1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. FoxyCat

    FoxyCat Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Инаку јас пијам Лунерба Плус и Валеријан Микс, многу се добри за да заспиеш, пошто јас имав проблем со спиењето, а кога си во анксиозна состојба и не спиеш е уште полошо, но не сум за тоа повеќе изгледа, вака си ја мачам душата, сакав да ве прашам што сте пиеле од антидепресиви, како ви влијаеле, дали ви се промени начинот на кој размислувате, дали ви се промени расположението итн...
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    Lunerba i Valerijana mix не се за анкиозни состојби. Посети психијатар, ќе ти даде терапија. Не можеме да ти кажеме кој како му делувале кај секого еден АД различно делува. Ти само го маскираш проблемот, а ништо друго не превземаш.
     
  3. ABoo

    ABoo Нов член

    Се зачлени на:
    18 март 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво,

    Ве читам неколку месеци но сега конечно решив да се зачленам. Моите симптоми (барем потешките физички симптоми) почнаа од јануари годинава. Најмногу ме исплашија палпитациите и брзиот пулс. На Гугл видов дека веројатно се работи за анксиозност и отидов на лекар. Ми препорача SSRI антидепресиви Цитрам, кои што за жал имаа тешки реакции за мене. Немир, сува уста, тешка депресија итн. Прекинав после само 3 дена.

    Отидов до Систина на дежурен за ЕКГ и ми рекоа дека срцето ми е добро. Тоа малце ме смири и бев многу подобар месец и пол, но сега пак се вратија симптомите, во поблага форма.

    Сакав да споделам со вас дека медитацијата ми помага доста, барем мене.

    Еве еден добар линк:


    Би препорачал да го чувате за кризните напади, помага многу. Единствен проблем е тоа штo ако често се посетува, го учите речиси напамет па го губите малце фокусот.

    Со среќа и споделете успешни техники. Засега не сакам да земам АД.
     
  4. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    За жал се е залудно. На некои луѓе колку и да сакаш да им помогнеш не прифаќаат совет. Многу други работи им се полесни од прифаќање на состојбата. Како да одат на психијатар и да пијат антидепресиви? Или па на психолог? Срамота е тоа. Само 'лудите' одат на психијатар, мислење од млади луѓе во 21 век. За сите вас кои имате проблем со анксиозност и депресија најдобронамерно признајте си дека имате проблем и мрднете од мртва точка. Дали со психијатар, психолог или комбинација од двете соочете се со проблемот. Со бегање ништо не се решава.
     
    На Tarara и Bojana890 им се допаѓа ова.
  5. FoxyCat

    FoxyCat Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека бегаме од психијатри/ психолози и кој рече дека е срамота да се појде, прво и прво за вакви негативни членки не ни треба да има место тука, затоа што има луѓе што се ранливи, бараат совет кај кој психијатар/психолог да појдат пошто знам и луѓе што некои психијатри/психолози им направиле уште полошо, второ ако сум прашала за апчињата, скептик сум за апчиња и ми е страв да пијам но ако морам ќе ги пијам, прашав само какви промени има од нив, трето имам закажано термин за на психолог не бегам, едвај најдов сите ми велеа дека првиот термин е за после 1 месец, четврто ако немаш нешто позитивно да кажеш или дадеш совет, или како во мојов случај побараш совет од повеќе лица не пишувај, можеш некому само уште полошо да направиш со вакви дрски зборови
     
    На Tarara, jagoda777 и Na.talia 24 им се допаѓа ова.
  6. FoxyCat

    FoxyCat Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Плус кажав што помага ако некој има несоница, еве пак ќе повторам Лунерба Плус и Валеријан Микс, пијам на вечер и ми помагаат одма да заспијам, тоа е мое лично искуство, можеби некој има поблага форма на анксиозност и може ова ќе му помогне ако не може да заспие, плус за да се тргнете барем малку од лошите мисли може да практикувате една вежба што на моја пријателка и ја кажал психолог, легнете во мирно тивко место, сами, опуштете се, дишете и издишувајте неколку пати длабоко и почнете пример од нозете, анализирајте го секој дел од телото, пример почнете од прстите на нозете, зошто ви се, какви ви се, за што ви служат, што ви помогнале или ќе ви помогнат во иднина и така сѐ дур не стасате до главата, и обратно од глава до нозе, оваа вежба е за да се тргнат негативните мисли, да го пренасочите мозокот на нешто друго, да го ангажирате за да нема време да мисли на лоши работи :)
     
    На Tarara, Ajronmen, jagoda777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    Девојчето е сосема свесна и знае каде да побара помош. Ќе се избори она со проблемот.
     
