За претпоследната реченица се согласувам. Се работи за екстремно долг период. Наместо да се замараш кој што рекол, замарај се со пронаоѓање на квалитетен психијатар/психолог. Доста е, доста се самосожалуваш, ништо добро не излегува од тоа. Кога ќе застанеш на прав пат, работите сами по себе ќе си дојдат. Но прво мораш да почнеш да се сакаш себе си. Да се цениш и да се вреднуваш. Само на тој начин ќе успееш. Во спротивно, ќе тапкаш во место.
Од стрес ти е душо,и сигурно е паничен зошто при поголем стрес паничните се зголемуваат барем кај мене е така,напи се нешто за смирување б6 на пример ако си помлада и ако немаш пиено нешто појако,со помин нека му е на татко ти се надевам се ќе биди во ред
Симптомите на печење, жарење ти се од желудникот, можеби имаш ГЕРД, појди на доктор да ти направат гастроскопија ако имаш подолго време проблеми со желудникот и да ти препишат терапија.
Незнам за такво нешто прв пат слушам,некни баш имаше психолог на телевизија и нагласи дека се оставени сами на себе бидеќи не работат преку фондот,а на болница знаеш колку соработуваат,апчиња и чао со здравје,не се нервирај не мисли и толку,а сега последниве неколку денови почна и да ми се треси левата рака и порано така ми се случуваше,а најмногу ми се гади од времево и некни така кога врнеше ми беше лошо мн ,треба да одам и желудников да го снимам,матичната рече почекај ако не ти се смири од АД ќе правиме испитувања,ама и порано вака ми беше при поголем стрес ми страда желудникот се испитав ништо немав уште со камера не ми сниман ама тогаш ми се смири од АД се надевам и сега
Нема врска, не е толку небезбедно како што мислиш на клиниките. Исто ти е а во маркет, бус, клиника, работа.... Кој ад ти го препишале и кој доктор ти го дал? Подолг период пишуваш едни исти симптоми
Матичната со консултација со психијатар зошто бев со симптоми на корона и неможев да одам на болница,ми препиша зепира,ми е подобро ама треба време зошто нема ни месец од кога ги почнав,не бев толку лошо колку што ме турна психички коронава од кога ги појавив симптомите почина колега моја генерација и од тогаш секој ден мислев ќе се шекнев,јас со лесно поминав ама мислата ме отепа и од сумамедот уште толку ми се надразна желудникот,17 год се борам анкс сум издржала и полошо ама ете периодот ми беше таков се надевам ќе го пребродам и овај кога подобро кога полошо,а во право си за тоа одам на работа во маркети,ама на болница не е исто посебно овде во Прилеп гледате и сами каква е ситуацијата нека се подсмири малку ќе одам секако на психијатар,пред да добијам симтоми и реков на матичната да закажам ама рече нема термин зошто сите скоро биле фатени од короната еден или двајца ако работеле а имало премногу пациенти зошто периодов и тој што бил поздрав психички ќе се поремети
Незнам не сум запознаена само кажав дека психолозите не соработуваат со фондот,инаку не ми се помешани психолог со психијатар поимот,јас мислев дека дека форумов е да си помогнеме едни со други и да си дадеме совети ама ова испадна како да се направиме кој од кого е попаметен,јас кога ќе пишам овде пишувам да ми олесни и да добијам некој совет ако можи во моментот а не дека некој ќе ми ги реши проблемите,јас немам 15 год па да незнам кај терам,работам од 19 год со две деца сум,кажав со анкс се борам од тие 19 год сега имам 36 и постпородилна депресија сум поминала и други стресови и не сум можела од кревет да станам од вртоглавици и повраќанја,ама некој да ми се прави паметен дека сум помешувала поими извини не сум толку неука,а дека не сум запознаена дека психијатрите од други ординации соработувале со фондот освен на болница тоа не го знаев.позз
Претпоставувам си од Скопје, па еве ти кои работат со фонд : Психеа - Утре има слободен термин Медика плус - Утре има слободен термин Еу Медика плус - Задутре Евромедика Д-р Зора Митиќ.. Линк кон Мој термин
Не сум била не сакам ни да одам , но во Прилеп цела болница е Ковид, ризично е одењето таму посебно сега кога ги пренаменија сите одделенија. За психолози и психијатри на рака се бројат, а колку се квалитетни тоа е друг муабет. @tasikike пиј терапијата, си се знаеш сама себе најдобро, толку антибиотици влијаат на желудник море на се'. Трпение девојки, сега се влијае на нас, еве и јас сум истата од пред некој ден ко пишав.
Тоа се обидувам да кажам ама изгледа не можат да сватат дека ситуацијава во Прилеп е излезена од контрола посебно во болница,јас се заразив од дома на работа само одење и тоа на работа со минимални контакти и плус без тест незнам ни дали бев позитивна само по крвна слика установено дека сум со корона,па не да шетам по болници
За жал таму само на клиника имаш. Ама мислам дека нема потреба да се плашиш од ситуацијава. Плус имаш прележано. Ако имаш мака оди, разговарај не се стегај, полошо си правиш.
Проблемот е во тоа што не разговараат,имам одено,одиш здраво како си?лошо вака и вака ова ми е она ми е,еве ти повели апчиња дојди на контрола,сега како си подобро,аха терај тогаш пијај си ја терапијата,чао пријатно,нема разговор со нив