Од срце ти благодарам , пиши како си поминала кај др.Ортаков , отвори си ја душата, кажи си се што те мачи .Само да ни се врати мирот и спокојот на сите храбри жени (лавици ) на форумов .
Како да ја надминам разочараноста во себе дека нема да се омажам. Прееска таа мисла ме уби и само плачев во автобус а и сега
@GirlLove не си врши притисок. Ако треба ќе биде. Не ги слушај другите ако ти викаат мажи се, време ти е. Смирено, сталожено..ќе најдеш некој и ќе се средуваат работите.
Што ќе биде ако не се омажиш? Ајде кажи ми кое е најцрното сценарио, што може да се случи ако не се омажиш?? Аман, бракот е убава работа, ама ако ти се погоди човекот. Не е само да си во брак. Ослободи се од таа мисла, сакај се себе си, осознај се себе си, биди си сама со себе задоволна. Бракот нема да ти ги излечи проблемите, напротив за брак треба да си стабилна со себе си за да можеш да се дадеш во таква врска. Млада си, има време, застани на свои нозе. Ако сакаш дете ќе си родиш сама. Можеби ќе си имаш партнер. Листот со потпис не е гаранција за среќа, а ниту магичен лек за анксиозност.. Сакај се себе си прво, па после размислувај за друго.
Па можи ќе ме избегнуваат сите, сама ќе умрам. Другарките ги нема никоја. Да, треба да се погоди и треба да биди од љубов. Шо арно ми беше, шо позитива бев шо ме снајде. Жими се, нз веќе и в црква да одам да прашам, да ме упатат негде. Нз како да бидам сама задоволна од себе. Како да застанам на здрави нозе.? Ете сегде пробувам и апчиња и лекар. Уште пак на бајачка да одам аман.
Колки години си ако не е тајна? Еве за утеха одам накај 30ка и сама сум. Поарно сама отколку со било кој. Можеби некогаш се осеќам осамено и празно и имам потреба од човек до мене, но да сме здрави и живи. Како викаат за секое тенџере има капаче
Апчиња и лекар дај ако не иде промени терапија, промени лекар, менувај додека не најдеш правилна и психолози, работа со нив. Најди некој што ќе работи со тебе на твојата личност, ти немаш ли самодоверба, постојано си учена да се жалиш. Еве задругарките конкретно, зошто ги нема?
Нема да бидеш сама, глупости. Можеби не денес, не утре, не оваа година... но ќе си ја најдеш сродната душа. Не мора ни да сте во брак, немој да им бидеш роб на тие мисли. На крајот на краиштата, дури и да останеш сама, пак не е трагично. Треба да се научиш да си бидеш доволна сама на себе и да ја препознаваш убавината и во најмалите нешта.
За болдот. Ако нон стоп само за твојата анксиозност им зборуваш сосема нормално е дека ќе те избегаваат. Јас никаде со никој не зборувам освен со психијатарот за мојата состојба. Не се жалам. Имам 2-3 вистински другарки ама не се гледаме секој ден, сега па со коронава само преку Скајп. И со нив само весели муабети, ако нема некоја, се јавуваме како си, ти треба нешто.. И ќе застанеш на свои нозе кога ќе престенш да влегуваш во врска и вториот ден да му збориш дека имаш проблем. Сите имаме проблеми!! Сите сме со оштетена психа на овој и на оној начин. Ти си од типот на девојки: 1 ден запознава дечко, 2 ден одат на дејт, 3 ден имаат секс, 4 ден бираш венчаница, 5 ден децата имињата ги знаеш.. Дај бре кочница малку. Мене некој толку брзо да сака да ме врзе за себе, ќе избегам како ѓавол од крст!! Јас кога бев во најлошата фаза не ни помислував на дечко.Уште тоа ми фалеше. Е дури сега на мои 42 години сум спремна психички да имам партнер, можеби и дете. И знам што сакам. Не сакам брак, сакам партнер, си го сакам и мојот мир, си го сакам мојот живот, си ја сакам оваа Нена.. Е кога ќе дојдеш тоа тој степен, тогаш размишљај за брак, за дете, за семејство.
