Zdravo! Jas sum 42g i anksiozni napadi pocnav da dobivm od septemvri so dominanten simptom generaliziran strav i trpnenje na race i noze, potoa stravot se konkretizirase na prim. Strav od bolest, strav od smrt, strav od poluduvanje. So tekot na vremeto iscezna trpnenjeto, nl se uste e prisutno strav od poluduvanje izmesano so depresivni simtomi..Neznam do koja faza sum . Isto mislam deka sum vo predfaza na menopauza sto mozebi vlijae i vo faza koga se boram da dojdam do stabilno rabotno mesto tes studiram za da mi priznaat diploma za med.sestra vo Svedska bidejki neizvesnosta mnogu me plasi i dolgo vreme imav stravovi sto ke pravam vo stranstvo ako nesto mu se sluci na maz mi a eden period imav strav deka nesakam da go rabotam toa. Na primer bev na pulmologija praktizirav kade pacientite bea poveketo bolni od rak a jas so astma i eden den se zaprasav" sto baram jas ovde vo eden hodnik cel den kade ima luge pred umiranje, ne sakam toa da go gledam cel den , jas patev so nivnata bolka". Ako ti si vo tie hodini mozebi imas nekoe iskustvo koi bi bilo dobro za sovet.Blagodaram
Mene veke 2 dena me boli okoto potecen mie kapakot od okoto vegjata me boli koga ja cepkam dodeka spijam me bolat me klukaat i dvete oci i leva i desna strana od glavata me boli me pecit samo napred i celoto i mi se povraka
Што правиш ти со сама себе не ми е јасно? Или кукумавчиш дека си во депресија или како колешка твоја имала мака и допрва ќе и биде тешко или некои лекарства бараш некое магично апче што ќе ти напраи factory reset. Од 1600 страни 50% се твоите кукумавчења. Разбери дека НЕМА НИКОЈ ШТО ЌЕ ТИ ПОМОГНЕ СВЕ ТИ Е ВО ГЛАВАТА И САМА АКО НЕ ЗЕМЕШ ДА СЕ СРЕДИШ НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕ НИКОЈ.
Не сакам да бидам погрешно сфатен. Знам дека темата е чувствителна ама со години не се променило ништо во темава не кажал никој дека му е подобро. Едниот ист круг на луѓе е. Мора малце позитивно да се гледаат работите. Да ти го раскажам јас мојот живот да почнеш да плачеш све што поминав...ама тоа е што е мора да се тера.
За жал, физичката болка е сфатена и прифатена, а за голем дел од луѓето психичката болка е нешто што е „само во нашите глави“... Таа болка е потешко сфатлива затоа што е не е „опиплива“. И уште долго време ќе трае ослободувањето од овие предрасуди. Кога не разбирате, барем не судете, замолчете си. Не знаете какви штети можете да нанесете, дури и да тврдите дека го правите тоа со добра намера.
Јас не зборам нешто на памет. 5 години се борам со анксиозноста со низ све поминав сите можни симптоми што постојат. Од искуство кажувам.
Не го оспорувам тоа. Ти најдобро знаеш низ што си поминал и низ што поминуваш, но во секој случај треба да се бираат зборови. Баш затоа што тврдиш дека темата ти е блиска.
Кога веќе знаеш како е, зошто ја напаѓаш? Тоа што сакаш читај го, тоа што ти предизвикува вознемиреност игнорирај. Нема потреба од напаѓање.
И јас превземам одговорност, како свесна личност дека повредувам некого со моите постови. Морам сега да се исплачам.... Не знам зошто сме толку чувствителни на зборови.
Не е грешката твоја, не се обвинувај. Само без плачење те молам. Направи нешто што ќе ти ги пренасочи мислите, слушај музика, готви, читај, пешачи. Треба да поработиш на тоа да не се ставаш сѐ при срце.
Сите имаме битки со кои се бориме во животот. Ако тебе проблемот на @GirlLove не ти е нешто голем, и ти смета што пишува во темата, тогаш игнор. Што се сто стапа по туѓ грб, нели? Остави ја членката да напише што сака. Ќе ве молам, воздржете од препукувања во вакви теми, малце емпатија покажете.
И се извинив многу еве и јавно ќе се извинам повторно. Сакав само да кажам дека џабе е сето тоа пишување и жалење. Секогаш ќе ти кажат Не се плаши Не мисли на тоа Ништо не е Ништо нема да биде Мисли позитивно...
Да, ама дури и тие зборови имаат мал позитивен удел. Јас пред две-три години кога се борев со анксиозност и депресија, одредени членки премногу ми помогнаа да се изборам и сум им премногу благодарна. Еден утешителен збор значи многу.
Јас поминав низ сите фази на ова лудило. Ми останаа прескокнувањето на срцето и чат пат вртоглавици. Моментално имам болка во градите и тоа голема болка и сите нерви ми играат во мене. Ама на кого и да кажам како ке ми помогне?
Ти навистина да си поминувал низ ова, не би ти текнало да солиш памет тука. Ако не ти се чита темава, многу е лесно- не ја читај. Сакаш позитива? Отварај теми со позотивен контент. Не се дрзнувај на членовите кои поминуваат низ проблеми да им кажуваш колку е тоа битно или не, колку им е тешко и дали е оправдано. Гледај си го својот живот и бркај си своја работа кога веќе не знаеш да помогнеш. @GirlLove се што те мачи, се што ти тежи и се што осеќаш дека сакаш да го споделиш, пиши го. Нема мал или голем проблем. Кој не се соочил со анксиозност, не знае колку е тешко и каква борба е тоа. Темава е за тоа, на кој му смета, нека си излезе и готово.