Se stegam celo vreme ja stegam vikicata i zabite mi e strav i jas samiot neznam od sto ti blagodaram pozz
Voopsto neznam celo vreme sum taka se plasam od glavata dali kje mi pomine nekogas bidejki jas barem mislam deka ne e toa tenzicna glavobolka kako nekoj nerv pretisnat da mi e dali magnet se moze da pokaze krvni sadovi nervi ... ?
Ако ти било нерв ќе покажела магнетната резонанца. Буквално се си испитал значи треба да го слушаш докторот дека ти е од ансксиозноста. Не може да промаши докторот ако се е испитано и се е во ред, нема зошто да мислиш уште дека некој нерв ти е, работи си на анксиозноста и ќе ти помине главоболката.
Јас имам главоболка на страната кај што ги стегам забите. Инаку имав слична ситуација како тебе пред неколку години. Од тогаш ми почна анксиозноста. Пред да откријам дека имам мигрена имав главоболки во десно око и десна страна од главата. Бев на приватен невролог и само што седнав на столче почна да паничи човекот, да ме прашува дали ми е такво окото отсекогаш, зошто десната зеница ми е проширена малку повеќе од левата. Ме прегледа, ми направи тест некаков за реагирање на зеници и итно ми закажа магнетна и очен преглед кај специјалист офталмолог. Ама пристапот му беше ужасен, цело време повторуваше дека имам нешто зад око, дека се шири, од тоа ми се главоболките, ме пушти седиментација одма да ми проверат во неговата лабораторија (се беше во нормала). Не знаев да излезам од ординација од што ме исплаши. Наредниот ден кај офталмологот, постар доктор, едвај седнав на преглед толку бев испаничена што не ме разбираше човекот што зборам. Ме прегледа немав ништо зад око, и бесен беше што ме исплашил толку докторот и што изнапишал секакви дијагнози на извештајот. Од тогаш, иако немав ништо на прегледите, јас повеќе од година имав болка во окото. Станував со болка, легнував со болка. Суво ми беше, црвено, ме болеше и надвор и внатре. Со тек на време ко се опуштив и реков немам ништо, се фокусирав на други работи, престана и болката. Ама долго време требаше и уште си влечам анксиозност плус хипохондрија од тогаш. Имаш доказ дека си здрав, опушти се, оди на психолог, пешачи, вежбај, прави работи што те радуваат и ќе помине се.
Ti blagodaram vi blagodaram se nadevam deka kje se izvlecam od ova t.e mora mlad sum nemam ni 30 gosini uste
Треба да патувам за Скопје. Толку имам страв. Нз како да надминам веќе. Мн лоши мисли : ќе загиниме, нема да живеам поќе, ќе умрам и сл.
Jas sekoj raboten den patuvam i toa so javen prevoz vo Svajcarija, pocetokot mi bese uzas tezok, so po dve maski stavav, plus sum doktor i rabotam vo ogromna univerzitetska labaratorija. Pocetokot e strasen, samo moras da go pomines hrabro, jas citam po pat ili slusam muzika, pomaga. Sega sum okey i nosam samo edna maska, zadolzitelno n95 koristi i uzivaj. So srekja!
