Повторно ми се појавија симптомите на анксиозност, знам дека е последица од стресот што го имав последниот период, одамна ми се немаа појавено палпитации кои ми се јавуваат додека ги извршувам секојдневните активности и на моменти имам чуствство како да се гушам и не можам да земам воздух, како стегање во градите. Минатиот пат ова го надминав со редовно вежбање, сега не знам како да се справам со оглед на тоа дека сум постојано дома, времево воопшто не ми оди во прилог, а и ситуацијава со корона. Совет некој што минува низ истото?
И кај мене е исто, имав период од 3 недели ми беше како некогаш, таман помислев помина и оп ми прескокна срцето од никаде, ме извади од памет и пак почнаа лошите мисли.. веќе 2 недели имам палпитации, боцкање во градите секој ден и повремено отежнато дишење, совет вежбај си пак штом еднашка си успеал/а ќе успееш пак, јас пешачам секој ден, во теретана исто, музика, позитива само и активност
Dadete mi sovet.. celo vreme sum pod panika .. samo toa go mislam..se osekam deka sum voznemirena..muslulite na liceto i vrator mi se okoceni..nemir golwm vo mene.. se plasam
Написе нешто за смирување,еве и јас сум така одам до работа триста паники дури да влезам потоа се смирувам
И самата знајш дека ти е од анксо и упорно пак се вртиш во круг, сите така размислуваме колку побрзо ке сватиш дека немаш ништо толку подобро за тебе. Само не и давај важност на таа мисла и ништо фазла, сеа еве ти кажувам и ако продолжиш со исто размислување значи слаба си карактерно. Ова ти го кажувам за да си всадиш во главата дека сите истите стравови си ги праиме во главата дека неможа да пронајда си велиме како е можно да имам болки и мачнини, а резултати се добро, и за то иди до збунетост, ама ако си го разбериш нештото ич нема проблем да имаш со тоа. Анксо доведува до сето тоа, болки, мачнини, и нормално дека така ке размислуваш овде 100% сите истото го поминале, а појќето уште го имаат овај проблем и се мача по прегледи ова ми е она ми е, неможа да ми најда, канцер имам, рак имам, одма на најлошото, тоа е целта на анксо и зато до сето ова иди. Ова сето ке го надминиш само ако воочиш шо е како е, и ке научиш како да се справуваш со сите проблеми во врска со анкциозност, најбитното е да не и даваш важност на секоја пореметена мисла, и одма паники, напади, и истото пак истото,истите мисли потиснати во глава, фантазии и така натаму. Позз и имај си убав ден ти посакувам тебе и на сите шо ме чита шо побрзо да ја сватаат суштината на анксо и полесно да се справат со тоа.
Не и давај важност не паничи, и занимавај се нешто ке ти помини за ден два, само не давај важност не фантазирај не паничи, не шетај со паметот ваму таму и то е то
Здраво Имав анксиозни и панични напади особено откако почна пандемијава. Веројатно сум имал и претходно ама не сум бил свесен што е. Ми дадоа да пијам неуробион, што се "концентрат" од Б витамини уствари. Веројатно пошто немам пиено никогаш ништо појако, можев да почувствувам разлика со нив. Нешто што ми помогна беа долги прошетки во природа, вежбање и трчање. Панични напади не сум имал со месеци, а анксиозноста си се појавува одвреме навреме, ама некако ја прифатив и можам да ја канализира во вежбање, пишување, цртање. Наоѓам постојано некое ново хоби, и седнувам да истражувам и учам нови работи баш како во школо. Освен тоа се терам со сила да сум меѓу луѓе, се терам да започнувам разговор со непознати на пример во продавница, на каса или слично, или пак барем да им кажувам на луѓето добар ден. Што е тешко бидејќи сум голем интроверт. Ама ми препорачаа да правам работи си кои ќе искочам од комфорд зоната. Реално ми помогна тоа да го навикнувам телото на стресни ситуации, за коа ќе се појави некое негативно чувство полесно да ми помине. Во тоа ми помага и ладен туш, помалку шеќери, кафе само еднаш неделно ради вкус, и други навидум "ситници". Само колку подолго се чека толку потешко. Не е ништо страшно да се консултира доктор. Тоа само кај нас можеби е сеуште табу. Во сите поразвиени земји кај луѓето ова е како добро утро. А западот полека си доаѓа и кај нас... Имам само еден совет, не ги чувајте чувствата за само за себе. Отворете му се на некој близок или пак на професионално лице. Не се борете сами
Денес имав на работа, напад на плачење. И ме прашуваат зошто сум плачела, а како да им објаснам? А, тие. Не плачи, не биди мало дете, не си мала, порасни! А ете што рекол Бог.
