1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Точно е се што кажуваш при блага анксиозност не сум вооошто за лекови ..апсолутно нема потреба да се труене си хемија која колку добро толку и лошо ќе направи..Но во ситуација каде на лицето покрај анксиозност му се надоврзала и депресија и тотално му е изреметено нормалната функција до токлу што почнува да делува и на другите членови на семејството сум за терапија за да му се подобри нормалното функционирање на човекот..затоа што и АД се лекови од новата генерација кои не ствараат зависност доколку правилно се одреди дозата за да може човек да почне и на себе да работи да си ги среди мислите и да почне да ја бара причината за својата состојба...Во твојот случај е направена грешка ..но погледни од овој агол еве и денес си тука фала богу психофизички здрава и се уште се бориш знаеш што сакаш знаеш што чуствуваш и верувам дека ако треба и терапија ќе земеш само да ти биде подобро да почнеш нормално да функционираш..Во животот се е борба и ги користиме сите расположиви средства да се бориме и да имаме поквалитетен живот...За себе зборам ...ако во моментите како овие што ги живеам во последно време треба лекови за да го надминам овој страв и празнина што ги чуствувам ќе земам и терапија која фала богу не е доживотна а која ете мене ми помогнала безброј пати да застанам на нозе...Се ќе биде само одлучност и трпение и добар психијатар..Јас со помош на мојата докторка постигнав голем напредок во самоконтролата на анксиозноста и паничните напади
     
    На Monica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Драго ми е Анкса што слушам и убави прикаски со психијатрите..
    Мојата не беше таква.
    Мојата ме навредуваше и дополнително фрустрираше..
    Ми се развикуваше и почнав да имам страв од неа.
    Аир да не види.. Ми ја уништи младоста.. Не бев доволно јака и умна да го увидам тоа и мислев дека таа е во право. Мислев дека со мене нешто не е во ред. Па почна да ме СЛЕДИ! Замислете психијатарката постана опсесивна со мене и ме следеше насекаде. Уште имавме фиксни телефони и по кафулињата каде излегував им се јавувала да прашува дали сум таму. И стално ми велеше да не излегувам, да седам дома. Па по роднини исто се јавувала да се распрашува што правам..
    Тоа е.. Да останеме во насмевките .. Се трудам да ѝ простам сиве години.
     
  3. Stela_ohrid

    Stela_ohrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    :)
    Ау, па таа била случај за посматрање, си можела да ја тужиш, ако станала опседната може и ти давала лоши лекарства за да те лечи подолго, то исто како на некој трилер филм
     
    На Anksa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Жално душо моја за ова што ти се случило ...но сега имаш избор ..ако сакаш препорака за добар психијатар еве јас ќе ти ја препорачам мојата докторка ..само работи на приватно еден саат е 1000 денари ...или еве и останатите членки може да помогнат со искуства со психијатри на државно ..само да е добар ..ти и онака живееш во странство па секако ќе треба да платиш
     
