Дали ви се случило да имате 'нагон за повраќање' или чувство дека ви се оди во тоалет, а нема да успеете да најдете на време?
Како јас ќе се осеќам не ми требаат тие самопрогласени мотивациони говорници, лајф коучеви... Луѓето биле доволно паметни и им текнало како да си направат бизнис да се обогатат без да работат како и останатиот народ.. Слепото верување и приврзување за тој измислен "закон" само може да не' одвлече од реалноста а не да ни донесе добар живот и магично да ни се поправи животот. Една жена мотивационен говорник кај нас у Мк името не и го запамтив очигледно штом е небитна... Еднаш случајно на тв ја загледав во емисија на канал 5 и освен што вртрше у круг буквално со овие зборови јас сум поинаква од другите, ништо друго паметно не кажа... Потоа еден доктор кој го имаме и тој самопрогласен мотивационен говорник, постојано се снима лајф на фб и освен што како папагал у секое снимање ја повторува скалата на емоции друго не знам да кажал... Ана Бучевич, се разведе и тоа по втор пат и она ќе ни продава приказни за среќен брак и љубов и плус што е љубовта пишала книга. Не дека осудувам развод, ако сака некој и 5 пати нека се разведе, нема ништо погрешно ама не ми продавај приказни за среќен брак и да се богатиш со тоа и не сум толку глупа да ти верувам. И секогаш изјавува мојот живот не е ваша работа. Како бре жено од една страна се правиш Господ и ќе ни кажуваш што треба ние да правиме и како треба а од друга страна твојот живот е тотално несреден. Сум слушала на ју тјуб двајца кои кажуваат многу убаво зошто не е тоа така како што го презентират "законот" за привлекување. И тие двајцата се согласни да идат у емисја на дебата со Ана Бучевич ама она не сака и бега од такви дебати. Прашање е зошто?
@Lifelive Како некој што се будеше со црни негативни мисли за себе и животот општо, баш тие мотивациони говорници ми помогнаа да ја променам перцепцијата. Не беа од Балканот, така да не би можела да зборувам за тие од ова подрачје. Но има други еден куп одлични со многу добри совети и идеи, од кои можеш многу да научиш. Поентата е дека треба да бидеш свесен дека без дејствување со тоа што ќе го научиш од тие луѓе, џабе се сите совети. Нема логика само да слушнеш, прочиташ, научиш, ако ништо не превземаш да ги смениш нештата кои не ти се допаѓаат. Во склоп на ова, анкциозноста се јавува од разни нешта, нешта кои не ни се допаѓаат, кои ни создаваат стрес, страв, неудобост. Се јавува од натрупани трауми и врежани комплекси. За сите тие нешта од кои ни се јавува анкциозноста, треба да се дејствува да се решат. Е сега срањето е што анкциозноста создава и многу физички симптоми и болки, не само негативни мисли. Еве јас конкретно можам искрено да кажам дека баш токму поради тие мотивациони говорници (во комбинација со други активности) успеав анкциозноста во секојдневието да ја сведам на минимум. Така да, to each their own, не знаеш кај кого што ќе упали. А, и: напишав и јас мотивациона книга. Не поради профит, туку затоа што: 1. имам доста да споделам што знам дека е од корист; 2. ми здосади истите работи нонстоп одпочеток да ги пишувам на тие што ги интересира, па се решив да ги испишам на едно место, и кој би го интересира, него си прочита.
Не знам зошто сфати лично и се правдаш. Супер за тебе што си напишала. Ама знаеш дека не мислев на тие како тебе туку на оние кои ги опишав во претходниот пост. Имаат околу 10-тина книги, држат семинари каде што картата е мн скапа.. Имаат долгогодишни "кариери"... Јас знаеш како велам? Само психологија и ништо друго. Јер психологијата е наука. И затоа попрво би се обратила на психолог.
Оу не, не сфатив ништо лично, ниту се правдам. Само сакав да се дадам себе си како пример како некој кај кого помогнале мотивационите говорници. Моето мото е: "mindful, very intentional, extremely selective". Секогаш треба да се биде селективен, така и со мотивационите говорници на пример. Треба да направиш добар избор околу квалитетни говорници со навистина helpful совети.
Дали кога сте под постојан стрес, ден/ноќ со забрзано срце и страв ви се одразува на желудник? Буквално дуење на средина на стомак болка при притисок и поминува за неколку часа. Се напив Нолпаза. Ми се случува неколку пати годишно . Синоа доивеав голем стрес и за пола час почнаа болки. Прв пат ми се случи прес 2 години. 2 пати ме гледаа на ехо, се беше ол, правев и ехо на срце, екг, ок беа освен тахикардијата. После тоа долго ми се немаше јавено болка, може цела година, а оваа година благодарение на корпната живеам во грч и еве ме...
