Denes sum horor bolki vo grb pa kako rakata leva da me nabolva se na loso me tera se trudam da ne mislam ama.....ete Vie kako ste?
@GirlLove @nena2010 @Simgeee Нека поминува со лесно душички. Само без сеќирации, ќе помине. Мој совет од искуство: никако не им обрнувајте внимание на медиумите. За жал, само лошо влијаат. Секој има свое искуство и нека не ве плашат лошите искуства. Ќе се одморите малку, правете нешто што ве опушта. Јадете многу овошје, супа и воопшто пијте течности.
Опушти се, измасирај ја раката. Напиј се витаминче и ќе се опушти, ако имаш магнезиум уште подобро. И времето е такво, смуртено. Ствара лошо расположение и болка во зглобовите.
Немам јас Корона, си имам други проблем што ме мачат. Анксот ми е најмал проблем.. Короната мене одамна не ме мава на психа. Тоа е што е.
Извини многу, погрешно сум разбрала. Биди силна, и тоа ќе помине. Ако ти треба некој за разговор, тука сум.
Фала ти. Нема зашто да се извинуваѓ, пандемија е нема срамно во фаќање вирус. само нека поминува со лесно.
Здраво дечки, и на мене ми се врати анксиозноста. Само овој пат малку појака. Дали ви се случило кога разговарате со некој што не сте се виделе долго време, колешка од работа, надреден да почне да ви се треси вратот и рацете неконтролирано ? Сум имала симптоми на анксиозност уште од мала но не премногу, ова веќе ме плаши. пс. не сум била на никакви испитувања не сум била на психолог и не сум земала никакви лекови
Како сте денес со времево? Мене прееска дур работев многу ми се слоши одеднаш, осетив ко да немам воздух, тахикардија јака, измерив притисок 130 ми беше, некако целосно ко да клапнав, опаднав. Сега се чувствувам грозно, срцево уште не ми е смирено. Обично вакво време ми влијае, ама одамна не сум се вознемирила волку туку така... И еве, да си се олеснам
Ве молам искуства некој со откажување на АД...премногу ми е страв да не се вратам на старо а планирам бременост и знам дека нема шанси да ги пијам...инаку пијам флуоксетин доста долго време,и хелекс 0,25...јасно ми е дека сум зависна но сакам да живеам веќе нормално без нив
Во фаза на откажување сум па не знам колку ќе ти биде од корист моето искуство. Прво почнав со психијатар и ад, подоцна со психотерапевт и следење на совети од нивна страна. Откажувањето ми оди постепено и искрено не осеќам дека намалувам доза. Слушај ги советите од докторот, биди редовна со контроли и психотерапија. Се надевам за брзо ќе успееш да ги откажиш ад и да си планираш бременост
Ќе пробам да бидам кратка: 7-8 месеци се чувствувам безвредно и безкорисно. Како да не правам ништо корисно, сите околу мене студираат, учат, работат а јас седам дома. Тешко ми е поради тоа што морав да го откажам факултетот, работев работа што не ја сакам, дома проблеми, проблеми у врска. Многу ми се насобра. Постојано плачам, ме стегаат стомак и гради дури, некогаш се чувствувам добро и расположено, некогаш тонам. Понекогаш станувам од сон и едвај земам здив, срцрво мислам ќе ми експлодира. Пред некоја ден си доаѓав накај дома и мислев дека ќе се онесвестам. Никого не можам да поднесам, се ме нервира и само плачам. Ништо неножам да сменам, страв ми е дека ќе имам мизерен живот бидејќи останав без образование. Дома не ме разбираат ниту ми даваат поддршка за било што. Расположението ми го иритираат секакви работи. Се е океј и наеднаш ќе се сетам каде сум во животов и почнувам да плачам. Пиев б комплекс, валеријана, лунерба и ништо не мо помага. Нозеве ги сокршив од тресење. И не е само факс проблем, туку за се што следи во иднина ме загрижува. Мислам како ќе биде, што ќе биде.. Не знам дали е анксиозност или не, само сакав да си кажам негде, бидејќи никој не ме разбира. Не знам како да си помогнам себе си, се изморив веќе. За роденденот пред неколку месеци ми дојде огромна тежина, плачење и нервирање за тоа колку времето лета а јас ништо од тоа што замислив не си го исполнив. Не сум никаде.. само рамна линија. Да надополнам исто така дека не сум злопамтило, туку не само што го замарам мозокот со иднината, имам работи од минатото кои неможам да ги надминам такви како што се. Незнам дали ме разбирате.
