Не ми беше собрана, ама тоа чувство е, тој тип на болка, ко кога ми е долго време во реп. Чудно Ама добро е ми помина за пола саат откако пишав
Ако има некој да ми одговори..Ве молаам Имам пишувано и порано ама воа на мене не ми е јасно Имам главоболка(притисок,чешање на нерви оде) од левата страна на главата над увото дури ми го зафака и увото еве 2 месец сум на елицеа ама никако да го отстранам таа болка на главата станам од сабајле со неа легнам со неа Фул испитан со се и сите ми викат смири се нешто си напнат докторите исто.... ама јас мислам дека сум тотално смирен....Некој има ли го тоа чуство или јас сум нешто поразлично
Јас како отепана сум,добив и имам мн голема болка во грбов,само ми се спија,енергија под нула,почнаа филмови да ме тепаат дека имам некоја болест и одма ми почнуваат паничните,се плашам немам енергија од кревет да станам и очиве сами ми се затвораат за спиење а пренаспана сум
Драги членки, Прво да ви кажам:мило ми е што постоите! Бидејки некои работи, не би можеле да ги споделиме доколку би бил познат нашиот идентитет. Јас пишав пред некој ден, дека имам подуеност и пецкања во стомакот, од кога еднаш во спиење ме фатија, потоа како сама да ги предизвикувам. Бидејќи имам проблем со опсесивно мислење кога ќе ме заболи така стомакот (овој период подолго време, бидејки имам стресен период), почнувам да си барам болести гинеколошки а страв ми е да одам на гинеколог. Знам дека треба да одам, и ќе одам но што да правам со психичката страна. Многу ми е страв и само си замислувам дека ми кажува страшна дијагноза, дека ми вели нема да можиш да имаш деца и такви слични, свесна сум дека бесмислени но сепак многу страшни работи.. Кога ќе помислсм на тоа ме облева топлина, ме фаќа паника одам брзо низ соба, срцето ми чука и сл. Дали некој се соочил со нешто слично? (особено со стравот од одење на доктор)
Имам болка во овој дел од градите. Наеднаш чувствувам бодеж и ја снемува. Умирам од страв дека ми е срцето.... сум правела само ЕКГ, не сум го испитале срцето детално. Имам само 22 години. Не знам што да правам. Умирам од стравови
Нормално е да се чувствуваш така кога имаш менс. Губиш крв и се знае дека ќе бидеш омалаксана и со болки. Тоа нема веза со болест. Биди среќна што имаш менс, лошо е да немаш.
Да те утешам, не е срцето. Тоа е болка на градната коска и мускул најчесто од згрченост, напнатост или неправилно седење на компјутер. Јас кога бев во најлошата фаза на анксиозност и напнатост спиев толку згрчена што таму кај градите ме болеше нон стоп, како да имав притисок. Направи вежби со рацете како да пливаш, еднаш нанапред еднаш наназада, и гледај да не се стегаш многу. Тоа е не е срце не се плаши.
Види што убаво е времето, излези прошетај на сонцево. Почасти се некое благце што го обожаваш за да се орасположиш плус. Звучи како грч, не се секирај. Консултирај се со матичниот, чисто на раат да бидеш. Туку, од кога дознав дека сум трудна, што е најубаво нешто, ич не спијам. Океј, имам и мачнини, ама ме тресе анкциозност, како струја да ми поминува низ цело тело. Таман ќе заспијам, набрзо ќе се разбудам и после цела вечер се мачам во полусон. Понекогаш само немир осеќам, а понекогаш мислам на секакви работи, се плашам како ќе помине остатокот од бременоста, како ќе помине пораѓањето, што сè ќе следи понатаму, а јас ништо не знам! Немам појма од ништо и тоа ми создава сериозна анкциозност. Знам дека имам време да поднаучам, ама пак ќе се прашувам што - како... На врв на сè, не можам да се напијам ништо освен витамини.
И јас сум го имала сосема истото искуство како @nena2010, па и сега ми се случува кога ќе претерам со седење пред компјутер или кога спијам во одредени положби. Ништо страшно не е, раздвижи се малку, пробај да ги оттргнеш мислите
Мене што ми помогна најмногу е yin yoga, психолог и психијатар и терапија. Често одам сама, пошто немам со кого, во природа и си седам Позитивни мисли дека се нешто позитивно ќе се случи....
Фала ви многу луѓенца. Ми олеснува вака кога некој што врви низ истото ме разбира. Фала ви што постоите, само посакувам се помалку тука да ве гледам, на сите да ни е убаво дај боже..
