Пред 3 години ми почина братучетка. Бевме многу блиски, како сестри. Ми беше премногу тешко. Пред 1 година односно 2 години после несреќата имав константни проблеми со желудникот и се доведов до анемичност. Со ехо се заклучи дека нема ништо и ова е предизвикано на нервна база. Велев дека ќе отидам на психијатар, ќе земам апчиња.. но ништо. Некако помина. Помина и една година. Лето 2020 почнав веќе да имами физички симтоми, да се гушам, да имам грутка бо грлото, пецкање низ цело тело, главоболки и уште многу други болки.. Испитав се живо и диво и се испадна океј. И на крај конечно се одлучив за психијатар. Си реков ова мора да престане безразлика колку ми е срам да зборувам за моите чуства со некој странец. Отидов и од тогаш пијам апчиња Елицеа и Хелекс. Конечно се чуствувам добро... Исто така пред 2 недели баба ми почина од корона вирусот, ми беше исто така многу блиска ко мајка. Но со апчињата се држам некако,ама подобро од порано.
И јас имам проблеми со желудникот можиш подетално да ми опишиш,пошто и мене на нервна база ми е и мн ми смета ме иритира нервите ми ги активира
Имав константна дијареа и почнав се помалце да јадам за да не ми се. случува тоа. Кога ме прегледаа на ехо видоа дека има киселина што најверојатно е предизвикана од нервози и стресови.
Јас бев,т.е незнам дали бев без тест само со крвна слика дека сум 100посто со корона,мирис изгубив и такво нешто не сум доживеала во животот,не чувствуваш ама баш ништо би Доместос не ти смета ни некои нај јаки мириси,различно е од затнат нос не е исто Јас пред три год имав мака исто како сега,се испитав немав ништо,сега под стрес пак ми се активира мн нервоза ми прави ми се лоши,левава страна како скапана ми е,сето се издржува ама кога ќе почни како нервоза да ми прави е тогаш неможам мислам ќе полудам,почнав со АД па се надевам за брзо ќе ми се среди,дополнително го иритира и со сумамедо апчињата Една ден добра една не,аман пукнав веќе,денеска ме боли половината и кај јајниците делот,да беше ова лани ќе немаше мн да му ја мислам ама сега си мислам ме враќа короната, болката надолу ми слегува накај колковите и нозете,аман веќе пукнав
После скоро месец од симптом јас сега чувствувам треперење на цело тело како да ми игра како немир ...и нозете како уморни затегнати листови непријатно некако не знам како да опишам.. и ѕоа ма сред спиење ...нервоза ме јаде ...уште сум дома затворена не ме пушта систем нема кој да провери ...ужас Дали од короната дали од стресот
Како сте денеска? Мене многу лошо ми влијае тмурното време и тоа што почна прерано да се стемнува. Вчера останав до подоцна, имав многу работа и денеска спиев до покасно, и ми останаа само неколку часа дневна светлина Имам доволно енергија, но некако вознемирено се чувствувам.
Јас воопшто немам енергија.. Исто касно заспав па покасно и станав, и еве денес имам некои чудни вртоглавици не можам да функционирам. Реков малку да повежбам али немам сила воопшто, времето е никакво, на воздух не сум излезена, имам обврски, испити, многу за учење, а ни малку енергија..
Јас денеска имам повеќе време за одмор, а со тоа и повеќе време да мислам на глупости. Кога имам работа барем сум зафатена и ,,немам време'' за анксиозноста. Инаку секоја зима е исто, како некој вид на сезонска депресија да ме фаќа.
Истата сум и јас, секоја зима истото. Барем собрав сила и повежбав малку, па се чувствувам подобро, сега еден туш, ќе си сварам какaо и се ќе тргнам на страна, ќе гледам некое филмче или ќе си ја дочитам книгата и нема да се замарам за ништо друго .
Јас пак со нервозава,мн вознемирена,мислам ќе полудам притисокот го мерев не е лош 130/90 малку е покачен ,зошто олку се чуствувам нервозно незнам,градиве како да ме стегаат и кај желудников леле мислам срцев удар дека ќе добијам, диезепам се напијав сабајле од 3,5 мг бев мн напната ме смири едно време,кога си дојдов од работа пак ме фати нервоза потоа пред саат време уте 1,5 го допив фактички тоа од 5мг,сега и масло од канабис се напијав незнам веќе што да се напијам да помини ова,а и како да ми се гади
Мене во последно време па само филмови ми помагаат..ако не пуштам нешто да гледам, друго ништо не ме расположува..
Епа девојки да си гледаме Божиќни филмчиња и да си уживамеее, без лоши мисли и со многу позитивааа.. Сега е најубавиот период со многу празници, и ако не можеме да ги прославиме годинава, сепак, имаме украси, сијалички, елка, топло ќебенце, да си направиме прекрасна домашна атмосфера и да си направиме да ни биде најубаво, сме заслужиле!!! ❤️