Девојче претпоставувам дека си сеуште многу млада, неискусна во многу полиња. Овај период што ти се случува е стварно тежок и сите ама баш сите имаме по некој проблем. Не е животот секогаш како што го замислуваме дури сме млади, туку треба да се носиш со тоа што иди. Решение за секој проблем има ама некогаш не сме во состојба да ги видиме. За почеток можиш повторно да почнеш да работиш, било што колку да не си дома. Подоцна можиш да се запишиш на факултет редовно/вонредно како што ти одговара. На лето и на зима има студенска работа можиш во некоја агенција да прашаш кои услови треба да ги исполнуваш. За љубовните проблеми разговарај со партнерот, видете дали сте на иста френкфенција. Во слободното време на youtube за се што сакаш има туторијали. Можеш да почнеш да изучуваш јазик, дизајн се што сакаш. И во случај ако мислиш дека не можеш сама да си помогнеш посети психијатар, психолог па ете тој нека биде прв чекор за помошта кон пронаоѓање себеси.
Јас ќе бидам долга. Нормално чувство е, сум имала периоди од неколку години каде што така сум се осеќала. Но знаеш што? Дефинициите за вредно и корисно се индивидуални, прашање на перспектива е, и постојано се менуваат. Еден прост пример, зготвен ручек за тебе и твоите според мене е корисно, а порано кога бев помлада тоа воопшто не го ни перцепирав, не па ли да го сметам за корисно. Така да, поработи малку на себе си и ќе сфатиш дека правиш многу нешта кои секако се вредни и корисни, сигурна сум. Ова ти е главниот проблем. И ако вака продолжиш да размислуваш и на 80 години, и тогаш ќе ти биде главен причинител на негативни емоции и мисли. НЕ СЕ СПОРЕДУВАЈ СО ДРУГИ ЛУЃЕ. Твојот живот е само твој, туѓиот живот е туѓ и немам никаква врска со твојот. Ако ти не студираш/учиш/работиш, а сите околу тебе исто така не студираат/учат/работат дали нешто ќе ти смени тебе? Не, затоа што ќе остане фактот дека ти, без разлика на другите, не студираш/учиш/работиш. Битно е дали ти нешто правиш (што сакаш) и дали ти нешто доживуваш. Повторно ќе кажам, батали ги другите. Не можеш да ги поднесеш затоа што им придаваш значење, како да се они битни што се во твоја околина. Кога нема да се замараш, мува нема да те лази, а не па ли да се потресуваш дали некого поднесуваш или не. Заблуда. Секој ден е нова прилика да промениш нешто што не ти се допаѓа, буквално. Искрено, образованието речиси и ништо да не значи во Мкд. Јас имам високо образование, па се уште со години работам работи што ниту ми се допаѓаат, ниту ми се по струка, ниту ме надополнуваат на било каков начин, ниту ми нудат некаква вештина или посебно знаење. И најважно од се', сите ми биле екстремно ниско платени. Јебига, нема премногу што можам да направам околу тоа. Можам само да се трудам да не ја сфаќам работата толку сериозно, да бидам најладнокрвна што можам и да наоѓам радости надвор од неа. Тоа не значи дека цел живот ќе ти биде мизерен. Звучи како претерано да анализираш во животот и си замислуваш некакви нереалистични сценарија каков треба да ти биде животот. Не постои распоред според кој се одвиваат нештата. Можеш да имаш цел и да создадеш план за остварување на таа цел, но не можеш да предвидиш кога ќе успееш да ја оствариш. И тоа е сосема океј, тоа е животот. Одредени работи на некои луѓе им се случуваат порано, на некои подоцна. А на некои воопшто не им се случуваат, па и тоа е океј, зошто