Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Едно прашање: Кога повеќе ја чувствувате анксиозноста, наутро или навечер?

    Кај мене наутро е најлошо... како поминува денот се чувствувам се' посмирено. Порано беше обратно...
     
    На Unforgiven_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Mi b
    Ми дадоја и пробиотик башка од зипантолата ама сега сето каша попара ми е,денеска сум подобро од вчера,ама некако како да се закочувам во мозоков,знам дека ми е од зепирата се надевам дека мене ќе ми влиаат добро,јас порано бев на цитрам,и нив дури ги навикнав лошо ми беше еден месец поготово првата недела ужас
     
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    16.845
    Пол:
    Женски
    Кај мене обично навечер ми доаѓаат секакви мисли, а физички симптомите ми се манифестираат независно од периодот на денот и зависи што.
     
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Мене навечер ми е подобро затоа што се' е некако посмирено, обврските за денот се завршени... А наутро уште не знам што ме очекува и што ќе ми донесе денот. За физичките симптоми се согласувам, ги има во секој дел од денот. Само навечер мислите ми се посмирени.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    43.262
    Пол:
    Женски
    Навечер. Ќе се разбудам позитивна со идеи и планови, преку ден ќе соберам куп негативни информации и вечерта е веќе неиздржливо. Нареден ден се' од почеток.
     
    На Babygirll3, Lenichka, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    16.845
    Пол:
    Женски
    Морам да се пофалам, дека во последно време изненадена сум од самата себе колку добро се справувам со анксиозноста, дефинитивно физичките симптоми се јавуваат најмногу кога сме оптеретени со негативни мисли и кога сме преокупирани со симптомите и здравјето. Кога мислите ќе ги ставите под контрола и ќе ги насочите кон нешто продуктивно, секој нареден ден ќе забележувате подобрување во вашето расположение, продуктивноста и нивото на енергија која ја имате во текот на денот. Физичките симптоми секоро и да ги немам, а кога ќе се појават им се препуштам и не дозволувам да ми влијаат, само стрпливо чекам да се повлечат и така се случува, како доаѓаат така и си одат :).
     
    На greenday, Ambrosia, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    А како разликувате дали одреден симптом е последица на анксиозноста или е ,,вистински''? На пример, јас често имам главоболки откако ќе се вознемирам или ќе се изнервирам, па знам дека е од тоа бидејќи се главоболката се јавува веднаш по таа случка.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    16.845
    Пол:
    Женски
    Па не знам секогаш, ама претпоставувам, со оглед на тоа кога првично ми се јавувале симптомите што пред тоа никогаш сум ги немала одма одам на доктор да се проверам и се испаднало во ред. Пример кога сум во очекување на некоја стресна ситуација, најчесто кога полагам испит, неколку дена пред полагањето секогаш сум болна, ама баш секогаш нешто ми се случува и во тој случај интересно е тоа што мислите одма ги насочувам кон болести, со цел да го избегнам соочувањето со тој момент полагањето на испитот. Исто така интересно е тоа што секој пат имам некоја нова симтоматологија. Кај мене почна со тахикардија и палпитации, панични напади, уртикарија, а по неколку години проблеми си желудник, нервозни црева и сега последно некој чудни болки во рацете, нозете, вкочанет врат, расеани мисли. Во последно време приметувам дека кога ќе си изнервирам одма го чувствувам тоа во желудникот.
     
  9. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    , Дечки помош, на пати се чуствувам ужасно, имам необјаснета нервоза, не ме смирува ни диезепам мислам ќе полудам, почнав и со зепира три дена ги пијам, вчера бев целлл ден лошо денес сум подобро, ама незнам како да се контролирам со нервозава низ цело тело ми поминува посебно во грбов ја имам, и добив дијареа, цигари немам запалено два дена кафе денес пола шолја пошто морав главата почна да ме боли
     
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    И ја така се осеќам на моменти.
    Мисли позитивно, мисли за утре, задутре прави план за иднина шо ќе праиш. Пример ја у иднина сакам да возам кола, и мислам кај што возам негде далеку, си правам слика, има дрва, шума, зеленило, цвеќиња, растенија. Па на различни дестинации замислувам.
    И така ми поминува. Ги пренасочувам мислите на друго место престанувам да мислам на болката, нервозата.
    Нервозата пример, ќе се изнервирам нешто и си давам простор за нервоза. Си зборувам сама со себе "престани да се нервираш ова чувство ти е потсетување само".
    Да си зборуваш сам со себе е знак за надпросечна интелегенција.
    Значи се сакаш себеси, и поминуваш време со себеси, само нежно према себеси.
     
