Еден познаник имаше правено КТ на глава и му покажала некоја сенка дека не било во ред па правел магнетна и излезе дека има тумур на хипофиза затоа прашав...Можно е да имам мигрена не знам што да мислам веке збунета сум многу уплашена све само на лошо мислам ако некој ми каже нешто во врска со болест одма помислувам дека и јас го имам истото и ко ќе размислиш ова не е живот си ја премачив душата психички сум пореметена
Овие денови некако тешко ми оди против анксиозноста. Се држам некако, излегувам дури и да не ми се излегува само за да не се вратам на стартна точка... Ама мислите се тука. Пробувам да ги игнорирам и понекогаш успевам, понекогаш ме совладуваат. Најлошо ми е веднаш по станување или пред излегување од дома. Ноќе сум најмирна, кога се е тивко и кога не морам никаде да брзам.
Од вчера имам грчеви во стомакот и се убив од плачење мислам дека е крај умирам, пробувам да се држам некако ама слабо ми оди цело време хипохондричниот ум ми вели дека имам некоја болест..
Главоболка може да имате од некој расипан заб неизваден корен или некој нерв да притиска така да проверете тоа. @greenday има изгледа стомачен вирус ништо не ти е , не умираме така лесно знам дека паметот ни е 200 со такви мисли ама ништо не ти е
Иста сум.Некако се држев неделава додека одев на работа, ама денеска од кревет не станав. Малаксана, без сила.Мозоков триста на саат ми работи, толку работи сакам да направам, ама од кревет не можам да станам. Дали времево што нагло се менува. Станав во 10 во 1 легнав спиев како во бунило до 4 попладне, и пак лежев цел ден. И притсоков ме зеза морам да закажам контрорла на кардиолог одамна не сум била да видиме да не треба некоја терапија или да се смени истата. Не знам веќе што да кажам, годинава зад нас хорор, неизвесност, напнатост, колку и да сакаш да си релакс после секое излегување меѓу народ во потсвеста ти е Што ако сега се заразам. Барем мене ми е. Ајде белки ќе помине. Да си се тешиме некако.
Не е некоја конкретна терапија, немам константно висок притисок најмногу до 140/100 ми оди и обично кога имам појачана анксиозност ми се покачува. Знам кога сум од анкс земам хелекс и ми помага, ама некогаш по потреба пијам 1/2 Лосартан.. Да не го оптеретувам срцето. Ама не сум била одамна на контрола кај Кардиолог а на 100 метра ми е од дома, па морам да закажам да сум раат. Си се навикнав јас да живеам со анкисиозноста а и годинава каква ми беше добро е.
Најголемата грешка е нештата да ги игнорираш. Колку повеќе потиснуваш, толку повеќе ќе те совладуваат. Пример, не ти се јаде чоколадо, но некој ти вели, не смееш да јадеш чоколадо. Желбата кон забраната ќе биде поголема, отколку самата желба да го вкусиш чоколадото. Така да, не си брани на себе да имаш негативни мисли. Спознај ги, кажи им добре дојде. Колку повеќе го пушташ мозокот да размислува на се и сешто, толку помала моќ ќе има стравот.
Незнам дали ќе може без рецепта јас прашував не може мора рецепта освен ако имаш некој познат што работи во аптека,дури и на дежурен лекар да одиш и да побараш рецепта за диезипам викаат ние не препишуваме мора матичниот доктор да ти препише
Не знам искрено зошто така да би зеле бензодиазепини. Можам да разберам и дека ви е тешко, дека сте напнати, се борите со несоници, со намален апетит, со бес... И се што носи анксиозноста. Ама за лекарства строго треба медицински надзор. Сите тие се иста група, ама различен им е составот,затоа најдобро е да се консултирате со доктор.
Jas mislam deka inaat efekt. Koga sym epten napnata gi pijam i me smiruvaat duei mislam deka i serotoinit mi to kacuvaat. Tyky me interesira posto nogu veeme ne sym inala bas panicni napaeu... sega koga se osekam.napnato cel den, pa me fake i nekoj napad.. koga kw si dojsam doma, me bolat vrqtnite muskyli.. duri i glavata malky, se osekan kaki zgazena od voz. Normalno li e toa?
Da. Sosema e normalno. Tenzijata vo vratot e toa sto se boris preku den, i koga kje dojdes doma, kade se osekjas sigurno se opustas i so toa se osekjas malaksano. Sosema normalno.
Дали анксиозноста може да предизвика болка во градите, како притисок? Направено е екг и крвна слика, во ред се