1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.834
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Дали некој има пиено апчиња пр 75 мг на сабалје и по ручекот 37,5мг Занфекса?
    Ми ја зголемија дозата па прашувам
     
    На Дејан. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Badii

    Badii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Машки
    Јас имам таков проблем, и притисок во ушите и слепоочниците секој ден скоро, не знам кај да одам више 6 месеци се борам.. не можам себе си да се убедам дека се е од анксот..
     
  3. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Фала ви луѓенца.. денес сум ок фала богу,..
     
  4. Doca

    Doca Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Zdravo na site! Dali nekoj pocuvstvuval strav da ne poludi? Eve jas posledniov cas pocustvuvav jak strav sto ako poludam..traese okolu 45min do 1 cas..me obzemase strasna panika sto ako poludam i veke cuvstvuvav kako bliskite bi me gledale..lele toa e strasno ...si mislev...sto ako zavrsam na psihijatrija....ako ste imale takvo cuvstvo kako vi pominalo?
     
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.834
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Да, да сме имале сите.
    Почетна фаза на анксиозност мислам дека е.
    Обрати се психолог и психијатар!
    Те сакаме сите тука и те поддржуваме :hug::l:(highfive):l:
     
    На gogimica, greenday и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  6. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Сто пати сум имала, ама еве не полудев
     
    На greenday му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tarara

    Tarara Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво да јас имам проблеми со видот замагленост темно гледање ми сметаат светла од автомобили јако светло на телефон јаки бои на телевизор,понекогаш ми се намалува видот се ми е темно освен само една точка гледам и уште многу други проблеми со видот и тоа трае веќе.подолго време
     
    На gogimica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се приклучам на оваа тема.Пред околу 5 месеци имавспонтан абортус,ова ми беше 2 а сеуште немаме деца.По првиот спонтан одев на психолог и некако ми се чини за 3 до 4 месеци како да го надминав проблемот и по сеансите со психлогот се чувстував преубаво.После 2 спонтан некако ми се насобра што коронава дома сме,останав без работа иако не ни прави многу проблем на семејниот буџет со оглед на тоа што сопругот заработува ама цел живот си бев самостална.Секако барам нова работа и ете веќе одам на интервјуа .Арно ама навечер тешко заспивам,овие неколку дена како да се гушам со срцето а знам дека се тоа е од тага.Не сакам да одам на психолог и да станам зависна сакам сама да се изборам и да продолжам понатака.Ако имате било каков совет добредојден е
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    @ivani30 нема зборови што би те утешиле.Може да те разбере само тој што го има поминато истото, а сама мораш да се избориш ти и да не се откажуваш од ништо ниту од дете ниту од работа ниту од шетање од било што.Добрата работа е што ти остануваш трудна што значи и дека ќе родиш јас еве се мачам со неплодност ама јас не останувам никако ни со вештачко ни природно кај тебе барем има надеж и ќе бидеш мајка, не дозволувај неуспехот да те бутне во провалија напротив треба да те направи посилна! ЖИВА си ЗДРАВА си и имаш шанси не една не две секој НОВ ден ни е нова надеж.:muscle::l:и ќе успееме :hug::hug::hug:ни една анксиозност ни еден абортус ни еден циклус не ни можат ништо :muscle::muscle::muscle: тука сме за поддршка кога ќе потклекнеме, ама мора да одиме напред:l:
     
    На Snegulka❄, LukrecijaBorgija, greenday и 2 други им се допаѓа ова.
  10. gogimica

    gogimica Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    148
    I jas piev Elicea od 5mg i Demetrin pola nautro 1 god, i eve gi prekinav pred 5 dena.I od vcera sum ko bez energija, do sega pesacev so maz mi i ko da mi se vrti pametot, samo cekav krevet da si dojdam i legnam.Dali e od apcinjata sto gi prekinav ??? Odlicno se osekav i mn.ubavo ja podnesuvav Eliceata no mn.mi bese podobro i poleka morav da gi otkacam.Mora da bide, nema nazad samo pozitica.Nekoj iskustvo so otkazuvanje?
     
  11. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Многу ми е тешко кога некој ќе ми каже дека се мачи со неплодност.. Малку ќе избегам оф топик... Дали имаш испитано антитела на имунологија
     
  12. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Tatko mi dva tri dena po red navecer kacuva pritisok , so koronava se poremeti skroz .. i sega kazuva deka pak mu e malce visok i pocnav naednas da se tresam da ne mozam nozete da si gi smiram , srce da mi lupa .. se isplasiv uste tolku i naednas posle 10 15 min se smiriv .. posle tolku vreme da doziveam panicen .. se isplasiv a znam deka nisto ne moze da mi se sluci od nego , uspeav da se ubedam deka ne e nisto , no me isplasi bidekji odamna ne sum imala panicen .. A epizodi na anksioznost imam cesto posledni meseci posebno sega so ispiti .. Ama panicen ne sum imala odamna. Se osekjam tolku pospano i malaksano posle nego .. strasno znaci.
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Од што да станеш зависна?
    Од одење на психолог?
    Не можеш од тоа да станеш зависна.
    Зарем може да станеш зависна од одење на стоматолог?
    Не, одиш додека ги поправиш забите, така и психологот.
    Овој тип на проблеми се решаваат со психолог.
    Особено па кога си видела дека ти помага.
     
