1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.233
    Нема лечење на анкциозност, може само да научиш како подобро да ја пребродриш тогаш кога ќе ја почуствуваш. Тоа е исто како да кажеш дали може да излечиш стрес, такво нешто не постои.
     
    На Guns N` Roses и LukrecijaBorgija им се допаѓа ова.
  2. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Женски
    Jac. Повели
     
  3. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.420
    Пол:
    Женски
    Ме преплаши сега повеќе:(
    Значи викаш да си се прифатам сега ваква и да научам да го контролирам стравот. Јас сакам да си се вратам во нормала каква што бев. Вака самата неможам да се поднесам, а не па друг да ме трпи.
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.233
    Нема зошто да се плашиш, всушност во моментот кога ќе сфатиш дека не треба да се плашиш од анкциозност, тогаш најлесно ќе се соочуваш со неа. Се плашиш да чуствуваш лутина? Или тогаш кога ќе ја почуствуваш лутината, сфаќаш дека чуствуваш лутина и правиш нешто за да ја престанеш да ја чуствуваш? Сигурно не си велиш "леле лутина ме обзема, што ли ќе правам?!". Туку едноставно и' се спротиставуваш. Така е и со анкциозноста.
    А тоа со прифаќање таква каква што си - има работи поврзани со нас што мора да ги прифатиме дека се такви какви што се. Но ние сме личности, постојано се менуваме, учиме, еволуираме. Така да, стреми се да ги менуваш нештата кои не ти се допаѓаат, само затоа што нешто сега се слулува не значи дека исто ќе биде засекогаш.
     
    На MMayers, Guns N` Roses, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Ima polno i toa nema vrska edno so drugo

    Ako si mislis ti deka ke se vrati, ke se vrati, ako si dobro ne misli na nisto, teraj...
     
    Последна измена од модератор: 31 март 2021
    На Guns N` Roses, nena2010 и Dashing:) им се допаѓа ова.
  6. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Топол поздрав до сите!
    Бескрајна поддршка за сите вас!
    Нов член сум. Моника тука.
    Почнав да ве читам од пролетва, кога ми се врати анксиозноста.
    Цел живот сум анксиозна, од кога знам за себе. И секогаш е исто. Поврзано е со здравјето и смртта.
    Како дете дури имав опсесивни мисли и ритуали.
    Некако низ годините ми исчезнуваше на периоди. Направив голема грешка пред 10 години кога продолжив да си го земам Лорамот секоја вечер до денеска. Од 1мг, никогаш не ја зголемив дозата, но никогаш и не го прекинав. Пред пет години се вработив како медицинска сестра. Бев фантастична можам да кажам. И многу стабилно се чувствував, оти цело време се грижев за пациентите и заборавав на себе. Бев многу добра, сѐ додека пред две години не ѝ открија тумори на мајка ми и уште истиот ден се пореметив. Истата анксиозност како кога бев тинејџер. Уште полоша. Цело време ја замислував мајка ми како умира.. Како ми е една од пациентите. Ми помагаше доста грижата за пациентите на моменти. Станав уште поемпатична, ги гушкав сите.. На раце ги држев сите пациенти како родени родители. Добивав ненормална љубов од душичките. Тоа ме држеше.
    Мајка ми иначе е добра, тумурите биле бенигни и дури исчезнаа оваа година. Но, стравот остана.
    Во есента 2019 ми се случи бајка.
    Ја запознав љубовта на мојот живот. Живее на Крит. Заминав таму на одмор и дојдов кај моите само два пати до сега со него.
    Дадов отказ на работа. И во брак сум од зимата 2020. Првата година со него се преродив. Немав секунда анксиозност. На сите ви посакувам љубов и партнер каков ми се случи мене. Сѐ беше бајно. Се прилагодив таму доста добро. Немав дури ни носталгија за дома.
    Почна Ковидот и првиот локдаун лани. Го издржав некако, добра бев. Таман заврши и чекав да почнам на работа, на прагот од летото лани ми се случува тешка инфекција со е.коли и завршувам на болница со чекор пред сепсис.
    Цела недела и пол бев хоспитализирана и на тешки антибиотици од кои речиси полудев. Ципро антибиотикот е на црна листа во САД, предизвикува штета на периферен нервен систем. Ми се случи тоа. Полудев. Инсомнија две недели додека бев во болницата. Ми продолжи и кога дојдов дома. Нервни растројства.
    Кутриот ми сопруг ме донесе до дома тука на раце за да се опоравам. Жртвува 2 месеци од работата од која живееме само да сум подобра дома. Се подсредив малку, и крајот на Август се вративме во Крит оти мораше да бидам таму за трајната виза.
    Некако бев подобра. Одевме секој ден на плажа, се грижеше за мене како за мало дете. Инаку либидото после инфекцијата ми е паднато до денес, но ме разбира потполно сопругот. Фати нов локдаун од Ноември, двајцата затворени во еден стан до пред две недели. Градот бучен, полн бетон без трошка природа. Почна да ме копка анксиозност пак цела зима, но од летото бев на терапија со Еглонил и некако се држев, сѐ до пред еден месец кога поради болки во грлото за кои бев убедена дека е Карцином, отидов на лекар, а таму прво ти мерат притисок за што и да отидеш. Амбиентот поради Ковид во болницата со полиции секаде ми начна тахикардија, пулсот ми беше 130, притисокот 110/90, добив паничен напад и избегав од болницата, јас медицинската сестра.
    Од таа ноќ почнав да си замислувам дека и срцето ми е болно чим дијастолниот ми е 90. Па да се обвинувам сама себе дека ради анксиозноста низ целиот живот сум си го разболела срцето. Се јадев и си го колнев сама себе проклетиот мозок.
    Почнав да не спијам пак. Две недели. Бев на работ од силите и одлучив да дојдам дома сама малку да се видам со моите. Сопругот ме поддржа. Дојдов сама со бродови и чуда и тахикардии по пат. Дома ми е исто. Сега ми фали сопругот и чувствувам вина што го оставив сам. Утре можда би оставила и дете ако не можам да се поднесам. Инаку, моите зимата прележаа Корона многу тешко, а јас не можев да им помогнам оттаму. Презагрижена сум за мојата иднина со сопругот. Премногу го сакам, но ми е страв да се вратам. Пролетва јужните ветрови и сахарската прашина на Крит ми го вратија целиот амбиент кога бев хоспитализирана со тешката инфекција. Последните две недели пред да дојдам имав клаустрофобија од Крит. И му реков на сопругот ако не се вратам дома ќе полудам. А замислете, свекор ми е психијатар, да се насмеам на целава мака. Ми препиша терапија, ама сепак не успеав да доседам таму.
    Буквално побегнав од Крит!
    Другари златни што делиме исти маки, кажете ми нешто убаво и надежно. Мислам дека гадно паднав овој пат! Побегнав од златниот сопруг во кого дишам, оти мислев дека пак ќе се разболам на Крит.
    Ве сакам,
    Моника.
     
