Јас имам забележано дека несвесно ги стегам мускулите на лицето, особено кај вилицата. Истото ми се случува и со рамениците и со вратот, мислам дека постојано сум стегната и тоа ми предизвикува главоболки. Не знам дали мислиме на истото...
Тие тренинзи се напорни и нормално е да се убрза работата на срцето. Нема потреба да се напнуваш, колку што ти се осеќаш дека можеш да поднесеш-толку.
Добро утро , прекрасен ден ! Утрински би сакал да напишам нешто тоа што сум го учел од Селф-Едукација книги и слично , да посочам не од гоогле не од википедија не од статии . За експерт никогаш не сум се правел експерт , можам да зборувам само од лично искуство и секогаш така сум целел и ќе целам од кога сум на форумот . Прво сакам да кажам според набљудувањето на здравствениот систем на ниво на нашата држава конечно мислам дека можете да сфатите со какви доктори си имаме работа и си имате работа и самите вие . Ова не е критика дека докторите се лоши и слично туку е критика кон вашиот ум да бидете внимателни кој доктор ќе го одберете и кој доктор ќе менаџира со вашето здравје ако не сте способни самите себеси , немате време и слично . (Лично искуство се справувавме цела фамилија со симптоми на Вирусот и сите се извадовме здрави и прави , дури и најстариот член од 88 години кој имаше развиено според биохемиски податоцни LDH i CRP тако ѕвани Пневмонија , за матичниот лекар не коментирам (Pancef , Sumamed ), но лекарот домашниот е поголем кој ги доживува работите на своја кожа од лекарот таму кој ништо не доживеал , 88 годишниот најстариот член е жив и здрав и моментално е приземјен , ако донесевме одлука да лежи на болница ќе леташе знаете како што ни е претстваено во нашата ментална слика таму горе , всушност реалноста ќе се ослободеше енергијата од неговото тело и ќе си ја најдеше примената таму каде што треба во универзумот ). Но секој со различна клиничка слика еве така да речам . Лекот беше Парацетамол , Дури и до 3 пати дневно (Дозволено е до 4000 mg според науката ) и многу многу Витамин Ц од растителна база не суплемент и со мозокот релаксирано исто како да нема ништо , тешко не викам не ама одиш напред , навикнат на тие позитивни мисли и го следиш телото си викаш преживеав потешки работи сега еден Вирус нема да го преживеам една глупавост ? Ја преживеав и таа глупавост и не лажете се дека вашето тело Развило Антитела , можи и да, a можи и да се повтори Секое тело не развива Антитела после вирусот . Носев маски гужви никакви Се деси то што се деси и така натаму . Анксиозноста како анксиозност не знаете во кој дел од животот ќе ви се деси дали на 15 дали на 20 дали на 30 и слично но ќе се деси на многу различни начини некои ќе речат стресен живот , некои нервоза , некои наследно , некои се трупало се трупало излегло на површина и слично . Но доколку ја начекате спремни и всушност знаете што е и знаете дека болест како болест не постои туку постојат недостатоци во телото и слично полесно ќе менаџирате не само анксиозност секој настанат проблем во вашето тело или вашиот ум , многу е битно да го знаете тоа . Тешко не е да живејш со анксиозност тешко е да се навикнете на нови навики во вашиот живот е тоа е тешко ! За жал знам како е тоа пред да се десат нештата знаев за анксиозност од близок пријател и тогаш знаев да му кажам треба да си дава обврски во животот да не му биде досадно , дали ме послуша не знам , се трујаше со апој тогаш не знаев многу за апој и слично , беше пред 6 години . Дури не верував дека постои нештото . Просто се дешава кај мене после долг период не на природен пат на вештачки пат , уште полошо за да на крај се сведам на некоја Дијагноза така наречена Анксиозно Растројство така ме третира матичната хахаха . Изгубен не личиш на чоек бараш од секого помош , но една мисла за тоа време Дишам значи ПОСТОЈАМ! Се додека дишите значи дека постоите , дали доживувате психоза , халуцинација , дереализација , деперсонализација , хипноза , шизофренични напади и слично секогаш еден дел во вашиот мозок има некоја си конекција која што може да си ја повторува оваа реченица и да остани свесен ! Но со цврст став , прошетани многу психијатри , психолози и матични лекари и отепани пари фрлени, Пошто парите се отепувачка , само од еден кој не ни побара пари психијатар научив битна работа притоа што не прифатив негова дијагноза не знам ни ден денес која беше, Цитирам рече : Едуцирај се ! . До ден денес се едуцирам . Поздрав сакам и вие така! (можеби ќе сфатите како да пишувам мотивационен текст , секако секој ќе го сфати ова различно што го пишувам ,тргнато од тоа дека секој има своја перцепција , но јас ја пишувам реалноста. ) Ова едуцирај се не знаете колку далеку ќе ве однеси верувајте , не само што се изведов на пат да можам сам да обавувам повторно обврски туку и ќе ве доведи до успех ! Во целост оваа Селф-Едукација не беше да гооглам од типот "Како да се справам со Анксиозност " и притоа пред да ја слушнам таа реченица ЕДУЦИРАЈ СЕ , го отпревртував цел гоогле и си правев уште поголем стрес и страв од тоа што мене ми се случува , тогаш сфатив колку мојот централен нервен систем е слаб и се надразнува дури и на ситни реченици прочитани и колку мојот централен нервен систем се соживува со настаните испишани во некои од текстовите на некоја рандом личност , не знаев за форумот на Фемина , туку копав по странски форуми , но за исход немаше ништо .