    На ivani30 и Tarara им се допаѓа ова.
  14. Doca

    Doca Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Zdravo, ima li nekoj ovde koj ja nadminal anksioznosta bez tableti i za kolku vreme?
     
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не се работи за болест, каде некој може да ти даде прогноза за исходот и времетраењето. Се работи за состојба.
    Ако седиш дома, не работиш со стручно лице, веројатноста само од себе да помине е минимална. Не ти требаат лекови, доколку имаш минимална анксиозност. Но, доколку е попречен квалитетот на животот во голема мера, нема ништо страшно во земање на терапија, бенефитите се поголеми од недостатоците.
    Никој тука неможе тајмлајн да формира за тебе, затоа што секоја емоција, иако има исто име, се манифестира различно, има потекло од друга траума и интензитетот е сосема индивидуален.
    Она што треба да те интересира е како да пристапиш кон самата анксиозност. Не се работи за настинка, грип која има претежно вирусна етиологија, па да се ослониш врз туѓите искуства.
    Анксиозноста е твоја и само твоја, а решението ќе го бараш во себе, не во другите.
     
    На Bojana890, maja.mitrova и Na.talia 24 им се допаѓа ова.
  16. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека има таков
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tarara

    Tarara Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво јас веке 15 години се борам со анксиозноста и без терапија сум е сега 2 години имав симптоми секакви потоа ми поминаа сите па може 5 години не осеќав ништо се беше.нормално но пак се врати и пак 1 година борба па си заминува и така во круг е сега и мене ме интересираа дали со терапија таа ќе се излечи и нема повеќе да се вратат тие симптоми
     
    На maja.mitrova му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Анксиозност не се лечи, туку се надминува. Секогаш ќе биде присутна како емоција. Тоа што кај тебе има релапс, значи дека практично никогаш не си ни била ,,излечена" или психолошки толкувано- свесна. Седативите, антидепресивите условно кажано се лек, но само за стабилизација на биохемиските процеси во мозокот. Ќе помогнат само за намалување на интензитетот на симптомите. Она што на секој во темава му треба е зголемување на свесноста, која патем е тешко да се достигне, но истовремено лесно доколку се работи со психолог. Секое творење во животот остава трага и ако само се трупа багаж врз сопствените емоции, дела, видувања, никогаш нема да се ослободите од оваа навидум страшна, но маестрална состојба на психата.
    ,, Лекот" го нема на полица во аптека, ниту пак на улица, лекот е цело време тука, во тебе, само што ретко кој сака да работи на себе и да вложи време и енергија во себеспознавањето. Тука е најголемиот проблем, негирање на своите проблеми и оставање на ветерот и воздухот да ги решат. Е не функционира анксиозноста така.
     
    На jagoda777, hermosa, Rakcencence и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Tarara

    Tarara Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот ме интересира дали ти ја имаш надминато анксиозноста и како?Ние не оставаме на ветер и магла да ја однесат секако дека се бориме и сакаме да ја надминеме оваа состојба и свеснисме дека имаме проблем и работиме на себе.Лично јас ја надминува оваа состојба без терапија и се борам и знам дека се е до нашиот ум, анксиозноста ја снемува неколку години и после некој претрпен огромен стрес таа пак се појавува, но знам да ја контролирам и се трудам и работам на себе за полесно да ја надминам оваа состојба.Ме интересира како ти се справуваш и дали целосно си ја надминала анксиозноста ?
     
    На Bahar123 и natemila им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Самиот збор борба кога се користи кај анксиозноста е конфузен и кога подобро ќе согледаш, всушност се бориш со себе и ги потиснуваш своите реални желби, односно она што е вистинското за тебе. Тоа што моментално си, не е тоа што сакаш да бидеш. Но, јас не можам да ти помогнам, затоа што не сум психолог.
    И да, ја надминав состојбата, т.е си живеам со неа. Сфатив дека стравот кај мене се манифестира со уникатни симптоми и не го хранам дополнително, едноставно само го чувствувам. Истовремено сменив се што беше за менување, па дури и тоа што не беше. Сега си живеам втор живот, како нов човек, односно оној кој што бев, пред да станам анксиозна.
     
    На Alexat му/ѝ се допаѓа ова.