@Stojance Lazov навистина 5 години се многу долг период да имаш главоболка. Со оглед на тоа дека имаш проверено се и резутатите се во ред, верувај на докторите дека проблемот е од психолошки фактор. Појавата на болка не е воопшто пријатна не само на главата туку на било кој дел од телото и тоа ти прави дополнителен стрес, анксиознот и депресија со што си во еден круг без излез. Бидејќи имаш направено секакви испитување и се е во ред, тргни го тоа на страна, имај малку верба во докторите и почни да веруваш дека со тебе се е во ред, дека нема потреба повеќе да одиш по доктори и да правиш испитување по сто пати. Кога ќе ја затвориш таа тема со испитувања и одење по доктори, сврти се кон другиот психолошки фактор, кој ти е очиглегледно најголемиот тригер за твојата состојба. Секоја појава на анксиозност мора да има некој тригер. Ние не те знаеме, но ти самиот одговори си на прашањата, што е тоа што те доведува до оваа состојба на анксиозно растројство, дали некој големи трауми во животот, хроничен стрес, незадоволство од животот, има нешто што ја поттикнало оваа главоболка. Дали има такво нешто? Ако одговорот е ДА, тогаш треба да ги смниш своите животни навики од корен и да се посветиш на себе и на својот живот., секако со стручна помош. Анксиозноста, хроничниот стрес, незадоволството воопшто не се наивни, јас веќе 2 години се мачам со желудникот и покрај сите направени испитувања неколку пати и се беше во ред, се одлучив да верувам на докторите, иако на моменти ми се јавуваат мисли да не имам некоја лоша болест ама кога не мислам на тоа ми е многу подобро. Имаше периоди кога толку многу психички се оптеретив со тоа, што знапочнаа болки по целото тело,бев преплашена, повоторно испитувања од што се болките, повторно се беше во ред со резултатите, а најинтересно е тоа што болките се смируваа со седатив. Не сме свесни колку животот што го живееме, нашите навики, исхраната, опкружувањето, околината делуваат на нашето психичко здравје а се манифестираат на нашето тело. Се надевам дека што побрзо ќе успееш да ја надминеш оваа состојба.
Дали ве има разбудено паничен напад од спиење? Ко зомби сум. Станав со тахикардија, со бранови од горе до долу низ телото, ми отрпнаа раце, нозе. Таман ќе речам добро сум неколку дена и ќе се случи наеднаш. Сега само срцето да не е ми е во паметот, нема спиење.
Ova so pandemijava dopolnitelno ni ja otezna situacijata so anksioznosta barem mene. Imam neugodno cuvstvo nekoe koe mi ja prazni energijata I mislam ke mi se sloshi I ke se srusham. Neznam dali nekoj me razbira. Razgovarav so mojot maticen i mi rece da napravam detalna analiza na krvta i da proveram tiroidna. Ma da mislam deka se e ok so toa. Mi rece nosam da ti dadam apcinja nekoj vo mala doza ama ne e toa poentata. Imam premnogu slobodno vreme koe neznam kako da go iskoriatam osven da povezbam joga, da proshetam malku i celo vreme sum doma i najgolem del od denot go pominuvam sama so kerka mi.
@lovely girl M na site ni ja otezna. Duri i mal nastin grloto da te zagrebe ili da kivnis i odma pomisluvas na losoto. A za cuvstvoto na gumeni noze i nesigurnost skoro sekoj den mi se slucuva. Ali koga ke ti dojde taka samo prodolzi da pravis sto i da pravis vo toj moment i reci si ke iscezne ova za brzo. Pozz ❤
Da imam doziveano golem stres i toa mi se slucuvase poveke godini koga kje udri nesto ili nesto kje se sluci odma pocnav da se nervriam i da kje se desi nesto loso veke ispituvanja i ne planiram da pravam pa sto bide neka bide a glavobolkata ne se smiruva so nitu edno apce ne deluvaat apcinja za glava.Pred ne poveke od mesec i jas zedov da ja tumacam snimkata od Magnetna rezonanca vikam 4 pati me snimaat a nisto da ne primetat e sega sum pomiren deka nemam nisto bolest vo glavata no neznam sto kako sum so nervite bidejki dosta vreme se nerviram.Site mi imat kazano deka ako na magnet na glava ne ti pokaze ti si ekstra nema zasto da se grizis. Pozz ti blagodaram.Dali nekoj znae da procita magnetna da mu pratam nekoja slika. Pozdrav do site
Дали ви се случува да се почувствувате како неуспех? Одам на психотерапија некое време , се прашувам уште колку време треба човек да се ослободи од анксиозностиве,траумиве, потиснативе емоции , не се чувствувам разбрано , ко да сум сама на светов , дали ќе успеам да станам посилна верзија од себе? Ми недостига мотиваација...како вие се мотивирате самите? Се надевам дека сме блиску до излезот од ова , и на сите ви посакувам што поскоро да си го пронајдеме душевниот спокој.
@steela.honey секоја личност се осеќа така во одреден дел од животот..многу битно е да не потиснуваш (било какви) емоции на подолг рок. Имаш HPX Motivation Group на fb.