Овој пат чувствувам дека си се враќам сама на себе. Пред тоа избрзував со проценките, можеби оти бев нестрплива да излезам од оваа црна дупка, но сега имам чувство дека тоа е тоа. По долга и тешка битка со окп (најтешкиот вид на анксиозност) ја превземам контролата во свои раце. Без фармакотерапија каде прогнозата за овој вид анксиозност е многу лоша. Дури и не се нафаќаа некои да работат со мене оти не пиев лекови, било неопходно. Може и оправдано оти мене ми требаа натчовечки напори, не мислев дека некогаш ќе излезам од овој круг. Но, можно било. Многу научив, созреав со анксиозноста колку и да беше исцрпувачка мислам дека да не беше таа, нема да го сакав толку животот, да го ценам и кројам секој ден, а да не ја контролирам иднината. Сакам да ви порачам на сите да не се откажувате никогаш, вежбајте, применувајте разни техники, медитации повторувајте ги секој ден и ќе вложи со плод, имајте трпение. Денес барем за секој вид на анксиозност има разно - разни техники достапни на интернет. Психотерапевтите можат да ве насочат и да ви бидат поддршка во процесот, но патот и сите битки мора да ги извојувате вие. Од сите битки во животот најгорда сум на оваа. Мило ми е ако некој од вас поттикнам и мотивирам со мојата приказна.
Zdravo na site! Se nadevam deka barem ovde ke najdam razbiranje..znam deka mnogumina go imaat ovor problem Anksioznost. Pred 6 meseci pocnav da dobivam anksiozen strav tes jak strav bez realna pricina a toa posle se mesase so depresivnost. Mi prepisaa lekovi za anksioznost vsusnost za reguliranje na spienjeto no jas samo nekolku pati gi upotrebiv. A potoa mi rekoa da zamam antidepresivi no nikogas ne gi zemav. Se uste se boram so anksiozen strav .zavrsiv dva fakulteta eden Psihologija i eden Med.sestra i mozebi ke se cudite kako ne uspeav seuste da si pomognam. No veruvajte probav site tehniki citav uste sto ne ne se otkazuvam..inaku veke 3 g ziveam vo Svedska i celo vreme bev pod stres dobiv astma, vitiligo, neredoven ciklus i na kraj Anksioznost.. ako ima nekoj vo grupata lekar mozebi ke dade nekoj sovet ili pak koj koristel lekovi sto pomagaat za anksioznost da spodeli iskustvo..i kolku vreme vi trae anksioznosta..vi blagodaram
Многу честа појава е овој страв, обично иде во комбинација со страв од немање место за одење во тоалет кога се наоѓаме надвор од дома. Заедничко на двете е секако стравот од губење контрола. Ајде рационално размисли, ти се случило да повратиш без причина до сега? Не, така? Зошто би се случило допрва?
Јас. Можеш да замислиш дека не можам да повраќам во шоља? Само на плочки или во када. Едноставно "тесно" ми е. Страв од губење контрола и страв од гушење е во превод овој страв. Помага само изложување на стравот, бихевиорална терапија да посетуваш, да гледаш видеа од луѓе кои повраќаат и слично. Значи само соочување со стравот преку изложување. Помага кога ќе забремениш, ќе повраќаш на дневни бази така да ќе попушти стравот. Ова стварно И апче за смирување кога ќе фатиш стомачен вирус
Рационално да се решаваа стравовите убаво ќе беше. Како и кажа, како нејзе да не и текнало дека нема да поврати без причина. Плус еметофобија не е страв од повраќање без причина.
Одев на когнитивно бихевиорална терапија за стравов, значи свесна сум дека е ирационален глуп страв и дека ништо лошо или трагично нема да се случи ако повратам ама не можам да се контролирам. Имам периоди кај што сум океј, има периоди кај што толку многу ми влијае што не можам да живеам нормално. Пример веќе 2 години периодично имам многу проблеми со желудникот и како симптом имам гадење и нагон за повраќање и во комбинација со стравот ми е исцрпувачки зошто имам напади на паника. И пример ако треба да излезам, или да одам кај дечко ми, или на факултет толку многу ми се вртеше стравот што ако ми се слоши што избегнував се. Од дома не можев да излезам без апчиња против повраќање со мене. Ми остана уште терапија со изложување да пробам.
