Научи се да си сама доволна на себе си, засакај се себе си за да можеш и на друг да дадеш љубов. И тој другиот ќе ума проблеми во животот, ти ќе треба да си му потпора а не само тој тебе да ти е ханзапласт за маките.
Мислам дека е тоа најголемиот проблем кај тебе. Премногу се раководиш според кој што ќе каже. Почнувајќи од фамилијата, па се до сосема небитни личности. Зошто се замараш воопшто? Дозволуваш други да го живеат твојот живот.
да се надоврзам ,многумина од нас го имаат овој синдром мала средина шо ќе кажат другите , но ти сама кога ќе си на чисто со себе другите се небитни, прави работи што ти помагаат без премногу анализи кој шо ќе каже и уживај!
Да, ама обично во таква ситуација треба поддршка. Другарките скоро ич не се замараат ако она има проблеми. Бар така ѝ го сфатив мислењето. Некој што ќе ѝ пружи разбирање, а не што ќе го снема.
Не разбирам како можи да се живеј стигмата кој што ќе речи за мене ? Абе сфаќате дека никој никого не го интересира во животот ? Ниту партнерот што е до вас не се замара за вас пух . Овие прашања ме мачеа 5 години , нема да ве мача ако не се замарате за ништо поврзано со човечко , и ако се фокусирате на себе си и бидете малку себични . Направете тест со луѓето околу вас не ги барајте ќе видите колку им сте важни , а овие што се талкачи надвор и тие сами шетаат и го научиле нештото.