    На jagoda777, LukrecijaBorgija, Tarara и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ffffffff323

    Ffffffff323 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Од твоите животни патешествија може да се снима филм
     
    На edna_malecka, Monica87 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    @MissChievous мислењата и советите од тебе!(y):bow:
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Na site ni se slicni prikaznite

    Jas pijam lorsilan sedum godini sekoj den po 2.5 miligrami nekogas i poveke veke i ne me smiruvaat kako porano
     
    Последна измена од модератор: 31 март 2021
  10. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Да мила Лукреција, тоа е анксиозноста. Иста е. Ми донесла и многу убави работи, ама знае и вака да ме направи да мочам во гаќи од страв. Сега сум заглавена овде. Моите и природата на градот во кој живеам ми даваат малку спокој, но паралелно сум преуплашена од помислата како ќе се враќам, треба да правам Ковид тест, ПЛФ, преку Евзони пуштаат лимитирани патници. Страв ми е да одам со авион. Па таму две недели во карантин. А на работа треба да почнам од 15 Мај, за прв пат, и од тоа сум преуплашена. Ќе треба да патувам со автобус 30 км до работното место.Не сум возач, а сопругот тоа време ќе биде на работа.. А на Крит е 40 степени 6 месеци годишно. Преуплашена сум да не ми се случи некој здравствен проблем пак. А лани ми рекоа во болницата дека ешерихијата ми е од паднатиот имунитет. А замислете, цела година јадев најздраво на планетава. Нивно домашно маслиново масло, најдоброто од морето и многу овошје од градината на старите од сооругот. Цела година водев љубов и се капев во морето како сирена, а ја имав најлошата крвна слика во животот. Климата.. Климата не ја прифаќам. Ништо добро не се лепи на мене таму.
     
