Нормално дека не можеш да ми помогнеш,сум била и на психолог и на психијатар,и знам како да се справам со неа и секако дека никој од нас не сака да биде ваков но секако дека еден ден ќе помине.И знам дека оваа состојба е секогаш тука со нас само зависи од нашиот ум колку ќе.и дозволиме да надвладее врз нас.
Апсолутно, решението е премногу едноставно ама непријатно. Проблемот е што нас на крај памет не ни паѓа да се осеќаме непријатно, ние по дифолт мора да бидеме кул. Излезот е препуштање на сите сензации, мисли, емоции, и фокус на сега и овде. Луѓето за жал погрешно го толкуваат зборот препуштање, па почнуваат да се обидуваат ,да го прават тоа. Трикот е што не може човек да се обидува : на аглиски го прочитав некаде: You cant try to let it go. Trying is the opposite of letting go. That is when we create the very sensations and feelings we struggle to avoid. Кој парадокс. Посакувам да можев до зборови да го пренесам моето искуство на станување свесен... за жал не можам но за среќа тука е психологијата .. одете дечки на психолог, (со или без терапија) не постои подобар избор што може човек да го направи.
@Alexat многу правилно На пример, порано се обидував да ги избркам мислите од глава, да се борам против вознемиреноста. Сега само ги прифаќам, и тие полесно поминуваат. Да, парадокс е. Колку повеќе се обидуваме за нешто, наидуваме и на поголем отпор.
Не паметам кога последен пат сум се уклучила на темава, а бев една од оние што висеше и читаше и секој ден умираше од паничен напад. Ми беше ептен тешко, секој ден панични, секој ден тахикардии, секој ден мисли дека полудувам и дека ке завршам на псијитарија и ситеее можни симптоми и мисли. Еве 7 години од тогаш сум здрава и жива, не умрев и не полудев. Не пиев терапија, многу кратко ама мене од терапијата ми беше многу по лошо и решив дека ке се изборам со чудово без апчиња.Беше тешко многу, борба со сам себе, башка тогаш имав и мало дете што морав да го носам во школо, одев секој ден со страв дека негде ке паднам и нема да станам веке, ама ништо од тоа не се деси. Сега правам се што некогаш се плашев. Не е болес состојба е, поминува, и не е точно дека ако по некој извесен период се врати дека не си ја надминал, животот е стресен и секој осетлив човек на моменти е анксиозен и уплашен дали за своето здравје или за здравјето на своите блиски. Така да нека не ве демотивира ако ја немало долго време и се појави пак, ке ја снема пак како што ја снемало и пред тоа. Тука сум за било каков совет или подршка. И еден нај добро намерен совет, што помалце седите на темава и читате, толку подобро ке ви биде. Има стварно многу негативни совети и луѓе, кој што дополнително ке ве вознемират. Секој организам и човек не е ист, па ако некој не ја надминал да мислите дека и вие нема да ја надминете.
Браво за убавите и храбри зборови многу ми е мило што си успеала да ја надминеш состојбата доколку имаш некаков совет со сето срце би го прифатила.Позз
Не си ја надминал во смисла, сеуште правиш исти постапки и имаш исто размислување. Ако го ресетираш мозокот да размислува во друга насока, анксиозноста само ќе тлее, нема да има повторни пикови. Пред се тоа се измешани емоции од страв, бес и лутина. Нормално е и понатака да ги чувствуваш, но акутно, не хронично. Тоа ми беше целта и размислувањето. Со менување на самите гледишта, ниту една неправда, траума нема да ја гледаш страшно, беззизлезно, туку како нормален дел од секојдневието. Друго, што е дефиниција за борба. Борбата е на улица, треба да се бориш со оние кои ти грешат, а не со себе. Секој сам за себе си е арен, проблемот е кога ќе почнеме туѓото да го ставаме пред своето. Тука се прави најголемата грешка и наместо да застанеме зад своите желби и да го вадиме од нас она вистинското, ние пробуваме да удоволиме на околината, затоа што сметаме дека така е правилно. А најправилно е она што срцето го кажува. Само кој има уши да го слуша. Толку е просто, што сами си го правиме сложено. Така да, убаво за тебе, мило ми е. Но кога ќе се престане со користење на зборот борба со себе, тогаш всушност доаѓаш на друг левел од кој нема надоле, туку само нагоре. Проблемот не е во вас, туку во оние околу вас. Simple as that. Или најдобрата реченица од мојот психолог, пушти го ѕверот од тебе.
Можеби, затоа реков секој со своето размислување, но губиток на дете, родител, или слична стресна ситуација секој ја доживува анксиозно, Не разбирам како мислиш дека тоа можеш да не го гледаш страшно, како би ја гледал траумата? Секако како составен дел од секојневието но не како нешто што е пролазно. Времето не лечи ништо само човек се навикнува да живее со болката. И да борба со сам себе, борба со емоциите и чуствата, секој не така лесно знае да го пушти ѕверот од себе. Да беше така лесно како што знааат да кажат нашиве доктори немаше да има анксиозност. За жал да треба треба секогаш да слушаме што срцето ни кажува, но многу малце го практикуваме тоа.