  5. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Стела, ни во Холивуд немаат обработено вакво сценарио, кое за жал се случи реално во срцето на Охрид. На 16 год поради неукост на моите и директорот на средното училиште каде учев наместо на психилог бев однесена кај дотичната која беше доста популарна тоа време. Имав пубертетска бунтовност во многу нормални граници, бегав од часови како многумина од нас и пушев цигари. Имав таква харизма да бидам главен лик во школото без да правам нешто посебно и нон стоп ми вадеа трачеви до таму што почнаа да ме озборуваат дека сум наркоманка, а немав пробано ни џоинт. Само се дружев со тие кои почесто беа позади школо, се облекуваа во црно и ги слушаа Нирвана.
    Пролетта бев присилно приведена од директорот и моите кај дотичната и ставена на 4 вида терапија. Амизол, Еглонил, Хелекс, и уште нешто, не се сеќавам.
    Моите не можам да ги обвинам толку оти беа уплашени и не знаеа што да прават.. Никакви други проблеми не правев освен што попуштив со оценките и бев така малку своеглава. Али дали е тоа ненормално? Поготово за таа возраст! Кои тешки пациенти ни шетаат по улица слободни, па никој не ги носи. 90 % политичари на светско ниво ни се психопати па никому ништо. Како и да е, да скратам, дотичната две години ме труеше со милиони таблети, постојано ме следеше. Беше заљубена на некој начин во мене.
    Ми дозволуваше да пушам цигари и кафе со нејзе. Муабетевме со саати, и стално за нешто ме обвинуваше.. Ми закажуваше посети секоја недела и се јавуваше по сите што ги знаев. Следењето траеше години. Последно се јави 2013 на работно место каде работев да праша дали работам таму, а веќе имав прекинато да одам кај нејзе од 2005. Тогаш ми пукна филмот и и' отидов во канцеларија да и' кажам дека ќе ја тужам ако се јави уште еднаш. Ете, мислев дека што и да превземам овде ќе биде попусто оти на крај таа ќе го добие спорот а мене ќе ме направи тешка пациентка..
    После прекинот на тешките терапии со кои ме труеше и држеше за себе, добив тешка анксиозност која ја носам до денес и истата ми ја прекина младоста и остави непоправливи последици. А подоцна, сѐ она што мислеа дека сум, навистина станав.
    Станав и зависничка од опијати како револт и последица на траумите кои непотребно ми ги зададоа.
    Многу е тажна мојата приказна.. Па колку беше табу тоа време во Охрид да се оди на психијатар, па колку почнаа да ме стигматизираат во школо..
    Беше претажно.
     
  6. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Простувањето е дел од оздравувањето...а омразата е отров кој го пиеш а очекуваш другите да се отрујат ете ова е совет од мојата докторка
     
    На Monica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
     
  8. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Анкса, знам. Али уште не можам да им простам целосно.
    Свесна сум за тој отров и истиот ми зададе многу непроспиени ноќи и стотици цигари на вечер од гнев.
    Ми треба време.
    Кога ќе се почувствувам стабилно веројатно би им простила..
    А знам колку штети тој отров кој го носам цел живот. Знам. Мене ме труе.. Знам.
     
  9. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Обично на таа возраст поготово за таква ситуација се препорачува детски психолог и во екстремен случај се даваат лекови..на пример еве мојата докторка не работи со малолетници ..си има доктори специјализирани за работа со нив
     
    На Monica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
     
  11. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Ќе помине со време и добар доктор се поминува..само не се откажувај
     
    На Monica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stela_ohrid

    Stela_ohrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    И јас бев во истиот филм во средна школа само ние бевме хеви металци али на ист начин како вас функциониравме, то беше најубавиот период од мојот живот и по нас викаа за цигари и слично ама никој не бевме за на психијатар, во тој период бев најсрекна, јас на 40 години кога се насобра сиот стрес од сите години тогаш почнав по психијатри и уште се вртам во тој круг, а дотичната мислам знам која е таа беше популарна тогаш и многу дрско се понаша, еднаш сум ја посетила и јас, ама никој нема добро мислење за неа, ни колегите
     
    На Anksa, Писана и Monica87 им се допаѓа ова.
  13. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Nekoj sto prelezal kovid ve molam na inbox
     
  14. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Изгледа овие 40 тите се критични познавам многу вклучувајќи ме и мене кои имаат вакви и слични кризи на овие години...Дали конечно созреавме или е само криза на идентитет не знам..ама мора да се бориме
     
    На Stela_ohrid и Monica87 им се допаѓа ова.
  15. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Јас имам прележано пред 4 месеци
     
  16. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Kako pomina? Dali imas uste nekoj post kovid ? Kako se osekas
     
  17. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Освен губење на вкус и мирис и високи ддимери другото се беше во ред малку бев малаксана немав температура не пиев апчиња е како пост ковид ми се се уште високи ддимерите и сега сум на терапија со инекции за разредување на крвта
     
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.710
    Пол:
    Женски
    Дали некој го користи и дали има корист?
    Заедно со користење со АД и седатив?
    [​IMG]
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Не сум го користела но види во состац ако има кантарион или валеријана не би требало да го употребуваш заедно со АД
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Јас додека бев на АД не пиев слични чаеви за смирување. Подобро б6 и магнезиум земи, ако мислиш дека ти треба нешто плус
     
    На Anksa и GirlLove им се допаѓа ова.