А ми се има случувано многу пати да патам од панични напади и анксиозност во животов и тоа секогаш од длабоко размислување и навлегување во нешта пример сум имала период каде што сум мислела дека ќе умрам од неизлечива болест колку и тестови да сум правела на лекар пак сум го трпела стравот и паничните напади
Сите се соочуваме со такви или слични проблеми. Мој совет е да одиш на психотерапија. Јас конкретно пиев АД, ама ги оставив, одев на психијатар. Сега се хранам здраво, вежбам, пешачам, гледам серии, читам книги итн. Не дека не ми е лошо, ете знаат поредовните членови, хаос бев оваа недела од страв да не ми е нешто на срцето и чекам да ме осигураат дека се е во ред со мене и дека и тие минувале низ истото за да можам да се опуштам малце да не трчам во Жан Митрев да давам 100€ за џабе. Мојот совет е да си побараш стручна помош, што порано тоа подобро, да не запаѓаш во магичниот круг на анксиозноста и панични напади. Јас имам ист таков вид на анскиозност- хипохпндрија или на англиски health anxiety. Со тоа се борам сто години. И ете уште жива здрава фала богу сум, ама секоја недела нова болест си барам, трчам по доктори итоа приватно одам пошто немам доверба во државните институции, се убив од пари давање, и така во круг.
Знам, и јас истото го правев кога мислев дека имам некој здравствен проблем, но сега проблемот е друг, проблемот се лоши мисли, измислени работи, измислени случки и страв од тие случки, не ми е јасно како преку ноќ се ми се смени, се си ми беше јасно во главава и за што се вели 1 секунда ми се испомеша паметот, а длабоко во душава знам дека не е така како што мислам, ама ете тоа е стравот, дали за болест или за нешто друго, кога ќе си го измислиш и почнуваат панични напади такви работи и после неможеш ни да размислуваш како што треба, не си веруваш себеси како дотогаш...знам дека се е во нашите глави бидејќи да не било немаше да ни се случи од преку ноќ....
Си живееш во мир, спокојство, самодоверба, и оп одеднаш лоша мисла замислена, ете го стартот на панични напади и анксиозност
Вчера јас. Цел ден супер. Легнувам во кревер, од една мисла, до друга мисла.. и оп станав со главоболка, болки во вратот, напнатоат.. се е тоа анкс.. се.
Мене ми се врати внатрешниот тремор. Е нема нешто полошо од ова, после палпитациите. Цело тело ми врие внатрешно, мислам крвта во вените ја осеќам како тече. Пред 2 години психијатарот ми даде 3 недели боледување за ова, не можев да се сконцентрирам на ништо од ова грдо чувство. Нервниот систем ми е прегорен веќе. Дали некој има искуство со Неолексан? Има некој ефект?
Zdravo! Dali nekoj drug ima anksioznost samo vo odreden del od denot? Jas naprimer imam od sabajle do okolu 12h a popladne sum sosem normalnoili sekogas mi se slucuva za vikend petok ili sabota.
Па тоа е анксиозноста. Интринзични мисли, безвезе, нереален страв за измислени ситуации. Јас седам скраја да е и си мислам што ако ми се јават сега да ми кажат дека на некој дома нешто лошо му се случило и навлегувам во тие чувства во тие филмови и паника ме фаќа, почнувам да се гушам, да ми се врти, тешко ми е на душата онака премногу без потреба. И станувам нервозна не можам да седам во место мора да правам нешто за да ги избегнам мислите. Исто цело време мислам што ако умрам како ќе му биде на моите, јас што ќе чувствувам и хаос хаос мисли. Цело време живеам во тоа ШТО АКО... а всушност се си е океј. Среќа имам многу поддршка од мажот ми. Ме гушка ме смирува ми зборува дека се е океј ме теши инаку не знам до сега што ќе правев. Ама, за се има лек во животот, се ќе се среди, со професионален пристап од стручно лице, со добри совети. Јас планирам нареден месец на психолог да одам малце да ме насочи правилно да ги менаџирам лошите непосакувани мисли.. ќе видиме како ќе биде...
