Здраво кога ми беше покачен притисокот отидов на дежурен ми ставија инекција и ми рекоа да се напијам дијазепам кога им реков дека немам дома бидејќи досега не сум пиела и да ми препишат рецепта ми рекоа ни не смееме да препишуваме мора матичната докторка поради тоа знам а не дека сама ќе пијам лекарства какви било.
Се обидувам. Проблемот е што моите мисли често знаат да отидат предалеку, а во состојбата на силна вознемиреност не е лесно да се разграничи што е нереален а што реален страв...
Јас мислам постојано се анализирам, буквално, која сум, што сум, дали сум, зошто сум, дали е нормално, дали полудувам, дали веќе, дали имам болест, дали ќе биде вака цел живот, веќе почнав и на дали ми е така да ставам: дали мислам стварно, абе ужас.
Егзистенцијална анксиозност. Мислам дека доаѓа во 'преломни' години, почеток на 30ти, или пред битни животни одлуки. Знае да биде забавна некое време. Кога ќе сфатиш дека никој никогаш не одговорил на прашањата од тој тип, а ти и понатаму продолжуваш да го мислиш истото, веќе не е интереснo.
За покачен притисок кога веќе ќе стигниш на болница мислам дека дијазепам ставаат зошто само тој оди во инекција. Ама не сум сигурна зошто не сум медицинско лице. За покачен притисок не е решението дијазепам да се напиеш и да ти се регулира, треба да ја најдиш причината. Дали после стресна ситуација, животни проблеми од нешто ти варира. Најдобро ти е да ја посетиш матичната да ја известиш за ситуацијата во која си била и дали ќе ти даде упат да испиташ уште нешто или ќе остане на препишување на дијазепам.
Еве и мене. Работам работа под притисок. Под притисок сум постојано од колешки, од камери, па и викенди работам. Под притисок од моите да останам на работа. Лигаментот што ми беше истегнат изгледа се активира од многу стоење. Решив орлови нокти да ставам за да се средам. Решив да си дадам отказ и да се ослободам психички. Ние живееме како ќе ни кажат другите, а не ние како сакаме. Затоа сме вакви. Се што ми вели денеска срцето ќе направам. Ќе кажам НЕ на се што ми смета. Ќе кажам Да на себеси.
Еден психијатар ми го има кажано ова, но со поинакви зборови: премин од млада во зрела личност ама јас многу долго изгледа ја поминувам таа фаза
Со редовни вежби за врат (и други делови на телото) и редовни масирања со гел за намалување на болка (Fitalp е топ).
Па да. Сите ги имаат овие прашања, тие се нормален, составен дел од човековата природа и љубопитност за светот што не опкружува. Кај нас, анксиозните, проблемот е што сакаме контрола врз тоа, и тука заглавуваме. Веројатно што побрзо сфатиме дека сè постои независно од нас, полесно ќе ни биде.
Dali eho i ekg dovolno se za ispituvanje na srceto ili treba nekoi drugi analizi da se pravi? Celo vreme mislam deka imam nesto problemi so srceto
Ако е проблем со работата на срцето ЕКГ-то детектира макар и мирно да е во моментот. Кај мене одма покажа, комплетен интернистички направив, еве на терапија сум за срцето. Притисокот 140/100 ми одел, а ништо не осеќав. Не си стварај одма филм дека е најлошото кога си испаничена. Ако ти олеснува, направи ги сите испитувања на срцето, за да бидеш помирна.
Fala ti za odgovorot znam deka sve e vo glavata ama posto imam i so visok pritisok problem zatoa i se plasam, inace doktorot mi rece sve ti e od stres i sto si mnogu cuvstvitelna zatoa imas i takikardija i sve drugo , a i dosta sum pod stres i dosta imav problemi pa uste mi traat sobrano mi e sve
Ова до сега не ми се случило. Стварно не знам што да мислам. Два дена по ред чувствувам како палпитации и тоа легнувам да спијам и тогаш наеднаш и почнуваат да ми трнат рацете и ќе се разбудам.Баш чувствувам дека има пауза мала па тогаш отчукува. Не знам како да објаснам, како појак откуцај. Се будам а плачам за спиење ништо нема. А имам проблеми со желудник. Не сфаќам. Имал некој ваков проблем?