Имаме премногу време очигледно и премногу енергија која не е насочена правилно да се троши Совет од доктор за мене беше запиши се на вежбање ,на курс јазик ,на некаква занимација со луѓе,волонтирање ... Така ќе запознаеш некој Не значи дека ќе најдеш другарка како тие што ни се од детството ама ќе прошириш круг на ПРИЈАТЕЛИ
А бе јас се жалев ама не до овој степен, иначе со другарките се обидувам да бидам позитивна и да закопувам депресии и анксиозност. Смешки кажувамм, се само да ми биде подобро. Едната знае дека до некој степен сум анксиозна, и ми кажа како едвај му ги погодиле апчињата на зет и, цела година бил како мрднат. Со неа од тој момент веќе темата депресија и анксиозност не ни ја отворам.... Таа од фамилија, маж, дете се жали и ми вели како јас немам обавези и ми е лесно. Истото и сестра ми ми го вели. Морам да сменам и терапевт и психијатар. Сега заминав да пешачам сама.
Општо зборам , и мене не ми се сите од дете . Дури имам една драга блиска особа која што ја запознав пред 2 години а како да сме заедно цел живот.Ни оди муабет ,често се смееме .А сме си и поддршка во тешки моменти! Не значи дека ако се дружиш со некого треба да си 24/7 со него и да се лутиш кога не може да се видите .Во право е Нена .Никој не сака постојано да се жалиш тоа е ширење негативна енергија и нормално е да не избегнуваат ,било кој ,пробај @GirlLove да не правиш муабет за анксиозноста за стравот... пробај да се смееш да ги прашаш како се ,имаат ли мака , понекогаш забораваме дека може не секој искажува како му е ,може им е тешко и на другарките а не можат на ред да стигнат да се пожалат...и затоа и те избегнуваат
Пред да се жалиме и да мислиме дали некој е тука за нас или не, треба да се запрашаме дали сме и ние тука за некој, дали им треба нешто, дали сме и ние пријатели? А инаку обврски, работа, врска,брак деца недозволува времето можеби да ама се наоѓа време. Ама еве и мене искрено некогаш ми е подобро да си одморам сама, па и подолг период. Не на секој му е приоритет пријателство во секој период од живот. И јас зборам општо. Инаку, @GirlLove што викаат психолозите за форумов? Мене мојот пример сто пати ми има кажано дека немам ништо добро видено од темава и дека подобро е да не ја користам.
Завчера на татко ми му се слоши и директно во брза помош го одведоа.Направи крвна слика и железото му е скроз намалено . Но јас вечерта кога се случи тоа цела ноќ не спиев, морав да испијам апче за желудник.Многу се исплашив.Сега е во ред се, но толку беше стресно за мене да пред малце почнав да се потам, да ме притиска,боли во гради , срцето да ми чука како лудо и во рок од 10 мин и помалце наеднаш целата се смирив.Дали е во прашање паничен напад? Јас се борам со анксиозност 3 години , првата година беше многу лоша , завршував во брза помош додека не дознав дека се ова е всушност анксиозност.Без лекови,ретко имав панични напади, можеби еднаш во 5 6 месеци. Но сега се исплашив бидејќи за разлика од претходните овој пат почувствував жарење во гради. А и одамна , не памтам кога последен пат сум имала паничен. Многу сум исплашена и како изморена после оваа. Наеднаш почна да ме пече, жари и за 5 мин до 10 престана наеднаш се . И еве после 15 мин од тоа сеуште чувствувам како тапа болка во гради.
Не ми текна да кажам повеќе бев посветена на себеси. Што како ми се случува... И треба ми рече психологот сњлок7дњн да си правам предизвик. Пример денес, моб ќе го користам само 2 саати.. И тоа веќе од денес го практикувам..