тоа е животот. Но не си создавај притисок зошто нешто до сега не се случило, неразумно е тоа, нема поента. Има нешта врз кои имаш целосна контрола, има нешта врз кои имаш делумна контрола и има нешта врз кои нема НИКАКВА контрола. Врз иднината немаш никаква контрола. Можеш да си создаваш и цели и планови и желби, можеш да си визуализираш еден куп работи. Океј, нема ништо лошо во тоа. Но не можеш да ја предвидиш иднината. Таа не постои, буквално. Се што имаш е сега и затоа важно е тоа што сега го правиш. Не што си правела или не си правела во минатото, туку што правиш токму сега. Сега можеш да се решиш што сакаш, што е есенцијално за тебе. Сега можеш да смислиш план како да го добиеш тоа што го сакаш. И сега можеш да го направиш првиот чекор кон таа цела, без разлика дали ќе ја оствариш во иднина или не. Битно е сега да почнеш да правиш. Така е, времето лета, јебига животот е краток. Затоа не троши време на претерано размислување и преанализирање на минатите нешта. Почни да превземаш чекори да ги смениш работите што не ти се допаѓаат. Ако сакаш да се вратиш на факс, врати се. Работи нешто за да имаш пари за тебе, но не се приврзувај за таа работа како да е единствена на планетава. Ако имаш проблеми со партнерот, соочи се со нив и одлучи што понатаму. Најди нешта што ќе те радуваат, ќе ти причинуваат задоволство. Има толку многу работи за правење и уживање! Ова повторно е прашање на перцепција. Така си се убедила. Но кога веќе така се осеќаш, време е да направиш нешто што ќе направи обратно да се чуствуваш. Прекрши ја монотонијата, биди активна, креирај нешто, учествувај на некаков начин. Ако седиш дома и ништо не правиш, логично е дека ништо посебно нема да ти се случува во секојдневието. И за крај, повторно се враќаме од кај што почнавме. Заглавена во минатото, опседната со иднината. Не може така. Нема менување на минатото, такво е какво што е. Биди доволно зрела за да го прифатиш тој факт. Нема логика да трошиш скапоцено време на нешто што не можеш да го промениш. И на нешто што не постои како што е иднината. Мораш да бидеш самосвесна за важноста на сегашноста и да ја прифатиш обрската за нештата што ги правиш сега! Се' друго е губење на уште повеќе време. Поздрав!
Ме интересира дали некој имал гастритис предизвикан од стрес, кој не реагира на вообичаена терапија за желудник, па после посета на психолог и примање терапија за смирување на стресот му се смириле симптомите? Или исклучиво се зема терапија за желудник? Бидејќи во лечење на гастритис основно е да се исклучи факторот кој го предизвикува гастритисот, во случајов стрес, па некако порелевантно ми е да се третира стресот, отколку самиот желудник.
@Ambrosia имам пишувано дека во најтешките анксиозни периоди повраќав секој ден, имав болки во желудец.. штом ставив анкс под контрола помина. Во 4 години 3 пати имам повратено и тоа од стомачен вирус.
Мене ми е од стрес, барем така ми кажуваат докторите, но досега не сум била на терапија дадена од психијатар. Имам доста читано на оваа тема дека им се повлекуваат симптомите после терапија со антидепресиви, но сепак треба да се прима и соодветна терапија за желудникот во зависност од симптомите.
Дали е од анксиозноста чудно чувство во главата и нестабилност при одење...дури како вкочанетост на телото...обично ми се јавува пред пмс и трае и после тоа... Некоја напнатост ужасна немир