Rodnina moj e na AD i se vakcinira Srbija so AZ, se vratija vo Skopje so zena mu, prviot den posle vakciniranjeto imaa treska, sega se super. Mislam nema vrska sto bil na AD, tamu im pravele pregledi i gi vakcinirale.
Болки во прстите на рацете? прекумерно спиење или премалку?пиење кафе вознемирува и црни мисли постојано
Годинава има многу анксиозност. Психата е најпогодена. Се е возможно. Мислите да не ти ги кажувам, Стивен Кинг може вода да ми носи за хорорите во глава. Ама гледам да сум зафатена. Тоа е.
Имам постари родители.. татко ми срга треба да др вакцинира бидејќи спаѓа во таа група. Со муабетивр за астра зенека сум многу исплашена за него. Воглавнп дали ото се постари се ми се мотаа тие мисли. Дали се добриз да не ом се случи нешто? Како би го прифатила тоа, нив да ги нема Цело време ги мислам. Некои ми кажувааѕ па нема да бидат живи 200 годони.. нормално е.. ама мене не ми е. Некој се осрќа вака? Совет
Драга моја, јас се чувствувам уште полошо. Моите веќе прележаа корона зимата. Мајка ми беше потешка, али сега се супер. Јас како веќе напишав погоре сум омажена во Крит и имам фантастичен живот и таму и со семејството овде. Цел живот страдам од анксиозност и страв од губење на блиските. Свекор ми е врвен психијатар и не успеа да ме одврати од целта да дојдам овде во ова невреме. Сопругот ме молеше да издржам до наесен, не го послушав, добив паничен напад и почнав да викам на цел глас да ме пушти дома кај моите, а не дека бев заробена. Само тој сметаше дека е лоша идеја да дојдам сега и дека тој нема да дојде. Дојдов сама со бродови и чуда, два дена патував од болка по моите. А и тие ми велеа да не доаѓам оти е многу опасно тука а и многу е тешко враќањето за Грција со триста процедури. Избрзав оти се чувствував како дете. Мислев дека ќе умрам таму или дека на моите ќе им се случи нешто и нема да ги видам. А ете сопругот е повеќе од прекрасен. Премногу се сакаме и разбираме ама тоа не е доволно за мојата анксиозност. Ние анксиозните сме ДЕЦА! Секако дека така се чувствувам и уште ми е потешко што не можам да му бидам стабилна партнерка. Замисли, јас побегнав од сопругот за да бидам со моите. И не знам дали ќе се вратам пак воопшто. Јас сум БАМБИНО и имам потреба да бидам дете! Тешко ми е али засега не можам да го сменам тоа. Веројатно нема да бидам способна да гледам дете.. Прифати се како таква, сите ние кои сме овде помалку или повеќе се чувствуваме вака. Да веруваме дека еден ден ќе помине. Те гушкам, пробај да се прифатиш како таква засега. Јас си реков на цел глас- Слабак сум и се сакам како таква, пробувам да не се обвинувам толку!
А некогаш бев прејака.. Работев како медицинска сестра по тешки одделенија.. Карпа бев.. На раце ми умираа луѓе.. А сега сум поплашлива од внука ми од 3 год. Веројатно и ова е за нешто убаво.. Веројатно и во Анксиозноста има нешто што ќе нѐ направи уште појаки во иднина.. А до тогаш сакај се како ваква. Биди дете.
Јас постојано имам лоши мисли, да не се разболат од корона најблиските , нешто да не им се случи, цело време тоа ми се премотува во глава, па мајка ми исто требаше да се вакцинира со АЗ, но со тоа што ќе ги вакцинираат само постари од 60 години, не спаѓа во таа категорија, па малку ми олесна дека нема да се вакцинира со таа вакцина, а па од друга страна работата и е да е постајно во контакт со луѓе и тоа ми е мисла. Постојано умира некој познаник, многу млади починаа како од шала, постојано на секој саат се слуша сирена на брза помош, не знам како да се остане нормален во ова лудило.
Почитувани, денес бев на психијатар. Добив дијагноза Ф. 41.3, Останата мешана анксиозност. Ми препиша АД Асентра и половина Заласта навечер по потреба ако не можам да спијам од вознемиреност. Заласта е антипсихотик и ми е страв да го земам. Сметам дека подобро би било да ми дадеше анксиолитик. Дали има некој искуства со Заласта? Би ми значело ако некој сподели. Уште не сум ја зела терапијата, али од вчера се чувствувам подобро. Денес речиси како нова. Ја немам тремата дека нешто лошо ќе се случи како кога бев Крит. Ниту клаустрофобијата од Крит оти сега сум дома. Сега сум свесна дека тој остров ми го уништи здравјето. Не можам да се прилагодам никако. Сопругот ако ме разбира ќе работиме на тоа да се преселиме од тој пекол од остров .