Ako e lesna anaksioznost mozebi moze, so razgovor so psiholog/psihijatar, so mnogu rabota na samata sebe, poteska anaksioznost ne. Od licno iskustvo zboram, jas barem probav sve..
Po dobra sum glvabolki nemam no nesto vrtoglavici imam ne mnogu ama mi se vrti nekako dali mi e od usite ke vidam sto ke mi kaze doktorkata
Зависи што е проблемот. Некој за тешки ситуации само ќе те потапши и ќе ти рече ај ќе мине де, не преувеличувај. Некогаш стварно не сакам, ама често ми идат мисли да некој мине низ истото нема ни 1/4 да издржи. Вистина е дека некои проблеми не се мерат, секој има свој проблем што им изгледа на некој начин голем сам по себе, ама и сум за тоа да некогаш е подобро да се замолчи. Јас лично многу си паднав еден период баш од такви луѓе. Обврските помагаат, но не доволно. Колку и да се има обврски и тоа не е начин, туку затскривање колку да се ќари време.
Milo mie sto si podobra mene useto zagnoeno mie levoto glavata so si oko me boli i nekoj cudni bolki imam
Денес пак излегов, пак истото. Ми се затнуваат ушите полека, како притисок во главата да ми се полни, ми се темни, адреналинот ми се крева и за момент се чувствувам цела како закочена, како да не си го осеќам телото, топла сензација, ваљда како пред онесвестување (не сум се онесвестила досега во животот). Во рок од 10 минути така ми се случи два пати. Премногу страв ми е да не имам болест некоја. И цело лице ми игра од нерви се имам испитано и уши и глава и очи и екг на срце и крв се е како што треба. Не зна што да направам повеќе се мислев преге пак да одам на доктор, ама не знам за што да одам. И цел ден имам како скратен воздух, како да не можам целосно да земам со полна плуќа. У Ж А С.
Баш така, за некој работи колку и да мине време болката е иста. Затоа реков човек само се навикнува да живее со таа болка. И не може туку така да ги прифати мирно работите од секојдневието, како нешто што е дел од животот. Ама ете живееме и издржуваме, секој со својата болка .
Не знам за вас ама јас последнава година откако почна ова со новово нормлано често имам внатрешни борби. Функционирам ја имама таа Високо функционална анксиозност, земам терапија, контактирам со психијатарот , ама тешко е. Многу мисли ми доаѓаат, се измачувам на моменти, најмногу ме фаќа страв она што иде.. Кога одам на улица гледам само луѓе со маски, морбидно ми е. Ми се случува да сонувам дека сум излезена некаде и нема никој со маски, и јас во сонот да се прашувам Зашто не носиме маски? Знам дека на некој ова ќе му е чудно можеби и смешно ама мене ми е многу тажна сликата кога ќе видам и дечиња со маски, не можам да си ги видам најблискте без страв.. Ова поголеми психолошки лузни ќе остави отколку други..
Е ова. Ама поинаку удира кога ќе те тресне некој рандом со нешто болно. И те чека да предизвикаш некакви емоции. Ќе надминуваме, градиме и победуваме.
Ја после не знам колку долго време добив пред 6 дена паничен напад со срце биење , ама морам да признаам многу ја цапнав работата со не здрава храна ептен се опуштив треба ова дисциплина и тоа како ... И на благото му се свртив тој период сега пак прекинав. Инаку немам црни мисли и кога е најлошото ги потискам со позитивни мисли имај го тоа на ум , ти иди негативна или црна мисла како што велиш потисни ја со позитивна и така тренирај го умот понатаму ќе видиш ќе исчезнуваат
Анксиозноста е најтивкиот непријател за кој јас велам ''чешка одвнатре'', многу има да се разговара на таа тема, само правете разлика помеѓу општ симптом одвреме навреме и точно поставена дијагноза анксиозност и немојте да претерувате со лековите и не ги злоупотребувајте- запомнете дека лекот само ќе ја намали вознемиреноста за одреден период, НЕМА да го реши примарниот проблем заради која настанала анксиозноста. Единствен и најефикасен лек сте самите вие.
Синоќа пред спиење имав (послаб) паничен напад. Значи не од оние најстрашните што ги имав пред година-две, но сепак беше непријатно. Вчера попладнето дознав дека моја познаничка е болна од неизлечива болест и еве уште не можам да се смирам и да си дојдам на себе. Не се плашам од болеста во смисла дека јас ќе се разболам, се плашам и криво ми е за неа, затоа што знам колку и' е мачно, а не можам да одам да ја видам поради ситуацијава, од страв да не случајно и' пренесам нешто, а таа е со ослабен имунитет. Ете, барем ја знам причината за мојот немир и се надевам ќе најдам начин да се справам.