Тоа едно ЕДУЦИРАЈ СЕ креира многу работи до ден денес во мојот живот , денес гоогле го користам за да најдам книга која што неможам да ја најдам тука кај нас , го користам за некој збор ако не ми е јасен што значи и слично . Но далеку од користење за широки теми и проблеми .Единствен медиум е книга , пак ќе речам книга што може да приднеси во вашиот живот и можи да ве научи денеска и за понатаму , се и сешто не читам со способноста на Умствената Селекција сум и сте способни да бирате што ќе читате и дали тоа ќе ви помогни денес и понатаму во остатокот на вашето патешествије ЖИВОТ . Денес сум тука на фемина не за да примам некое знаење туку да го пренесам знаењето до вас и до било кој друг и секој успех да го испишам со луѓето кои што се справуваат и да ги доведам до излез од замислениот без "излез". И силно верувајте и силно верував дека има излез , тие елементи што се случуваат социјална анксиозност , стегања во главата , губење на воздух , исушено грло од нигде никаде , чуден мирис , чудни зуења во главата , удари во главата , трауми , несоници , депресија , деперсонализација , хипноза, тие тахикардии , болки во градите , палиптции , вознемирености , тремори во нозете , трнење во рацете имаат излез , а излезот сте вие! Фокусирајте се на Психологијата, Биохемијата и Спиритуална енергија (Духовна енергија ) . И ќе дојдете до она посакуваното ниво ! Лично искуство ! Имајте прекрасен ден! <3
И јас имав такви проблеми. Невозможно беше да гледам во една точка или да гледам во соговорникот. Ми се матеше се пред очи. Особено реагирав на светлечки реклами и на роленти, бекатонски плочки, решетки, маици со риги. Ми се вртеше и ми предизвикуваше болка. Бев на очно, немам никакви проблеми, ни диоптер, ни ништо. Самата анксиозност го предизвикува тоа. Јас приметив дека секоја недела имав нов симптом. Една недела не можам да дишам, друга недела тахикардија, трета не можам да одам, четврта ми се врти цело време, петта не гледам ништо, се ми е матно, шеста глава ме боли секој ден. И така до недоглед, се додека не се справив со себе. Прво, научи на дишиш правилно; Второ, задавај си обврски, цело време, биди во движење, прави нешто со рацете; Трето, најди хоби, било што те интересира; Четврто, посети психолог и биди константен, ако симптомите го уништуваат квалитетот на животот, оди на психијатар, може ќе ти дадат терапија. Петто, знам дека звучи клише, ама се е поврзано со твоите негативни мисли, ако ги нема, нема ни да имаш симптоми. Не се плаши да правиш работи кои создаваат страв. Биди над стравот. Ако го храниш, ќе те конзумира, а тоа сигурно не го сакаш. Не чекај, превземи нешто. Колку подолго одолговлекуваш, толку полошо за тебе. Има решение и е премногу едноставно и премногу очигледно. Но, сама треба да го најдеш, само и само со квалитетна работа со психолог.
Продолжи си да вежбаш, но неколку дена намали го интензитетот или траењето на тренингот. Пробај неколку дена со обично пешачење или само вежби за истегнување како активен одмор.
https://www.psychologytoday.com/us/...e/202011/uncover-the-true-source-your-anxiety Многу интересен и корисен текст.
Бев денес на невро-психијатар поминав одлично. ЕЕГ поуредно вика докторката не може да биди. Одлично помина подобро не можеше, презадоволна сум од докторката на фин и убав начин се ми објасни, ми констатира панично растројство и ми даде таблети па ќе одам на контрола за 3 недели. Значи камен од срце ми падна предобро се чувствуам, вртам нов лист и работам повеќе на себе сега откако ги исклучив физичките болести и прегледав се. Фала ви на сите за несебичната поддршка и одвоеното време, значи без вашата утеха тешко ќе го пребродував сето ова. Ви посакувам се најдобро тука сум секогаш за сите вас...
Дали ви се случило грлото да ви е суво,пијам вода никако да помини,и сега одма паника цело време мислата ми е таму,цело време се чуствувам како жедна
Се чувстувам како сите да ги молам за излегување, џабе му кажував на некои и се побиваат со мене. Од мене молк има само. Човек не остана.
Нормално е тоа, особено ако не пиеш доволно течности и си дехидрирала. Може и си настинала. Прави си почесто топли чајчиња, таман се за времево и ќе внесуваш повеќе течности. Па не им кажувај веќе, освен ако не прашаат. Фокусирај се да си бидеш доволна сама на себе и да не ти треба некој друг. Пробај да запознаваш нови луѓе, ама немај некакви преголеми очекувања од никого.
Ама мислам дека сега и ситуацијата особено ги плаши луѓето. Јас со другарка се немам видено некако не ми е безбедно. А друга работа па убаво кажа другата членка, потребно е внатрешен мир, себедоволност, да си бидеш исполнет во и самиот себе. Другите биле и ќе бидат, тие си прават како ним што им одговара и како што им е убаво. Прави го истото и ти за себе. Не си ич помалку вредна од другите
@GrimTheReaper да опишував немаше вака да напишам, ама исто баш исто ми се случува особено со гледањето се' што напиша. Сега сум утешена дека не сум сама. Ви кажував за систематскиот, крвната слика стигнува нешто покачено, јас паника целосно, си направив уште една се во ред. Џабе паничев, ама тоа е. Друго сакав да кажам, често си го констатирам ама малку ми важи, не дај боже да ни било нешто сериозно, од овие болести шо ги припишуваме, па ќе излезеше нешто некогаш. @tasikike пиј течности и супа повеќе. Побрзо да помине
Благодарам ама јас веќе бев болна две недели бев на боловање утре почнувам на работа, немој да ме плашите со симптоми на корона бев ама денес ми е 18ден, без тест бев ама со сите симптоми, одвај престанав со паниката за коронава сега пак...