Анкциозноста е таква друже, за секој различно, не има со различни примери. Пример-некој чуствува гумени нозе, некој неможе да диши, имам пријателка која 2-3 години имаше проблем со желуднико мислејќи дека има некоја си бактерија и поради тоа ги има болките и не јадела со денови, цели тие годими се отруј од апчина, дур сеа знај дека и е од анкциозноста и дека желуднико нема никаков проблем. Анкциозноста си најдува место каде шо напајѓа и се чуствуваш исти симптоми како да си болен од нешто. Зборо ми е дека треба тоа нешто да се сфати дека е од тоа и со тек на време ке го победиш, можи понекогаш да се наврајка ама кога вејќе знаеш од шо е и од самата мисла го исфрлаш од себе. Мој совет е одите проверете се да ви се тргни од мисла, кога ке ги добиете резултатите дека се е во ред и сфатетего тоа дека е така и ич не се замарајте со најлоши мисли као да еве сега и друго боледувам, рак имам ова имам она имам тоа е целта на анкциозноста создава мисли дека ке умриш, дека нешто ти се случува и така натаму. Поздрав и имајте убав ден, и ве молам сите мадоврзетесе кажете искуства, дајте совети да си помагаме еден со друг
Здраво, да јас пиев од природни тревки апчињата немаа име не се фирма ама беа многу добри скрос био, природни и многу ефикасни. Не ги пијам 2 години ама ако те интересира ке се потрудам да ги најдам
Здраво Те прочитав дека си имала напад на паника, си имала страв шо и да е како и да е. Сватисиго тоа дека е само една обична напад на паника, не си измислувај дека ова само тебе ти се случило, или дека никој не можи да те разбери. Него таа мисла дека за некого дома ке му се случи многу си ја величиш во глата и си ја замислуваш реална и си предизвикуваш паника, анкциозност. Оди на психијатар океј прими совет, или таблетки ама немој да продолжиш така и да си засадуваш негативни мисли во главата да си предизвикуваш паники така и било кој човек да си фантазира ке се разболи. Шо и да иди ке дојди сите ние тука еден ден ке се вратиме на БОГА Чоек треба да си се пази сам да то е точно ама сепак кога е војла на БОГА тогаш ке се вратиме кај него нели никој нема вечно да остане во овај свет. Затоа опуштисе не си единствена шо и се има случено такво нешто само треба ива да го сфатиш шо ти кажав и опуштисе нема причина ич за ништо да не му ја мислиш. Поздрав и имај си убав ден, и ме туку гуглај по интернето пошто свашта се пишува само да привлеча внимание ич да не веруваш то е то bb
Точно така девојко браво, многу добро си ја разбрала работава, дај боже сите тука да го разбераат ова шо го кажа. Поздрав и имајси убав ден би сакал да споделиш и ти било какво искуство и информации за ова тема, верувам дека си личност со која можам добро да изназборувам за темава секако ако не ти е проблем поздравче
Здраво друже И ако си смирен незначи дека анкциозноста не е присутна, јас имав огромна болка позади левото уше, напраив 300 прегледи се здраво право, и се сетев дека е од анкциозноста. После некој ден ми помина и еве фала богу до ден денес не се повтори, цели 2 месеца се малтретирав по прегледи по ова по она, ама анкциозноста знај да те натера да чуствуваш болки во кој било дел од телото и исто као нешто да имаш разболено во тој истиот дел. Ама тоа се победува само со мисла треба да се сфати дека анкциозноста е таква и дека поради неа така се чуствуваме и ке помине
Здраво би те замолила ако можеш да ги најдеш апчињата што ти помогнале на тебе,би ти била благодарна позз
Нема проблем тука сне да си помогниме, па очекувај денојве ке ти пишам во порака, пошто заборајв од која аптека ги купуваше мајками треба да ми кажи и ке појдам до аптека да прашам, па ке ти кажам некаде понеделник вторник И пак ке кажам, апчињата се скрос био, од природни тревки, за смирување се и мирен сон. Пошто јас никогаш не бев под терапија на апчиња и слично, ги пиав тие од природни тревки, користев и црно семе-црн ким тоа е масло кое стварно е многу лековито, имунитетот го зајакнува на максимум, и помага за смирување од депресија и слично. Ти го препорачувам и ова масло да го пијаш секое утро ке ти кажам и како се користи, Една лажица мед, и една супена лажица полна со маслото, и вода околу 150 мл да биди малку топла промешуваш повторно и то е то. Лек за душа Се читкаме денојве обавезно ке те информирам, поздрав и убав ден