Јас што и да сум пробала, помага на одреден период, па потоа ако имам подолг период кај што не повраќам, следното лошење сум истата. Се помирив дека ќе пијам апчиња за смирување, тоа е. Избегнувам тригери, расипана храна не јадам никако, летна сезона на стомачни вируси сум екстра претпазлива. А трајно решение, искрено не сум нашла, ама јас на таква терапија со изложување не можам да се натерам, повраќам само ако мора, а свесно да гледам и слушам повраќање ми е голем чекор. Безвеза е пошто повраќањето е дел од животот и мој и на блиски околу мене и не може секогаш да го избегнам. А бе ќе се умира, ама не повраќам Пробај се што можеш, знам колку може да те ограничува ваквиот страв.
Zdravo na site. Kako ste denes? Jas 64 dena na AD Paroxetin 20mg....prvite 4 dena macnini i nagon za povrakjanje, cel mesec zamaglen vid, vrtoglavici vo traenje od po 8-9 saati, vo kombinacija so Helex. Pomina. Sega sum super, kako sto bev i pred 5 Godini koga prv pat gi piev. Antidepresivite ne sozdavaat zavisnost i ne ostavaat tragi vo organizmot. Nikotin, kofein, sedativi....tie stvaraat zavisnost, no moze da se kontrolira.....ova segde go pisuva, na koj jazik da surfate na Google segde e isto. Helex....americki xanax....ako se pie po potreba ne stvara zavisnost. Jas za mene si pisuvam i za mojata situacija, a vie site sami si znaete za vas sto e najdobro. Pred 5 Godini pravev testovi po 3 pati, za da se uveram deka e anaksioznost, do posledniot test imav teski panicni napadi od strav nerealen, a sovrseno zdrava bev. Stravot prerasna vo uplav. So terapijata sve mi pomina. Gi otkazav poradi edna pricina, nakaciv 15 kg i duri mi bese seedno oti srekna si bev....do momentot koga se svestiv deka namesto 38br, jas pocnav da kupuvam 42 broj obleka. Mrza sum za vezbanje, toa e Pred AD i Helex probav sve....site mozni caevi....meditacija. linden metod...yoga...bioenergija.... Nemozes da praktikuvas meditacija I yoga ako ne si smiren psihicki, ako imas simptomi...nevozmozno e....probav. Ova go pisuvam za onie sto se protiv AD, im prepisale na lekar, a ne gi piele i si ostanale so simptomi. Imase edna clenka odamna napisano....ne se ova barbiturati od 60te Godini vo America....se menuvaat rabotite, medicinata odi napred ....novi lekovi, otkritija...i najvazno od sve, da rabotite na sebe. Vi posakuvam na site sve najdobro i da se cuvstvuvate ispolneti I srekni Srekna Nova Godina ❤️❤️❤️
Некој со страв од земјотреси, ама преголем. Цело време мислите да се таму.. не гледам решение како да се помогне.
Можеби ќе ти звучи чудно, ама замисли си дека доживуваш голем земјотрес. Стоиците се справуваат со стравовите и возможните негативни сценарија со визуализација. Го замислуваш тоа што најмногу те плаши исто како да ти се случува. Го доживуваш визаулизирајќи го. Чуствуваш какво би било чувството да ти се случи токму тоа. Што би направила кога би ти се случило токму тоа. Се соочуваш со тоа што те плаши. И на крајот што се случува? Преживуваш. На тој начин, ќе сфатиш дека: 1. Посилна си од што мислиш; 2. Врз некои нешта немаш контрола, така да нема баш логика да трошиш време, нерви и енергија на тоа.
Како ние да знаеме дали за тебе е нормално да ти се спие? Ниту знаеме што правиш, нит дали се заморуваш дали работиш, буквално ништо. Ко сега јас да прашам, уморна сум цело време, дали е нормално?
Неможам да функционирам, да спијам, да седам сама ... Сакам да побарам помош од психијатар, да ми препорачате некој?
Нормално е да прашаш "дали е нормално што цело време сум уморна?". И никој нема да ти постави подпрашања.
Isto sum i jas dali od obvrski preumorna dali sto treba da dobijam celo vreme sum Pospana i jas eve i sega samo sto legnav i pravam filmovi u glava aman vise od ovaa ♀️
Jas mnogu se plasev pred 4 godini koga se sluci zemjotresot kaj nas od togas jas sum anksiozna fala mu na gospod malku go nadminav toj pregolemiot strav ama uste na edno kjoshe si sedi ama ne kako porano inace pak se plasam
Da jas go imam istiot problem napraviv ekg eho se e u red rece od nervoza od sto sum mnogu emotivna toa mi se slucuva