  11. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам. Чекај да ти го раскажам цел. Би го сменала цел во моментов за трошка мир и нестрав. Се шегувам. Мора да издржиме. Неприлагодливоста е мојот проблем исто. И поврзувањето на стресните случки со местата. Порано сакав да побегнам од мојот град оти ме потсетуваше на страв. Заминав во рајот, ама и таму не најдов мир..
    Одговорот го знам, ама тешко е да се спроведе во пракса сеуште.
    Те гушкам!
     
    Последна измена: 30 март 2021
    На Ffffffff323 и Осе им се допаѓа ова.
  12. Ffffffff323

    Ffffffff323 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Џабе ќе ти солиме памет, секој си го има лекот во себе и да ти кажам смири се џабе е појако е тоа од нас ама со текот на времето го снемува
     
    На Monica87 и Tarara им се допаѓа ова.
  13. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Jas ziveam vo Ohrid od strav sedum godini do Struga ne sum pojdenaisto zesko mi smeta se gusam na sonce godini ne sum izlegla, a krit e navistina raj, se raduvav do paralija da pojdam ama tesko prilagodliva sum i znam deka nema da mrdnam od ohrid, eserihija dobivam i jas stalno, pij caj od divo origano mene mi vrvi od toa
     
    На Monica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Лукреција те разбирам потполно.
    Мене овој страв ми потекна од Крит и инфекцијата што ја добив таму. А замисли таму сум омажена. Коски ми се тресат од помислата да се вратам. Почнав да добивам панични од амбиентот таму. Градот во кој живеам е многу тесен, полн бетон и претопол. И јас сум од Охрид и разликата е голема. Во тешка ситуација сум, имам сопруг таму а страв ми е да се вратам. Не знам што би правеле во иднина.. Се чувствувам како мало дете кое сака да седи со родителите тука. Срце ме боли што не можам да му бидам стабилна партнерка.
     
    На Tarara му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Probaj reci mu da zivee ovde so tebe ako e vo moznost duri se stabiliziras ili vo krit da go smenite mestoto na ziveenje, znam kako ti e, id strav begav id site mazi ko ke videv deka saka seriozna vrska odma paniki na infuzii zavrsuvav i site gi brkav odmene, evo na 48 godini mi e strav da pomislam za mazenje, pa deca nema sansi, se od stravot, ti si pomlada probaj sredi se pij terapija, sega ne mozam da se pomiram deka taka go potrosiv zivotov i to mi prajt uste pogolema ankcioznost, soberi sila i sredu se duri si mlada, steta da go propustis coekot...
     
    На Tarara и Monica87 им се допаѓа ова.
  16. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Машки
    Некој што е на терапија со анти-депресиви и што се вакцинирал?
     
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Оставете животот да тече, не мислете ништо освен на сегашниот момент.

    П.с.дали откако излеговте од изолација се чувствувавте депресивно?

    Денес, моите дојдоа, се видовме на дистанца и заминаа
    Толку емотивна, не сум била, толку да плачам.
     
  18. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Lukrecija, pisi mi privatna poraka, mnogu mo trebas da razgovarame
     
  19. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Секако дека е нормално да си анксиозна и депресивна овој период, и без изолација. Мене ми е чудно и ненормално како некој може да биде психички стабилен оваа година. Јас не сум во изолација па ме пука анксиозност 300 на саат. Се вратив од Крит каде сум во брак со својот прекрасен сопруг, оти ми беше страв да седам таму и имав носталгија за моите. Мислев дека тука ќе се средам ма
    Дојдов овде на уште полошо. Направив страшна грешка. Сопругот остана таму, овде е полно заразени. Не одам никаде. Ме уби паника. А замислете свекор ми е врвен психијатар, ми препиша терапија и сите ме молеа да не избрзувам со доаѓањево. Ама, немав трпение. Анкдиозноста ме наведе на ирационални чекори. Мислев ако дојдам тука ќе ми е подобро.
    Плачете, врескајте, правете сѐ што ви се прави. Ова е период сѐ само не разумен. Пак ќе кажам, не е нормално да си стабилен овој период.
    Сега имам страв да се вратам на Крит. Имам паника од патувањето.. Ви давам на сите поддршка, сѐ е оправдано овој период. За почеток не се обвинувајте себе си и прифатете се како вакви.
    Јас се прифаќам како слаба и анксиозно пореметена.
    За во иднина ќе видиме.
     
    На krofnicka27, Tarara и GirlLove им се допаѓа ова.
  20. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам и јас те разбирам потполно , и јас имам прекрасен сопруг кој минува со мене низ ова година ипол и тие ни се благослов во вакви ситуации... Биди силна ке помине и ова еднаш и ке живееме слободни , те гушкам
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.