    На Tarara, Ajronmen, jagoda777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Женски
    Паничен напад во спиење !
    Имал некој вакво искуство?Да ми пише како изгледа.Дали е ова. Имав панични во спиење додека бев со ковид ама беше со тресење на цело тело.Сега ова што ми се случува е во спиење да немам воздух, како да се гушам и станувам рефлексно во седечка положба и борба за воздух... гризам јазик за да не го голтнам...од страв.Како капаче на грло некој да ми ставил.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да посетиш психијатар ли во најамла рака да се јавиш кај матичната да ти препише некој благ седатив. Не се мачи.
     
    На Tarara и jagoda777 им се допаѓа ова.
  10. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Женски
    Вака преку ден сум ок не знам од каде сега ова... потсвесно изгледа.
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    пост стресен синдром.. не си ја мачи душата земи си нешто за смирување. Ти и кога си била болна толку си била под стрес што сега си се одразува.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ABoo

    ABoo Нов член

    Се зачлени на:
    18 март 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Да, класичен паничен напад. Јас имав едно такво искуство во спиење, во период кога анксиозноста ми беше во пик.
    Во такви ситуации добро е да се потрудиш да се убедиш дека е привремен напад на паника кој ќе помине. Потруди се да го смириш дишењето, длабоко и смирено. Исто така се препорачува техника на "приземување", со тоа што ќе се фокусираш на неколку работи околу тебе. Да се обидеш да ја перцептираш нивната форма, звук или мирис.

    И не мисли многу на таа епизода, оти стравот од повторен паничен напад ќе ти створи уште повеќе анксиозност.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Женски
    @nena2010 да, многу лошо ја поминав повеќе психички со многу панични :(дека многу време бев затворена дома ...
    @ABoo се одрази, избегнувам да легнам да спијам од страв седам до ниедно време, ама не функционирам преку ден ненаспана...така беше и во короната дали по 2 3 саати спиев ...:|
     
  14. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Не мислев дека негативно влијание ќе има моето мислење. Совет ти имам дадено во друга тема, и баш ми е мило што си побарала помош. Се надевам дека за скоро ќе си добра :)
     
    На FoxyCat му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sonjuska36

    Sonjuska36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Me ubi tahikardijata ne ni meram poke pijam 1/4 propranolol na vecer I na sabajle najmnogu me faka pred da dojdi vremeto za apce loso mnogu vozbuda tezina vo gradite uzas mislam ke se namali taa sekoj den me ubi
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    Не само тебе. Кај нногу периодов се појави анксиозност, паники, немир.. Лоша година, лоша ситуација.
     
    На Tarara му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Јас имав пред три години паничен во спиење и е мн грда работа,со АД се средив немам повеќе напади во сон,јас се будев со притисок 110/150 и пулс 150 мислев доживувам срцев удар и стомакот подујан како балон едвај дишев
     
  18. Ffffffff323

    Ffffffff323 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Дечки има ли излез од оваа состојба, прво осеќав трнење на главата бев во Филип 2ри не ми најдоа ништо ми препишаа некој лекови магнезиум неуро, фезам, лунерба и уште едни ги пиев 1 месец и мноогу ми беше добро ама не отидов на контрола сам ги откажав нагло ми се вратија симптомите, лоши мисли притисок мерење нон стоп се испитав во ред беше ехо, ехг се, бев кај Петре психијатар во воена болница ми даде Демитрин и Пароксетин 1 год пиев беше некако подобро ама ги разманав многу ме тераа на спиење, сега пак со притисокот не можам од глава да го извадам... ми се качува 150 со 100 седнам 15 мин смирам се симне се на 125 со 70.. Го мерам по 10 пати во денот ми се стредува снагата губам контрола на телото... Шо и да е лошо е дајте некое искуство или совет?
     
  19. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не смееш сам да прекиниш или смениш лекарства. За притисокот земи лук, знам дека го паѓа. Ако мислиш дека ти помага, оди почесто на разговор кај психолог.
     
  20. Ffffffff323

    Ffffffff323 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Мене ми паѓа без ништо без лук без лекарства ама ми се стресува снагата кога сум излезен надвор од дома а, враќам се го мерам ми го покажува висок и самиот се снижува,уште кај кој кардиолог бев тие ми се смејат ми викат немаш ништо