како сте ми мои "фемина френдс" . Неделава што помина ме немаше, ама гужви на посао ама јас никако не ве заборавам ,барем на кратко ке потчитнам нешто од вас , и нормално ве мислам сите. Инаку викендов и денес нешто не сум баш нај нај во форма еве баш сабајлево на работа малку се појави "другарка ми " ама јас одма во тие моменти си мислам на вас знам дека не сум сама , и помина . Знам дека овој перид другарка ми ке ме дружи почесто поради времево, ладно, магла, од 15часот темници ,а тоа мене мноооогу ми влијае на психа и расположение ама гледам што повеќе овој период да си наогам занимации , да не сум сама , пред спиење си читам "panic away" и нормално ке поминеееееееееее, како што поминало и претходните "милион" пати. Ве сите и имајте убав и среќен ден
Дуња, ако не ти е тешко да пишуваш, можеш ли малце поопшрно да опишеш како се избори со анксиозноста ? На пример на што ги насочуваше мислите, работата сама со себе, организацијата на денот и сл. Голем успех е после 8 години да ги избркаш демоните од себе. Секое добро и многу позитивни мисли до моите соборци.
здраво мили мои еве ме и мене и јас ве Читам секој ден кај мене онака стандард некогас подобро некогас со напади бас денес излеговме со маз ми малку па ме фати малку паника мора да се бориме јас се надевам дека еден ден ке помине голем поздрав до сите вас
значи неможам да се ослободам од чуството како да сум надвор од телово незнам како да го објаснам како да не правам некои работи јас или не седам јас некако мноу безвезе чуство што мислите од што е тоа зашто ми се случува и што да направам за да исчезне
здрсво како сте ми јас еве сум супер само по малку ме фака тоа зештината по главата кочене на велицата трпнене на телото ама ке помине вие како сте ми пишете
Здраво девојки еве ме менеее, за жал ќе бидам отсутна уште овие 2 недели а после почнуивам да ве читам и да видам како сте ми сите, Се ставив само да ви кажам дека сум добро, од време на време знаат вртоглавиците да ми бидат поинтензивни но постојано учам по цели денови и не мислам мн мн на нив. Положив 3 колоквиума имам уште 3 за овие 2 недели и така. Се надевам дека сте сите добро и дека не сте ме заборавиле, јас ве мислам стално и да завршам со сесијава одма седнувам да ве исчитам сите. Поздрав и бидете добри Ми фалите и ве гушкам
Мене од голема помош ми е Overcoming Social Anxiety step by step od Др. Томас А. Ричардс. Ова е аудио книга со психотерапија која ти дава задачи кои треба да ги направиш за да ти се намали анксиозноста. Едноставни но многу корисни вежби. Им ја препорачувам на сите. Ја има на Исохант.
Princess тоа чувство е од анксиозноста , не знам дали примаш некаква терапија на пр. helex, антидепресиви и сл. или се бориш природно со анкс. но јас еве пијам терапија но некогаш и покрај испиено апче се појавува тоа чувство(нормално е да е така) но за да го оттргнеш тоа чувство одма почми да се насочуваш кон нешто ,излези некаде пешачи, работи нешто по дома и одма ке прекине , а се додека седиш и мислиш на тоа не прекинува , ете јас вчера вечерта не ми се излегуваше некако од ладново се ме мрзи и реков наместо да дремам пред тв или компјутер зедов да си го прередувам шкафот со алиштата и воопшто не мислам на тие чувства .значи најважно е во тие моменти да се насочиш кон нешто што и да е ке помине , и само опуштенооооооо
Ова е страшно колку не има. За жал има многу повеќе кој не се на форумов. Многу ја фалат Когнитивно - бихејвиорална терапија, има ли некој искуство со неа ? И каде може да се најде психијатар кој работи со оваа терапија ?
Единствен терапевт кој има сертификат за КБТ во Македонија е др.Вера Јовановска,ординација Еквилибриум,работи и во Лондон па незнам колку престојува тука...Сите други што ке ви кажат дека ја работат оваа терапија да знаете дека ве лажат,затоа прво прашајте дали се сертифицирани и искусни во КБТ(јас се информирав на повеќе места и сите ми ја предложија др.Вера). Вистина е дека со соодветна терапија комбинирана со КБТ се постигнува полн ефект. КБТ може да практикувате и вие сами доколку знаете во што се состои оваа терапија...