    На greenday му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Да ама јас не сум ништо изнервирана само така чуствувам нервоза како лудило неко, си зборувам и јас дека не терба да се нервирам ама зошто без причина ми е нервозава и зошто диезепам от не ми помага
     
    На Unforgiven_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    43.262
    Пол:
    Женски
    Баш ова сакав да ве прашам.
    Јас секој симптом и го препишувам на анксиозноста и стравот. Се воздржувам и никогаш и за ништо не сум одела на доктор, не би знаела дека е вистински симптом.
     
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    И јас така се осеќам и така праам.
     
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Веројатно некако потсвесно и интуитивно ги разликуваме.
    Сум го прочитала следново објаснување: Ако симптомите се вистински, тогаш човек размислува само како да стигне до помош... а не седи и не се двоуми дали навистина му е нешто :)

    На пример, кога пред некоја година имав сериозни проблеми со забите, знаев дека морам да реагирам веднаш.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    43.262
    Пол:
    Женски
    Да споделам и јас еден пример.
    Три дена со страшни болки и вртоглавица одев на факултет, пешачев по 7, 8 километри.
    Зошто? Си велев не ми е ништо, стрес поради колоквиуми, изигравав некоја храброст.
    Среќа домашните ме убедија барем за крвна слика и не, не беше од стрес. :)

    Додека кај другите анксиозноста делува така да си замислуваш симптоми и постојано да одиш на преглед, кај мене е обратно.
    Јас ќе си се пожалам дека нешто ме боли, ама не преземам ништо околу тоа.
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    8.636
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум на права тема ама секој совет е добродојден.

    Читам дека ве фаќа анксиозност кога имате премногу обврски ама кога ќе завршите анксиозноста се намалува.
    А што кога нешто не ви дава да ги завршите обврските? Не знам како да појаснам. Значи знам дека треба да завршам нешто знам и како и на кој начин ама нешто не ми дава да почнам па полесно ми е да фатам нешто друго да завршам.
    Не се работи за ситници, туку за битни работи. Еве на пример една од нив е полагање за возачка, спремање за завршен испит и дипломска.
    Знам како и на кој начин треба за да завршам ама наместо тоа одбирам нешто друго, да чистам, да гледам тв.
    И потоа се будам во пола ноќ, или во 5 наутро и ми доаѓаат секакви мисли, буквално во глава сама себе се навредувам, глупачо треба тоа и тоа, што правиш, како ти поминува времето, зашто си така глупа и буквално дпбивам срцебиење. Ова ми се случува и пред да заспијам понекогаш.
     
    На Guns N` Roses и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    43.262
    Пол:
    Женски
    Уф ама сум досадна, баш ме погодивте денес. Уште ова и не спамовам веќе.
    @simoncelicius исто и јас. Испитите ги положив навреме, а никако не можам да седнам и да спремам дипломска. Прво затоа што се надевав дека ќе биди во јуни, па тема бирав со ќеф дури другите гледаа само да завршат, буквално се' ми беше осмислено (не мислам на фешти и забави).
    Ама, вирусот ме демотивира, ништо нема да е исто.
    Е периодов имам други обврски за кои гледам дека веднаш ги извршувам, шо значи дека мотивацијата е најбитна. За работи кои ги сакам седам и до 5 сабајле, за нешто шо е ради реда воопшто не ни го почнувам.

    Исто и јас имам напади секој пат кога ќе видам дека некој колега дипломирал, се вработил. Не од љубомора, туку се осеќам како паразит, неспособна, си велам тешко на моите дома со мене. И џабе, пак нема да седнам и пак нема да сработам.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    8.636
    Пол:
    Женски
    Е значи последното.
    Потполно истото чувство.

    Срам ми е да кажам на некому затоа што ќе протолкуваат како да сум љубоморна а немам такво чувство. Колеги и колешки со многу помал просек и кои не се замарале толку гледале само да научат за 6 и да поминат завршија и кога ќе помислам ме фаќаат тие мисли дека сум неспособна.
     
    На Guns N` Roses и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  19. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Диезепам колку мг е дозволено да се пија на ден
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    16.845
    Пол:
    Женски
    Ова е типичен пример за прокрастинација, одложување на обврските што треба да ги завшиш. свесен си дека мора, но сепак ги одложуваш, прокрастинацијата подоцна ти предизвикува стрес и чувство на вина што не си ги завшила обврските а сепак си имала време. Ова дефинитивно не е поврзано со анксиозноста, има на форумот посебна тема за ова, може да видиш.
     
    На Anie93 и simoncelicius им се допаѓа ова.