Сигурно ова веќе е дискутирано многу страници наназад, но сепак да си прашам. Што правите ако од никаде ви се појави вознемиреност? Значи без буквално никаква причина, на пример, додека најрелаксирано си седите дома? Како најефикасно се смирувате?
Не е од нигде никаде. Тоа се мисли од потсвеста, кои свесно ги затвораш. Секој немир се јавува со причина. Само зависи колку е длабоко вкоренет и колку сакаш пред себе да ги признаеш причините за немир. Би ти рекла да земеш седатив, но на долг рок нема да ти помогне. Мораш да разговараш со себе и само така ќе имаш олеснување. Ти ги маскираш негативните мисли, ама тие знаат да те потсетат дека се тука, дури и ако си во состојба на нирвана.
Во таква ситуација телефонски разговор и не поминува веднаш, за жал. Туширање исто ми помага, а неретко и апче Знаете како си размислувам чим кога сум зафатена работам или нешто интересно правам заборавам, нормално не би било то то ако не се сецнам ааа не ми беше арно и ми станува неарно. Мислам дека од сите нас да пишувавме симптоми, техники, совети книга ќе имавме, прирачник. Луѓе бее на систематски одев страв, страв, докторот вика здрава си, не само тој сите претходно шо сум ги обиколила нели, а мене во глава ми се врти "ахаа, како не, толку разбира", анксиозно клише.
Од три ракии анксиозноста усвет фати Опуштете си ја душата дома салатка, ракиичка... рани душа да те слуша
Во право си. Јас сум навидум секогаш смирена, но свесна сум дека сум многу чувствителна и се' допира до мене. Но не го покажувам тоа и изгледам ладнокрвно, додека во мене има бура од емоции. Цел живот сум таква, карактер е и не верувам дека ќе се смени. Седативи секако немам намера да земам, барем сега за сега. Успевам некако да се справам и без нив.
Дали си сигурна дека е без причина? Кога си во ПМС може да се јави вознемиреност исто и ден два пред циклус. Можеби и од кофеинот, доколку пиеш повеќе кафиња во текот на денот може така да се појави одненадеж вознемиреност, мене и едно кафе ми предизвикува вознемиреност. Кога ќе ми се јави вознемиреност, тоа е најчесто плитко дишење и забрзан пулс земам лексилиум од 1,5 бидејќи ништо друго не може да ме смири во моментот.
Не сум во ПМС во моментов. Знам да претерам со кофеинот, но конкретно денеска мислам дека сум со нормална доза Обично вакви ситуации ми се случуваат во поладните месеци... како сега. Расположението директно ми зависи од времето А колку и да сакам да се дистанцирам од моменталниве случувања, не можам да лажам дека не ми влијаат. Како и на сите...
Мое мислење е дека кофеинот има директно влијание во предизвикување вознемиренот, како и палпитации, тахикардија, затоа што кофеинот те држи да си постојано буден, постојано организмот да е во акција, плус дополнителни стресови и резултатот е очигледен, пробај одреден период да не пиеш кафе, знам дека е тешко тоа за љубителите на кафе, ама можеш да пробаш одреден период и ќе видиш дали е од тоа.
Па искрено, тешко дека скроз ќе го откажам веднаш... Но ќе пробам барем да намалам и може и тоа ќе помогне. Фала ти
Мора да најдеш начин да се релаксираш и да имаш издувен вентил. Пошо такво напнување и стрес на долг рок не е убаво и нема да издржиш. Гледај да разговараш, и да се дружиш покрај учењето, социјализирањето е клучна алка да не паднеш во депресија. Ако сакаш може и да ми пишеш.
А со гадењава на утро што правите?се разбудувам со гадење,почнав од вчера да земам и масло од канабис ама незнам дали оди заедно со зепирава
Здраво јас позитивна на ковид сама седам и ме фаќаат панични се гушам ,пијам чај маточина ама мозоков ми е 200 ... Земав да цртам ,ама пак тресам со ногата Веќе сум во поодмината фаза со симптоми а од тест 5 ден и се си мислам дека нешто ќе ми се деси, искомплицира ... Панични имав и кога не знаеа што ми е многу време сум изолирана од страв и пред тоа предосеќав дека ми е корона и сега сум со решение 5 ден ќе се мрднам мноогу време е тоа за мене
Секако тоа дека нова средина. Само опуштено, се ќе си дојде на свое место Нема работа која неможе да се совлада
Дали се дружите. Другарките ме викаат ама ми е страв да одам, поради грипов. А од др страна, сакам да излезам од дома. Да ми се размрда мозокот
Оди дружи се, излези, неможеш само затворена дома. Носи си маска, дизинфекција на раце, ако е потребно и дистанца и терај
Лимонада или вода , штом станеш од спиење ..... Не комбинирај хемиски лекови со природни, освен ако така ти кажал доктор.
Можете на отворено да се дружите кога е убаво времето, прошетка во парк, јас така правам со другарките, ќе си земеме кафе и во природа.
Dali nekoj imal steganje na muskulite na liceto, se masiram ama dzabe trae nekoe vreme pa pominuva a pijam Heleks. Vi blagodaram
Ако е убаво времето, одете некаде на отворено, во природа. Лошо е да се затвориш дома. Од лично искуство... ако не поминувам време на отворено, барем на неколку дена, вознемиреноста ми се зголемува, мислам на глупости...