Дали има некој тука конкретно анксиозност поврзана со фобија од повраќање? (emetophobia). Како се справувате? Што ви помага?
Не се пијат толку долго седативи, ако имаш одлучено да ги пиеш не значи дека е правилно. Консултирај се со доктор, психијатар или било кое стручно лице ќе ти каже зошто не се пијат. И анксиозноста не се лечи со седативи. Се прикриваат симптомите и мислиш дека си ја надминал, а всушност седативите те држат. Цел живот можат да се пијат антидепресиви.
Дали е нормално при туѓа напнатост да се вознемирам и јас? Незнам како да се контролирам, како појако од мене е.
Палпитациите на срцето може да бидат предизвикани и од кофеин, цигари, алкохол. Пред да ги препишете на анксиозноста видете може ви смета кофеинот и тоа кај млади се почесто се јавуваат палпитации од кофеин, цигари, покрај тоа се јавува вознемиреност, конфузност, кратков здив, симптоми карактеристични и за анксиозност. Апстинирајте од нив некое време и ќе видите дали е од тоа или е од анксиозност. Мене лично многу ми смета кафето и го откажав а исто имам и другарки кои го откажаа кафето баш заради овие причини.
Доста со тезите дека создаваат зависност.. Ги пијам 3 4 години, пробав без нив не можам.. Ова не е ли зависност? И неколку пати напоменуваш луѓе што цел живот пијат па се топ, а јас можам за конкретен случај што и има дијазепам создадено зависност да стигне до доза 45мг на ден
Цигара немам земено од пред 3-4 недели. Од тоа да е негерувам. Кафе не пијам. И да пијам со литро ипол млеко го правам.
Само го спомнав ова како можност дека би можело да е и од тоа. Доколку се исклучените тие причини пробај со медитација и јога секојдневно барем 30 минути во денот, земај редовно магнезиум и б6.
Јасни ми се сите работи , нормално медицината го третира проблемот не го лечи . Но кога некоја биохемиска функција не функционира во вашето тело како што треба , треба да се надополнува со надворешно соединение во случајов создадено по вештачки пат. И тоа е тоа , некои биохемиски соединенија едноставно престанал мојот организам да ги создава така да тоа е тоа, мора да се сосредочиме со тој момент тешко е за тој што е во почетна фаза но нема друг излез. Како што кажав некој со полесна слика ќе се ослободи полесно некој со хронична слика можеби и цел живот ќе користи суплементација и тоа е тоа . А ако не се пијаат седативите цел живот тогаш му дозволувам на Седативите истите тие да ме усмртат во секој случај свесно и не свесно за седативите јасна ми е цела политика и за антидепресивите исто така . И при консултација со докторката дека од долго пиење хелекс дека ќе ми настанат промени во "стеблото на мозокот " oва првпат го слушнав , и поставив прашање кога ? на 70 години ? и одговорот беше тишина затоа цук . И секој има своја перцепција така да никој нека не се приджува за моите тези , споделувам мислење па како било така .
Isto i jas po tolku pocnav pak da gi pijam gi piev edne god i se srediv kompletno se vrativ vo normala nemav problemi da gi ostavam 6 meseci ama sega pak nekoj stresovi i pak ke gi pocnam so istata doza fala poz
@Anxiety ама Хелексот не делува така. Тој е лек за смирување, за кратки периоди. Воопшто не го менува тоа што кај нас не се создава во мозокот, за тоа се антидепресивите кои делуваат на серотонинот. Нема некој со потешка слика од мене, ама одбивам да сум зависна од седативи. А знаеш зошто? Со тек на време нема да ти делува ни од 1мг. Е тек после се проблемите, телото создава резистентност, ќе ти бара се поголема доза. Добро ми е вака, ко ќе имам вистинска потреба да земам на 2-3 месеци, во периоди со страшни панични напади, или пример ко имавме корона и не можев да спијам од страв. Антидепресивите ги оставив од други мои причини, ама тоа е лекот што ја третира анксиозноста на подолги стази.
Јас пијам Ад поголго време, многу мала доза. Ама!! Многу е битно да се разботи на себе и да се знае дека не се апчињата тие што ќе те сменат. Да тие се само помагачи,ама ако некој си уврти аха, сега ќе бапнам дијазепам или хелекс и готово ќе ми помине, или ако испаничи леле не се напив апче готово сега не можам да издржам тоа е лошо. Мене ми се случува да заборавам да ги пијам некогаш, па да се сетам после 2 саата дека ете не сум се напила. Се е до индивидуата и како ќе пристапи кон лекот. Лекот не го решава проблемот и коренот на аксиозноста, туку е само помош да ни се среди таа хемиска небалансираност во мозокот. А за да се справиш со анксиозноста треба мнооогу работа на себе. Еве јас лично годинава, на страна пандемијва имав многу тешка година. Само еднаш појачав доза и тоа му се јавив на психијатарот , му објаснав што ми се случи и го прашав како да постапам. Значи не голтање хелекси како бомбончиња. Б6, медитации, книги ( не за самопомош) музика што да е. Знам дозата сум ја испила за тој ден. и толку. А не тежок ми е денот ајде голтај апој.
Муабетот ти е на место , никој не спомнува лапање хелекс како бонбончиња и никој тоа не го прави , значи одредени лекови имаат одреден ефект на Пример Хелексот ако го земиме има 6-8 часа ефект , на пример Зипрам користеле порано имал 48 часа ефект , зборувам и за дисциплина доколку се пија лекови , а да има многу работа имам пишувано погоре како сум се сосредочувал со различни стравови не би се наврајќал повторно кој прочитал знае.