Јас колку што сум запознаена за оваа когнитивно-бихејвиорална терапија,таа би претставувала извлекување на потиснатите емоции,чувства,стравови,бес,лутина...на ниво на свесност и рационално анализирање и согледување на истите. Ова е дел од секоја психолошка терапија (конкретно се оди кај психолог кој знае стручно да те води низ ова),сум била и јас неколку наврати кај психолог,која многу ми помогна да согледам некои работи и свесно да размислам за нив-што можам да променам,што е во моја моќ да направам,а што неможам да променам,над што немам контрола(има такви ситуации,моменти,луѓе...кои не можеме да ги промениме,но можеме да го контролираме нашето реагирање на тие ситуации),и тие работи да ги прифатам како дел од процесот на созревање (психичко и емоционално). Сите во себе имаме вакви неразрешени и потиснати емоционални конфликти,секој човек поминал низ лоши, негативни искуства и сето тоа остава трага во нас,и подоцна се јавуваат депресијата и ансиозноста како резултат на сите сие негативности. Најмногу ваквата терапија ја работат психолозите,е сега има и клинички психолози кои се сметаат за постручни во оваа област,во секој случај достапни се во јавното здравство и секој може да си ги дозволи.
Зеленко, со таа терапија мислам дека повеќе работат психолозите отколку психијатрите. Јас не сум запознаена многу со ова, но еднаш на една другарка и преведував 20 страни за когнитивно-бихевиорална терапија ама таа беше за луѓе со канцер, како да го прифатат тоа и да живеат со истото ... Интересна психологија е когнитивно-бихевиоралната, јас повеќе ја сакам од гешталд терапијата, ама и гешталд е супер, сум работела со таа, фини резултати излегуваат од луѓето . Принцес, тоа беше чувството од кое ми одеше да си се акнам од земја искрено, буквално мислев дека другата во мене функционира, а не јас , и најмачно ми беше што не можев да го опишам убаво тоа чувство за да ме разбере некој, ама сепак на крајот игнор терапијата, позитивно насочените мисли, волјата побрзо да замине тоа чувство, физичките активности и дружењето со позитивни личности си го направи своето, ја избрка таа другата во мене ... Ти кажав, ќе имаш флешови од време на време, но знај дека е нормално тоа и дека се минливи, така што ќе се средиш побрзо отколку што очекуваш Биди само храбра и истрајна, не е нешто што би си заминало преку ноќ, но ако се бориш, не е ни нешто кое не си оди за краток период .... Сјело, зарем мислеше дека ќе те заборавам?? Ако си помислила така, еве ти еден минус колку мене голем . Браво за колоквиумите, ајде уште тие 3 и малку релакс .. Биди добра како што си убавка .. . Те гушкам и бакнувам! Зоце, гледам дека моето карање имало ефект , ако има проблеми некакви, кажи, јас пак ќе викнам .... Останатите девојчиња и момчиња, како сте ми? Нешто ново, старо?! Поздрави и честитки, чувајте ми се .. Убав ден на сите .. Даника, извини, не прочитав дека и ти скоро истото си го напишала, како и да е , сега Зеленко има два совета ..
Па сабајлево сме одлични Принцес, јас сум morning person, вампир.. . Еве се спремам за утринска гимнастика и кај и да е ќе одам да се издувам на кеј, само чекам малку да затопли, ладно е надвор, а јас сум настината, a и се доприќосав од вчера и завчера (овој период веќе бев излезена, а камен беше), сега дури и си поткашлувам, , нишо страшно . Вие дечки како сте ми по сабајлево? Поздравинела и убав ден, Ве љуби прекраснотијата Ваша
Пепи, рокаш со коментариве ... Пиши како си, да не ти упатам и тебе закана .. Абе Нестле, ми се изгуби нешто ... Ануш, појави се, како си?? Се надевам дека си добро .. Поздрави ...
Здраво драги мои 336 испишани страници.....оваа зборува дека не има многу и дека анксиозноста е ,,состојба,, на денешницава. Зеленко, наврати се наназад на моите постови и ке видиш...ништо посебно не треба да ја победиш анксиозноста. Јас најнапред научив да ја игноррирам секоја негативна мисла и да ја трансформирам во позитивна, тоа треба да се вежба.Отпрвин се чини невозможно, но откако тренираш со денови оваа метода успева. Втора работа е дека секој напад го пуштав да помине, останував на нозе и ...полека , полека се убедив дека ништо нема да ми се случи...нападот доага и заминува, ништо не ми може трета работа...пиев лекови препишани од психијатар ...најмногу ми пимогна деметринот...но пиев и др. од видот амизол, ансилан......и разговарав со психијатарот, тој многу и помогна. и на крај...немаше да поминат 8 год...јас долго време незнаев што ми е, се мачев самата мислејки дека сум психички болна, се криев од другите и од себе...затоа дозволив да помине волку време.... Сите вие треба една работа да сфатите.....никогаш да не се откажувате иако тргне наназад пак отпочнете нова и уште посилна борба, ке успеете.Јас ја победив анксиозноста.ѐсега сум сосема добра веже подолго време.Понекогаш ке тргне некој слаб напад на страв ама јас го препознавам, замавнувам со главата, си велам,не не неми можеш ништо, ги свртувам мислите и се зафаќам со некоја работа.Таа си заминува. позззз Ве сакам многу. Прашајте конкретно , јас редовно ве читам иако поретко ви пишувам заштоимам многу работа..но ке бидам и ке останам секогаш со Вас Поздрав...