Луѓе незнам што ми се случува. Некоја вознемиреност чуствувам. Ај викам ќе си легнам сонот да ми дојде уморна сум. Неможам око да склопам. Ми иде да плачам, ама се држам не си дозволувам. Чуствувам како да треба нешто лошо да се случи. И нека ми се случи, подобро мене него ли некому друг..
Сите емоции кои ги потиснуваме, не исчезнуваат, туку избиваат после во полоша форма. Нема ништо лошо да плачеш кога имаш потреба за тоа, тоа е емоција.
Насобрани стресови. Нема ништо лошо да се случи. Пробај да не размислуваш многу за тоа навечер, за да можеш да заспиеш. Како се осеќаш сега? Пиши ЛП било кога ако ти треба разговор за било што.
Се надевам дека веќе си подобро. Дали прв пат ти се случи? Јас имав такви анксиозни напади. Начинот на кој се изрази во постот ми беше тригер и ме потсети. Обично чувство е такво дека нешто некому ќе му се случи лошо. Не ги сопирај солзите во такви моменти. Ќе ти олесни. Ако ги собираш и потиснуваш, недајбоже друг пат можеби уште посилни насобрани негативни чувства да имаш, кои некако ќе мора да избијат физички. Не игнорирај дека ти се случило, размисли во наредна ситуација што ќе ти помогне. Имај "exit" план. Можеби некоја позитивна песна, слика, или пак да се јавиш некому во тие моменти и за да ти зборува. Повторувај си во себе или на глас дека се е во ред, и ништо лошо нема да се случи. Како превенција мене ми помагаше еден период да пијам Б витамини пред спиење. Освен тоа еден долг период избегнував да гледам или читам вести. Читај некоја книга дур да ти се приспие, ама некоја по стручна литература (можеби нешто околу психологија или друга тема која од секогаш те интересирала), не читај некој роман што ќе ти влијае на мисли и емоции.
Super bev pred nekolku dena eve ne dva tri dena pak srcebineje imam ispiv diazepam legnav malku sum zaspala eve stanav pak go osekam srceto kako mi cuka niz celoto telo i mnogu mi e neprijatno , inace imam napraveno ekg eho se e vo red dali se raboti za srce pak nesto ili od stres mi e me ubivat ovie simtomi ovie misli
Јас правев КТ на главата и фала му на Господ све е во ред но мене главата не престанува да ме боли лева страна од главата мн ме болит со си око..Дали КТ може да покаже промена на хипофиза? А и немам редовна менструација и тоа мн ме мачи
Здраво девојки, за 2 дена ќе имам голема презентација но имам социјална фобија, преголема анксиозност, страв од говорење јавно бидејќи палтечам и уште сеа се потам мн и се тресам.. дали да пијам пропанолол, дали помага и дали можам да земам без рецепта?
За тоа треба да правиш магнетна а не КТ. Ама болката ти е од напнатост.. Земи аналгетик (аналгин, беналгин, вентор што пиеш) заедно со 2 Б6 оние Бедоксин најобичните ако не пиеш нешто за смирување, а ако пиеш земи дијазепам од 2мг, или хелекс и легни малку ќе поспиеш.. На сликата имаш 2 типа главоболка, или ти е мигрена или кластер.. Само тоа што ти кажав, слушај паталец. Аналгетик со нешто за смирување, темна соба, легни и заспи малку. После ќе си како нова. И земај магнезиум, Б витамини да не ти се повторува, зашто е само од стрес и напнатост.
Здраво Незнам што е пронапонол искрено, не сум користел. Но, можам да кажам дека имам искуство со јавно говорење пред групи од 50 па до 2.000 луѓе за стручни теми и презентации - а тежок интроверт сум. Ако сакаш неколку точки да ти кажам што мене ми користеле и како психички да се подготвиш пиши ми порака, да не забегувам тука од темата.