Jas otidov kaj bliski prijateli i sednavme da jademe i op kako vilicata da mi se koci i si velam nisto ne e ke pomine... I pomina za 2-3 min.
Здраво јас сум нова на форумот,и многу ми е мило што си успеала да ја победиш оваа состојба.Би те замолила ако можеш повеќе да ни објасниш и да ни дадеш некаков совет за да успееме и ние да ја пребродиме оваа многу тешка ситуација,со која се бориме деноноќно Поздрав
Може да дојде до ноќно потење доколку во просторијата каде што спиеш е по затоплено, исто така и постелнината со која се покриваш може да не овоможува добар проток на воздух. Пробај да спиеш во прострија каде што температурата е пониска и постелнината прилагоди ја на температурата во собата да не се покриваш премногу. Проветрувај ја просторијата пред спиење. Секако стресот и анксиозноста се фактори кои може да доведат до ноќно потење, но и некој други медицински состојби. Јас исто се потам многу навечер и секогаш до мене имам друга блуза да се пресоблечам во текот на ноќта.
Kolku nakdolgo ste piele heleks i kolku mg jas gi piev okolu god dena se srediv malku i gi prekinav okolu 6 meseci i sega pak mi se vrakat simptomi samo posilno ima li nekoj so sl iskustvo
Јас деновиве како да ,,подзаборавив'' на анксиозноста. Само во ретки моменти ме потсетува на нејзиното постоење Вака нека продолжи цела година, ако денот се познава по утрото
Мене психијатарот што ми ги препиша заедно со АД ми рече максимум 2 месеци континуирано се пијат. После тоа само по потреба се земаат. Мене не ми предизвикаа зависност после тие 2 месеци, и немам потреба за нив. Јас ќе ти препорачам ако веќе имаш потреба од терапија да одиш на психијатар по соодветни антидепресиви кои можат да се пијат и подолго, а Хелексот секако не е тоа.
@Simpleman кај мене е доста често и пообилно ноќното потење откако сум со ад.. Баш ме интересира и мислењата на други членови кои се соочуваат со ова.
Срце ми лупа, незнам што ми се дешава последниве 3-4 дена. Од нигде никаде некоја вознемиреност ќе почувствувам. Ми се смирува, и пак ќе почне.
Јас мислам дека мене се ми дојде така спонтано и дека престанав да се борам и да му давам некаква посебна важност на паничните напади. Едноставно ми се смачи да лутам по болници на 20 години како пензионер. Цело време си велам во себе дека сум здрава и дека ништо не ми е. Девет пати кажана лага, десеттиот пат вистина. И апчињата можда имаа некаков удел макар што ги пиев само 4 недели и после четири недели станав од спиење и реков доста е. Ми се гадеше ми се повраќаше, си го излежав цел ден и помина. Сфатив дека на овој свет не можам да ги контролирам ни другите луѓе, ни случувањата, ништо, единствено што е во моја моќ е моите мисли, само самата себе можам да се контролирам. Друго не знам што да ве посоветувам. Како и сите вас така и јас овај период сум само дома, никаде не излегувам, монотонијата и мене тешко ми паѓа, ама гледам во секоја ситуација да ги извлечам позитивните работи бидејќи од негативните немам никаква полза..
@edna_malecka панични напади ти се, ама чим ти минат лесно пробај да се опуштиш, знам дека не е лесно ама пробај. И ако немаш испитано срце, тироидна жлезда отиди да си исклучиш од можности. Поздрав
Вознемиреност од нигде никаде е клучниот поим. Многу добро познато е. Истражувај за техники за пренасочување на мислите, за да бидеш присутна во сегашниот момент. Веројатно потсвесно те плаши нешто во иднината или мислиш на нешто непријатно од минатото.
3 та еве 4 та година пијам седативи и што последици ми се имаат десено еве не знам . Само подобро ми е , и нормално ги пијам дисциплински ги варирам во однос на денот Некогаш 0.25 мг некогаш 0.5 мг На сабајле за Хелекс зборувам . Ама доста со тие тези дека ствараат зависност и последици , Антидепресивите се по опасни од се друго . Плус факе терапија Анксиозност имаш Антидепресиви препишуваат , слушајте си го телото и умот некогаш . Тоа е имам пробано без Седатив не функционирам лично јас и сум прифатил ако треба и цел живот така . Никакви нус појави немам ти кажувам имам старци 50 години лексилиум пијаат секој ден и се 100 години ... зошто не напредувате не ми е јасно .
Слушај се себе си спознај се себе си и прави тоа што ти помага да се чувствуваш поубо во себе си , за зависности ако зборуваме има доста поштетни зависни супстанции кои ни се секојдневие , значи рековме има луѓе што живеат и "100" да речиме користат дроги и различни психотропни супстанции , а другите кои се предозирале ја знаете последицата . Значи така и со овие работи во границите , ништо не ствара зависност ако имаш самоконтрола во умот и дисциплина . Размислувајте и вие сами не само кој како што кажал , тогаш зошто ви е Логички Свесен и Рационален ум само ако лутате како само да постоите во животот и други да Ви кажуваат што како , значи видете која ви е умствената способност и вам , не другите како ќе кажат или како пишувало во упатството за така наречените ЛЕКОВИ всушност легална дрога , За анти депресивите ништо друго неможам да кажам освен ЛЕГАЛНА ДРОГА еве и за седативите истото го мислам легална дрога . Толку !
Во тие моменти, практикувај pranayama дишење, можеби ќе ти помогне. Станува збор за неколку секунди земање воздух, повеќе секунди држење на воздухот и повеќе секунди издишување на воздухот. Како тријаголник. Има разни комбинации со разни секунди. Мене лично најмногу ми одговара: 3 секунди земање воздух, 6 секунди држење, 6 секунди издишување. Еве ти топ апликација доколку си заинтересирана - Prana Breath. Оригинално се изведува со затнување на ноздрите, ама искрено можеш и без, особено како почетник. Има и "коцкасто" дишење - исто секунди вдишуваш, исто секунди држиш воздух, исто секунди издишуваш, исто секунди повторно дишеш. Мене ми помага во моменти кога чуствувам физичка вознемиреност, кога имам брзо срцебиење, кога ми "снемува" воздух, едноставно ме смирува, како да ме ресетира.
Инаку во реалноста да се надополнам не постои Апче што не е штетно и то е то . Само ете таква ни е ситуацијата и некогаш мора да се жртвуваме . Тој е животот , веќе 70 % од населението прима лекарства тоа е и целта во светот на Фармакомафијата. И ајт вергламе нонстоп околу ова нешто . Место идеи и решенија да се испишуваат ние тапкаме вместо во форумов , верувајте ми проширете ја вашата перцепција ќе ви стане јасно што пишувам, не само критики .