да ви казем искрено ја поим немам како се користи ова цудово, баш би сакал да ја прчитам книгата.инаку фала на убав прием )) и да одговорим дека сум од тетово )) ај па чекам да ми ја пратите книгава да видим што чудо е тоа ))) Редактирано од модератор: e-mail адреси и слични податоци испраќајте по ЛП.
Буцо значи дефинитивно ти имаш сенс за место на живеење Димо сега ќе ти ја пратам книгата. Нестле ти никогаш не кажа со лешници си или без Дуња фала на поздравот , и јас се приклучувам кон поздравите .
Па нормално бе Пепи, зарем се сомневаше во мене?! Инаку како си? Ќе одам во Штип утре најверојатно, се'уште не се знае, ама 90% одам ... Инаку, денес сум го туркала брат ми во строг центар со колата, останал дефект, па прва помош при дефект на пат сум му јас . Јас и еден циган од семафори, буткаме ли буткаме, во спротивна насока, буткам и се смеам , 17часот, цела раја излезена, гратис комична претстава си имаа, само да можеше да ме види некој од некоја стран, хахаххаха .. После па поминав на жолто и ме сопреа џандари и тој ми вели: "Ај кажи ми сега дека не помина на црвено?" - И јас онака, молам? Поим немав шо ми збори, замислена целата , таква испотена, изморена од туркањето и уште овој ми фалеше. И пак повторува, "Кажи ми дека не помина на црвено, дека уште беше зелено?" И јас му велам, не, жолто беше :, ми вика "e како жолто, јас ќор ли сум?" - Викам па јас ќора ли сум, зарем мислите со мало дете(внука ми беше со мене во кола) ќе минувам на црвено? И тој погледна и вика " сакаш 300e казна сега?" - Викам не, не поминав на црвено, не сум будала толку , и си се смешкам цело време и му викам, башка, и да закочам во тие моменти може некој од позади да ме удри и земам доkументи да му подадам, и ми вели: " Ај бегај, не ми давај документи да не ти стегнам казна 300 евра ќе се чудиш, одма ќе ти напишам еден лист и сино ќе ти се види тогаш" И јас му велам, жолто беше, добар ми е видот, 4 очи имам, а сега убава вечер, фала многу пријатно, ама се смешкам онака благо цело време .. и се насмевна и тој и така си заминав ... Втор пат ми простуваат казна од 300е, еднаш за брзо возење, еднаш демек на црвено сум поминала, следниот пат ќе си ја окркам како шо ми се гледа .. И така драги мои да Ве поздравам само, па најверојатно пак ќе излегувам ... А и да Ви кажам ... ми требаше еден документ за на факс да се оправдам од отсуство и му велам на психичот вака и вака и тој ми вика што да ти пишам? И пиша дека имам психичко пореметување , па сега виде Вие со кого си имате работа овде , хахахаххахахахахаххахаха .. Убава вечер драги мои, се извинувам за оффтопикот, но на нашава тема мислам дека се' е дозволено што е од позитивен карактер Фала многу, пријатно!
се замарам денојве со хелех читам нешто за тија апчиња па ме интересира дали има појаки апчинња за смируење од хелех мада и ја не земам некоја голема доза 2-3 од 0.25мг на ден мада последнава недела не ме смируаа многу па се мислим дали ми е од алкохол што конзумирав последниов период или утре на контрола да му речем на докторот да ми појача доза
Не бе Димо не ти треба појачување на дозата, таман ти е .... И мораш да се олабавиш малку, ептен некако си ми стегнат, работиш ли нешто, имаш ли окупација? Ако немаш најди нешто за да имаш, било што, вади ги цвеќињата ако треба, само да не мислиш на тоа. Кога ќе и дадеш моќ на потсвеста и психата таа дополнително сама си игра со тебе. И да, има и други апчиња освен хелексот, не знам дали се појаки или не, но секое од нив делува различно и никако не смееш без препис од доктор да ги земаш. Мораш да имаш соодветна терапија. И колку време го пиеш хелексот? Било шо да пиеш, ќе ти треба време за организмот да се навикне, можеш и нус појави да почувствуваш, ама не е нишо страшно, така реагира организмот при навикнувањето на секој лек што треба да се пие подолг период.... Убава вечер Димо, ќе бидеш добар, не е нешо шо не поминува
ме мучи што ми се врати паниката после 4-5г мада знам дека една недела ке трае со олкав интензитет а после ке биде као до сега топло ладно.мада денојве се преоптоваруем со книге некој записи по нет а оцигледно ми смета тоа.како и да е иде зима шапка е овде це си преседим горе као и увек па се надамо на поубајј денојј
Здраво Димо, не се секирај, се ќе пројде . Туку таму на Шапка ќе има ли нешто работа за мене и Буца ?
мој пријатели мозе да узиваа со мене а да работаа никако кога имате време и зелба идемо горе и одмарамо колку ви душа сака тоа барем не е проблем
Димо, ти хотели да не поседуваш бе што се нудиш вака лесно? Кога ќе ти дојдеме тајфа антианксиозна, ќе се праиш дека не не познаваш горе ..... Како и да е, љубезен си ..
па глупо е јавно да се пишуе кој што има мислим и не сум у тој фазон. мада интересно ми е друзењево со вас иако неам поим ни како изгледате али има време до зима ке се напрае друзба
Tи имаш фазоној кога пишиш шо имаш? Јас немам, си пишам секогаш шо имам, ќе му мислим толку, не му мислим бе .. Инаку да, секако ќе направимо дружба, и шо е битно кој како изгледа,, битно е шо носи во душата, пријателите таму се гледаат ..