ЗДРАВО Еве ме мене со јавен идентитет, со име и презиме со моја слика, нема потреба да си го кријаме идентитето мое мислење, сите ние тука се бориме со едно исто нешто и ич не ме плаши кој и да прочитаа за мене, мене ми е најбитно тука да споделиме искуство и информаци! Да си помогниме еден со друг, пошто јас како шо можам да те разберам неможи некој да очекуваш да се разбери шо не се бори со анкциозност, така да ние овде сне доктори за психичките проблеми, а за проблемите на здравјето, слда треба чоек да се консултира со доктор. А најголемата проблематика со анкциозноста е тоа шо прво психички напајга после во телото предизвикува чуство на болка и слично, психата алармира на телото испрајќа информација дека следува опасност дека нешто ке се случи, или нешто се случува а сето тоа иди прво од психата, зато ние се тресиме, се потиме, неможиме да дишиме се гушиме, грутка на грло, болка во гради, гумени нозе, болка овде болка онде, одиш на доктор проверуваш се е здраво и пак упорно си фантазираш боледувам, неможа доктороте да пронајда, си велиш неможи да имам болки а резултатите се океј. Разберите луѓе анкциозноста ја има таа моќ да предизвикува такви чуства, лоши мисли, болки и ред други такви работи, се е во главата ние сами си сне доктори, колку се зајакнуваш психички И! КАРАКТЕРНО толку си посилен против анксо. То е то од мене надоврзетесе со мене поставите прашања, кажете по нешто немојте само да читате и да снимате кој шо кажа не се плашите и не се срамете нема потреба од тоа, јас еве како за пример единствен сум со јавен идентитет. И ич не се страмам од тоа. Поздрав до сите и имајте си убав ден
Даа на почетокот го имав тој проблем е ужасен, траеше околу 2 години, поради тоа и неможев надвор да шетам ама се победува со тек на време, се се победува само верба во себе, храброст и цврст карактер немојте како кукавици одма по апчиња и апчето ке те смири привремено и ке се надеваш на апчето, доволно ти е да знајш дека еве јас го поминав тоа, то значи не си единствена, чим јас го победев тоа и нормално е се сега со видо никогаш немам проблем, можиш и ти биди трплива имај трпение, имај храброст покажи цврст карактер и ако те измачува ке го победиш ке го надминиш тоа, излагај шетај си, ако е присутно тоа остај го не кревај паника знам дека е мачно и тешко тоа со видо е малку проблематично ама се победува и ке функционираш нормално ке ти исчезни тоа со видо малку време треба не можи на еднаш запамтиго ова, џабе да трчаш по доктори резултатите ке бида скрос добри и нормални сњ здраво право и немок да те чуди оти така ти е видо, знај дека е од анкциозноста и дела треба маллу време ке го победиш не е страшно, биди срејкна шо јас ти го кажувам ова пошто вејке јас го поминав и надминав, то значи дека имаш некого кој ти кажува искуство поминато со проблемо и ти гарантирам дека ке го надминиш, многу е полесно кога некој ке ти каже, а јас кога го имав тој проблем бев како тебе незнаев шо се случуваа фантазирав праев еден куп прегледи ама сфатев дека се е до анкциозноста и го победев нештото го надминав, сам си давав сила и утеха, сам се охрабрував и ако светот ми се рушеше над глава пак не се предавав, а то сега не си сама во твојата глава ме имаш и мене доволно е да се сетиш дека некој го поминал тоа нешто шо ти сега го поминуваш и дека кога можам јас можиш и ти само трпение неможи на еднаш малку време треба ке биди се океј. Ти посакувам брзо да го надминиш тоа со видот и тука сум да споделувам се шо знам пиши слободно ке ти кажам и тактики шо ке ти помага дур да го надминиш скрос. Поздравче и имај си убав ден
Дали ве фаќа наеднаш тахикардија, 5-6 откуцаи силни и брзи и сама да се смири. Дури ме фати паника што се случува само си престана ама се препотив во рацете и стомакот ме фати од страв.