девојки добивам панични напади и сум мн вознемирена... буквално паничам, све ме нервира, мн спијам, немам желба за ништо, ги одбегавам сите, не ми се дружи со никој, почесто сум дома и сакам да сум сама.... ме фаќа паника и нервоза кога треба да разговарам со некој, се запуштив самата, нз што се случува, си ги запуштив и своите обврски... ова на кратко, нз што да направам, нз дали сум за психијатар или што и да е
За психолог си најдобро знае психологот да помогне Бев на психијар и една докторка ми рече дека анксиозноста и паничните напади се болест на нервите но јас не верувам во тоа дали е вистина дека е оваа болест нервите може мислење
Јас немам искуство со заласта ама имам искуство со респиридон и тој е антипсихотик ми помогна многу ама ме праеше да се чувствуам ко олово тешка , без мотивација и сите др нус појави. Аман бре со овие психијатриве , каква болест на нервите точно дека е невроза најчесто како последица на стрес , анксиозноста не е болест туку состојба криза на чоекот која се надминува со правилна терапија медикаментозна и психотерапија.
Денес сум катастрофа! Приметив дека промена на време ми смета, дали само кај мене е така? Кога има сонце се е супер надвор сум повеќе сега ме убива поимот дека треба да седам сама дома уште не заврнало а јас веќе сум у никакво расположение... лошо ми е.
Девојки и момци мнг ја следам темава...гледам преовладуваат мнг корисни совети, од мотивациски цитати до книги, препораки за психолог/психијатар... Еве нешто поинаку, ова се однесува на религиозните, на христијаните, и за останатите кои се љубопитни и имаат слободно време. Ве молам без навреда од страна на атеистие/спиритуалистите. Се мислев ова да го ставам во темата религија но бидејќи стрикно се збори за анксиозност од христијанска и медицинска гледна точка и мене лично ми помогна ова гледиште решив тука да го споделам.
И јас сум у пмс и тоа значи појачува ,,расположение,, .Да си поплачам може ќе ми помине ...даа се надеваме.Цупкам со нога.Божем смирува.
Те читав некни сакав да ти реплицирам се фатив со друго и толку. Исто ко јас да сум пишувала сѐ ,освен што не сум на Крит ,ех кога би била ... Бев 2014 мислам беше ,имам роднини во Ретимно ,не знам каде си ти но до кај што бев сегде е едноставно преубаво. Но како што кажа и самата од мислите не можеш да си избегаш... Исто стравот од смрт или болест на најблиските ми ја предизвика. Исто кога го запознав мм исчезна или мислев дека исчезна ,потоа откако се породив + вирусот повторно се појави. Сега ако порано била секој викенд ,сега е еднаш месечно. Немам терапија ,бидејќи не сум била на психијатар ,на психолог да но не помогна баш. Со читање и со избегнување на такви вести се обидувам да ја контролирам ,инаку му е психосоматска ,па така ми се лоши ,повраќам ,се тресам цела ,па ќе ми дојде многу жешко и се стабилизира на крај.
Драга моја, мене ми поттикна од инфекција која ми отиде до јајниците и бубрезите и бев чекор пред сепсис. Докторите беа многу безобразни оти сум Македонка. Прв пат во болницата доживеав толку интензивна анксиозност. Па имав таква клета среќа од година и пол колку сум мажена, година дена да заглавам во карантин и ништо не видов од Крит, а живеам во многу бучен и тежок град-Ираклио. Целиот е бетон и бучава. Ретимно е прекрасно.. Па долго време сум без работа.. Немав никакви преокупации оти сѐ е затворено таму. Па на часови по грчки не можев дури ни да одам оти не работаат.. Затоа шизнав таму. Местото во кое живеам со сопругот ме потсетува само на траумата од лани и карантини. Дома сум подобра сега, ама поентата е како ќе се враќам
Е во Ираклион не сум била ,само Ретимно и Ханиа. Како што ми кажуваше тетка ми можело да се движите само со најава и без групирање... Не знам што ми ја поттикнало ,првин ми се случуваше еднаш на неколку месеци...ако слушнам сирена на брза помош. Потоа почина татко ми и почна секој ден ,па намали на секој викенд,прво не знаев што е споен притисок и во итна на инфузии ,секој е**н викенд. Па се запознав со мм иако во Македонија сме сепак сум најоддалечена точка од дома до кај мм. И исто покрај него се ми изчезнуваше ,кажав до кога. За сега пак да се врати. Си велам заради вирусот ,ќе помине кога ќе заврши лудило во дај боже. А не можете пример да се преселите ?