Се ќе помине. Јас сум голема разлика со брат ми. Мајка ми кога беше бремена страшни паники имаше. Се сеќавам од спиење рипаше и на брза помош по пижами одеше. Се ќе биди во ред. Верувај со кеса апчиња доаѓаше од школо да ме земи и ако ја фатеше паника по пат, лексилиум пиеше. Од кога се породи, ден денес, ете 15 години, апче се нема напиено, а таков случај на панични напади и анксиозност немам сретнато ниту запознаено. Се ќе биди во ред. Кога ќе донесеш такво прекрасно невино суштество се ќе се среди.
Излегов го носев син ми на лекар со температура е,потоа пешки по резултатите се вратив и пак ми падна енергијата како изнемоштени сум можеби од болката во грбов е незнам ни сама,можи и од наглава промена од времево
tasikike....da ti kazam eden recept za da imas energija i da si go podobris imunitetot. Cedis eden cel limon, eden portokal, turas u casa ili bokal ako pravis za site doma, znaci po 2-3 ovostija i rendas malo parce svez gumbir ili pogolemo ako e vo bokal za site, dopolnuvas so voda, se zasladuva so med, mesas so drvena ili plasticna lazicka i pies casa sekoe sabajle. Jas ova go pravam 5 god.....5 Godini nemam nikakva nastinka ili grip, plus pusac sum, gumbirot gi procistuva belite drobovi, smiruva zeludnik, probaj, nema da zazalis. 100% efikasen lek, a ne e skap.....eden svez gumbir e 50 den, treba da ti trae 1 nedela, oti po malku rendas. Najvazno....nemoj da koristis citron duri si na AD, samo limon i portokal....pise na internet zasto ne citron, da ne objasnuvam sega. I ne si pravi filmovi, nisto nemas, ke ti pomine. Ignoriraj negativni misli i opusti se. I izvini na latinicava, od mobilen pisam.
Најголем проблем при појавата на анксиозност е претходната неинформираност во врска со оваа состојба. Сега да ми се случи прв пат, со сите знаења што ги стекнав во меѓувреме, само ќе и се насмеам во лице. Ама кога стоиш пред противник за кој не знаеш ништо, нормално е да чувствуваш страв. Како повеќе го запознаваш и разоткриваш.... Со твоето знаење ја губи моќта , и ја нема веќе таа јачина од почетокот.
koi se simptomite koga dozivuvate panicen napad? dali vi se zgrcuva levata raka vo smisla da cuvstvuvate bolki i vkocanetost vo vrat leva strana ? Dali se tresete pri panicen napad i dali ve izbiva laden pot ?
Има некој анксиозност додека вози? Неможам никако да се опуштам, а морам. Ме фаќа паника ептен. Посебно тука во Америка, не е воопшто тешко дека автомат колите. Ама на автопат мислам во секој момент некој ќе ме удри и дека нешто ќе ми се случи. Досега сама скроз еднаш имам возено, на кратка релација, а сега веќе ќе морам почесто затоа што и трудна немам како да одам на доктор. Не можам да се ослонувам на мм цело време и тој со обврски, а и после здравје кога ќе се породам ќе ми треба секако
Вчера го видов некаде на објава. Морав да споделам со вас. Ова сум јас во една минута. Врв, на цела мака се изнасмеав од срце :') . https://www.instagram.com/reel/CJrUA-VgmLj/?igshid=i6pcnt7aixvm
Здраво, Се си ми беше океј и со мисли и со самодоверба, секогаш си верував во себеси и секогаш знаев што и како сум направила, една вечер не можев да заспијам (пред 1 месец), минав низ тежок период, изгубив член од семејството со кој бев многу блиска, имав полагања на факултет итн итн, сета утеха од сите лоши работи ми ја дава мојот дечко, значи не би била сега јас ако не беше тој да ми помага во секоја лоша ситуација што сум ја имала, пред 1 месец како што кажав не можев да заспијам, почнаа да ме мачат црни мисли, да си измислувам дека нешто сум му згрешила на дечко ми, такви работи, и од ден на ден се полошо ми стануваше, само си придодавав некои работи и уште полошо, панични напади по цел ден и цела ноќ, тресење на телото, температура, гадење, а длабоко во душава знам дека никогаш не би му згрешила колку и да сум била мала на почетокот од врската(15год.) сега имам 20 години, и цело време си се прашувам како сите тие години си знаела што е и како е, а сега дозволуваш да си измислуваш работи и да се плашиш од нив да ги правиш како да биле вистина, ве молам некој ако имал сличен проблем или ако знае како да си помогнам нека пише...