Дааааааа, супер ќе се дружиме. Инаку сега веќе местото на дружба е кај Димо и пиењето е од него , мрсното е од дедото на Зоце , за останатото е лесно ќе се договориме . Добра ноќ / добро утро зависно од временската зона ајде поздравче за сите убави млади момци девојки . Чаос !
кај прочита дека сум пишал што имам а не реков битно е кој како изгледа него битно е да знаеш со кого разговараш мада не ми смета ни вака не се залим интересно ми е ме опуштаа разговориве барем не се трипам со глупости )))
zdravo gledam ste pisuvale za mene izminatite denovi inaku dva dena sum super sinoka samo nokta me stegna zelujdnikot ama nisto strasno sega pomina p[pozzzzzz ve sakam site
Тоооо бе Зоце бее, таква те сакам, само храбро и позитивно, ќе бидеш најодлично, да знаеш, убавините се пред тебе, искорити ги! Поздрав и убав ден, Зоце . Убав ден на сите драги мои ..
хахахх Зоце даде знак Димка и за мене место таму горе, и да се знае, сакам коњаче за пиење Петра какви лешници бе, јас сум чисто Нестле, со млекце (мразам лешници, бадеми, киритки, грозје и такви чуда у чоколадо) Јас сум одлично, сега еве ќе одам на контрола кај нутриционистот, официјално ми почнува 3 недела од диетата, сите ми зборат како сум ослабела, колку сум горда на себе! Поздрав до сите. Бац
анушкааа ме пацна со муабетот за диета ,се сетив колку само сум поправена баш и си гледав некој слики од пред неколку месеци сигурно сум 6 кила подебела ....оф оф мора и јас на диета ,па да ми кажеш што како кај нутриционист? строга некоја диета или само здрав начин на исхрана? Инаку да се извинам ме немаше неколку дена тука да ме извините бев зафатена со факултетот не мачат од сабајле до вечер но пу пу да не се урочам супер ми е ,не умирам на предавање почнав да се движам да се пофалам секој ден пешки до факс и назад и да ви кажам се осеќам поубаво поживо ...знаете порано ми беше страв да одам пешки некаде сама и тоа без друштво ,сериозно се плашев да не ми биде нешто по пат па да нема кој да ми помогне смешки да кажам на некој друг ќе ме направи луда но знам дека вие ме разбирате и го надминав тоа и плус овие денови сум добра ем ненаспиена сум но функционирам најбитно ете така малце позитивност и од мене ...поздрав до сите дуња,сања ,анушка,зоче (конечно и од тебе позитивност),петра панка,зеленко ......фала ви на сите што сте тука ! гушки !
Девојки и дечки како сте ми вие на мене? Еве ме мене јас не сум ве заборавила стално ве читам и мило ми е што гледам дека има добра енергија на форумов и дека има мн подобрување кај голем бр членови *Анушка браво за тоа што во секој пост си се подобро и подобро, може и нутриционистичката исхрана помага во истерувањето на анксот до крај, само напред и кажи ми поЛп те молам за каков тип на исхрана станува збор и јас треба да ослабам некое килце ме карат од агенција хахаа *Буцке јас знам дека ти си најпозитивна за тоа и секоја чест мн мн мн го крена нивото на позитивна и супер енергија на форумов и браво за тоа што се трудиш ан сите да им помогнеш *ПетраПанка мила мило ми е и ти што си далеку подобро од што беше, јака си и храбра ти знам дека ова е крај на твојата анкс *Зоце гледаш ли дека само треба да ги слушаш девојкиве сите минуваме низ тоа ама ништо не се случува. Да останеш така добра и веќе да не се враќа анксот *Димо читај ги ти девојкиве нели се прекрасни, мора да помине анксот кај сите веќе е редно Да ве поздравам сите, и да се извинам што не сум активна, навистина учам тука ептен иу немам мн време плус имам некои снимања за есенска и зимска колекција и таму ми одземаат мн време на снимања. Ве мислам стално и борете се ние сме појаки од анксиозноста Сите бидете ми поздравени, да не набројувам за да не испуштам некој мн сме па организирајте една дружба и јас одма сум во Македонија, не пропуштав дружба со толку фини луѓе
Сјело, ти благодарам на убавите зборови, ме зацрвени сега или пак образите ми се црвени од шо е ладно надвор , не битно, битно е да има позитивна енергија, а гледам дека во последно време се повеќе ја шириме што е за пофалба Е сега што се однесува на дружбата, само ти дојди во Ск, за дружба веднаш ќе ги соберам сите, а може и кај Димо на Шапка да одиме, еве Нестле без лешници му порача коњак, мене ми одговара, а верувам и на другите им одговара ... Ете така, доста Ви е муабет, ќе ве поздравам со едно мое многу драго песнуле, да не речам женуле, идол ми е, тежнеам да дојдам близу неа .. http://www.youtube.com/watch?v=C9CjviJ5 ... re=related Ајт сега приатно оти аз сам уште като втрасната от камион!
Ајде и од мене добредојде до Димо, жал ми е што читам дека после 5 год. ти се вратила паниката. Јас сум одличен фала богу, скоро цела недела ни Л од Лоша мисла или А од Анксиозност. Апетитот го повратив скроз, функционирам како пред 3-4 месеци. Престанав да ги пијам апчињата, сега сум на “суво“. Само напред девојки и момчиња, има спас од ова, само секој со својот начин. Најважно е пренасочување на мислите, знам дека е тоа најтешко ама мора. Бидете ми со здравје и позитивни мисли..