Девојки како сте денес? Јас цела недела преморена, и денес така многу спиев ама уште осеќам замор и поспаност,срцебиење и страв.
Метеопат сум, и освен нормалните главоболки имам и вознемиреност кога е лошо времето. Но знам од што е предизвикана, така што нема место за паника. Се обидувам да ги оттргнам мислите и да уживам во викендот. Се надевам ќе успеам
Nolpazata e za kiselini,otidi do kaj maticnata ili javi i se na rozova recepta se tie gelovi jas taka si go najdov lekot se vikaat Essox One gel se pijat navecer pola cas pred legnuvanje.
Здраво друштво,како сме денес,јас од вчера почнав со зепира,сега засега се држам,ме фаќаат кризи ама се воздржува некако,памтам со цитрам кога почнав првите денови ми беше мн лошо,повраќав ,омалаксана ,со овие гледам не ми е толку лошо,малку како изгубена сум одвреме навреме ама си велам ќе се навикнам,знам дека кај секој различно делуваат ама искуства ако можи
Јас сум иста,само што башка на допир што ме боли ја осеќам цела страна како скапана да ми е,пред три год и јас снимав се и бактерија немав,се беше во ред јас се чуствував омалаксано,повраќав ми се вртеше,потоа на психијатар АД,зипантола од 40мг и пролајф со ензими,ми се среди,по една год ги оставив и АД,сега повторно после две год истиот проблем,стрес повеќе месеци и одма мава на желудник,гадење подујан стомак проблеми со дишење убрзување на срце со наеднаш губење здив и башка како некој шлајм да неможам да го искашлам,сега пишав баш дека пак почнав со АД и зипантола па здравје боже да видиме
здраво ме интересира едно прашање дали можеби некој знае каде би можела да подигнам хелекс од 05 за член од фамилијата ми е меѓутоа се во самоизолација повремено ги зема мсјка ми во стресни периоди меѓутоа се обидов да јс контсктирсм телефонски матичната нејзина ми спуштаа појдов лично јас со нејзина книшка објаснувајќи ја целата ситусција не сакаа да ме услужат со образложение дека неможеле моментално да примсат пациемти не ме ни пуштија да влезам туку од врата им раскажував не сакаа ни да ме сослушаат ве молам за помош ако некој знае нека ми пише во проватна бидејќи и се влошува ситуацијата и добива паники и поради моменталната ситуацијата во која се
Сега сето оди скоро електронски освен за некои рецепти што одат на приватно сето Др мози електронски,а јас мислам дека хелексо оди преку фондот,не би требало да ти прават проблем,можиш комотно да ја смениш матичната под итно, мојата за глупости и звонев во 22ч паника ме фати па ми крена од дома не ми направи никаков проблем
Сменија матичната, каков е тој однос со пациентите, таа треба да препише рецепт, нема друг начин како да го земеш лекот сега рецептот се пушта електронски и можеш да го подигнеш лекот од аптека.
Мене целиот стрес ми се одразува на желудникот, веќе со години си имам проблем со желудникот а почна и со цревата. Нолпазата да ќе го смири желудникот, но кога ќе прекинеш со терапијата повторно се враќаат симптомите, треба да најдеш начин да го менаџираш стресот и твоите реакции при стресни ситуации.
Нека и се јави мајка ти по телефон да и објасни како и е можеби така ќе и напише рецепт, ако не побарај упат за психијатар термин, па таму да појдеш да раскажеш да побараш. Ние вака направивме
Може матичната мисли дека не е за хелекс, крај краева не е матичниот желботека па да си бараме сами каков лек сакаме. Што процени докторот тоа ќе даде, а во случајов зошто мајката не може да оди ете нека се консултираат со психијатар
вртевме цел ден ни спуштаа затоа немсв избор отидов јас лично не ме ни дослушаа јас немам што да нсправам за овој виќенд освен да пробсм нс дежурен ако воопшто би ме услужиле и таму
Јас мислам дека убаво напишав дека е во само изолација не реков декс се желботека и има препишувано пред два месеци знае дека имс проблем меѓутоа мене лично не сакаа да ме ислушаат и услужат
Матичната не се ни потрудила да ја сослуша за што се работи, неоговорни се скрос, се плашат од пациенти и ги лечат преку телефон, страшна работа е со матичниве, доказ дека не е секој за доктор. За време на пандемија да го малтретираш човек да се влечка по болници, секако писхијатарот ќе го запише лекот на извештај, па пак матичниот да напише рецепт, зошто да биде просто кога може да е комплицирано е работава.