здраво мое друштво, мислам одамна немам пишано, имав некои 5-6 дена супер после толку долго, ноооооо, изгубив мирис и сега сум суспектна 99% за ковид и така, се плашам на моменти, но мене повторно мислите за мојата психа и за моето ментално здравје ми се на прво место и во оваа ситуација не знам упорно го имам она чувство ко да не ме држи место, ко со себе да не можам да си дојдам дека сум сменета, дека нешто не ево ред веќе и дека тоа е тоа и не знам како да избегам од овие чувства, а правам нешто друго викам чекај мора да средам мисливе и не и не, упорно чекам да си дојдам на себе што би рекла. инакуу, знам многу луѓе пројдоа и горе доле се ни е познато ама многу ме нервира што немам мирис, кога ќе ми се врати ќе го ценам 100%!! иии, постов не испадна многу поврзан со корона ама ете да ве поздравам повеќе
Не знам што ми е. Колку и да јадам мене пак ми се јади, чувствувам како цревната повторно ми кркорат како да ми се јаде. А, само што сум се најмала..... Секое утро ме било желудникот
И кај мене е исто и при добра и при не дај боже лоша вест јас имам чуство на гушење..така е зошто сме преемотивни и кон себе и кон другите ..јас на пример многу се опседнувам со проблемите на другите дури мислам дека мене ми е повеќе мака од тие на кои реално им се случува тоа..само треба да се оградиме од се ..Мала себичност не е на одмет
Аритмиа, такихардиа, гушење, несоница, намален апетит, те жешко те ладно, раце нозе цело време камен ладни. Пулсот летна 97. Секој ден оптоварен со ковидот овај починал онај лежел на болница и после 5 години повторно ме јаде анксиозноста. Лесно прележав ковид пред 4 месеци и тогаш немав трауми туку сега ме нападна ова лошотија чуство.
Друже поздрав, 97 пулс е ништо. Мене во панични напади до 140 ми одеше со дијастолен 90. Знаеш колку пати ми беа 110 со 90 притисокот, готово да се спојат. И срцето како лудо до 150 да оди. Се е од паника ви се молам не мерете притисок. Јас проверував се, екг, тропонини, срцеви ензими, тироидната, сѐ беше перфектно. А земев да мерам притисок срцето почнуваше да лупа како лудо, имам фобија од апаратот. Нормално е да имаш тахикардија кога си анксиозен, сите симптоми се нормални и не се штетни. Не е нормално што нон стоп седите на апаратот за притисок како некои баби и се вртите во круг. 97 не е ни тахикардија, до 100 е нормално по новите метри. Кажете си дека ништо не ви е и пробајте да се релаксирате. На сите ни е тешко во ковидов. Иначе и палпитации кога прави срцето е нормално. И тоа не е аритмија. Медицинско лице сум и ве советувам да се потсмирите и заборавите апаратите за некој период. За на старост чувајте ги апаратите. Ве молам! И исклучете вести. Сѐ ќе биде добро. Ве сакам!
Ама Соња навистина е така! Имам срцева невроза од 18 год, сега имам 34. Цел живот сум со тахикардија при најмала возбуда. Причината беше и е анксиозноста и хипохондријата. Срцето ми реагира веднаш. Имам цел океан од седативи испрепиено од дете. Палпитации-прескоци имам од 18 год. Тие беа и причината за дополнителна анксиозност. Знаеш што значи на 18 год да си увртиш во глава дека имаш болно срце и дека ќе умреш. Имав страв да одам на доктор оти мислев дека таму ќе доживеам удар од паника или дека ќе ми кажат дека е болно и дека ќе доскренам од страв дека имам болно срце. Па почнав да земам хероин за да побегнам од анксиозноста. Години бев на опијати.. И нешто многу интересно, анксиозноста ми помогна после години да прекинам со хероинот оти видов дека навистина можам да умрам и се скинав на суво. Години сум чиста, само на Лорсилан за спиење . Па се вработив како медицинска сестра намерно за да заборавам на себе. Годините во болницата ми беа најубавите во животот. Па ја запознав љубовта на својот живот на Крит, ако ме читавте погоре, и после толку години пак ме подбра пролетва анксиозноста и сега дојдов дома сама за да се средам оти почнав да имам клаустрофобија од островот. Дојдов во дувло од ковид и тука сум уште постресена. Сакам да кажам не успеав да го најдам мирот ни дома и овој пат конечно свесна сум дека мирот мора да го најдам во себе а не во гео местата. Инаку срцето ми е перфектно и после сите луди тахикардии и отрови што сум ги земала, иначе сум и тежок пушач. А кога работев во болницата луѓе кои никогаш не биле анксиозни и воделе здрав живот имаа болни срца, ама не паничеа. Го прифаќаа тоа и се лечеа. Животот и човечкиот организам се право чудо, и се прекрасни кога се прифаќаат без страв. Фрлете ги апаратите и ајде на пешачење и активност. Сѐ е како треба да биде, и е прекрасно! Секое лошо за добро! Да живее парадоксот па и анксиозноста! Ви тврдам дека сите сте здрави тука! Болните не ни седат по вакви форуми. Живеат! Ве љубам! Скријте ги апаратите под итно!
Бравос за храброста и силата да се пронајдеш самата себеси и да се соочиш со сопствените стравови.И јас одамна не мерам ни притисок ни пулс само го осеќам но оваа нестабилност не нервира посебно на работа.Ако еден ден го посетам Крит(а би сакала ) ке те побарам ...Секое добро ..
Не се секирајте, од панични напади што имав толку многу јаки имав константна тахикардија 2-3 недели по ред, со отчукувања околу 150, некогаш малку повеќе некогаш малку помалку, и сега некогаш ако ме фати истото ми се случува и мислам ќе ми излезе срцево од гради готово... И јас сама незнам уште жива како сум, ова анксиозносва душата ми ја изеде...
Сонце мое, ништо не ми ти е. Си жива и ќе бидеш жива до 103, На жив човек чука срце, а на анксиозен чука многу повеќе, ама ништо лошо не прави. Јас години имав константа тахикардија па еве ме. Тахикардијата ќе помине кога ќе заборавиш на неа. Фокси, на тебе планирам да се потпрам кога ќе остарам. Деца не сакам да родам, сакам да ти кажам сакам да ми бидеш ќерка, така да сили живци, ќе ти требаат И збор да не чујам за тахикардија и притисок повеќе овде од никого. Истите престануваат кога ги прифаќаме. Еве имам, и што? Луѓе умираат и без тахикардија! Па и да умреме, што? Пак ќе грее сонце. Ме заболе веќе искрено! Ајде да зборуваме за поконкретни нешта тука. Па и да се посмееме малку. Фокси те сакам многу! Соња те чекам на Крит (ако се вратам)
Мале мажот ми жи кажува за некој познаник што бил болен од ковид и демек не го бивало, нљ крај жена му без симптоми си умрела од тромб. Си поврзав сп една случка што ја имавме пак со една жена бешена операција и така и се откачи тромб. И аега сон не м3 фаќа. Што ако ми се случи тпа така ?
Овакви работи не се за тука да пишуваш, тука сме да си помогнеме, а не стресови да си правиме едни со други.
Denes kako nekoja teskotija imam vo disenjeto , se plasam da ne nemozam ubavo da disam da ne nez sto. Taman podobro ke mi dojdi i posle ko ke pomislam na to uste tolku mi se zasiluva... dali i na dr taka mu bilo
Да, тоа се случува затоа што бараш неправилности во дишењето во моментот кога ќе се фокусираш на него. Остави го дишењето да си фати природен ритам на дишење. Не overthink-увај и преанализирај.