На работа ни го донесе претставник од Алкалоид и онака си го пиеме со колешката, значи како и секој друг чај. Ништо посебно
Decki dali nekoj ima iskustva so ovie tableti ? Sakam nesto na prirodna baza i mi kazaa deka ozbilno pomagale. E sega da slusnam od vas najsigurno oti so istata maka sme
Еве што пишува за чајот. Ароматичната комбинација на цвет од камилица, лист од нане, плод од сладок анасон и на лаванда ја намалува тензичноста од стресното секојдневие.
Чајот е најобичен, слободно пиј го. Камо да смируваше... повеќе релаксира чај од маточина, можеш и 2 ќесички за 1 шоља да стабиш, пиј го саат време пред спиење.
Здраво, ме интересира дали имате некаква промена со променава на времево? Јас бев добра до пред некој ден сега последниве дена сум крш.
И она за чајов прашува ко да е некој тежок антипсихотик. Најобичен чај за релаксација, господе боже, па уште и дали да се мешал.. Скраја да е!
Коментаров ти е сувишен Секој има право на прашање. Чувај си ја енергијата за нешто позитивно, а не вакви муабети. Поз
Dobri se, samo zavisi vo koja faza od anksioznost si. Vakvite vitamini se ili za poddrska na terapija ili za pocetna terapija. Veruvam deka ke ti pomognat, mnogu dobra angliska firma e ovaa.
Простете, напната сум. Ме нервира кога прашувате за витамини и чаеви како да се опојни дроги. Се извинувам уште еднаш.
Богами ова времево никако не ми помага да покренам. Почнав некој вид диета, начин на исхрана, малку различна пд секојдневната и малку лош филм си направив, замислете дури и за тоа и некако желудниккт не ми ја сака. Почнав да вежбам за да ја извадам негативната енергија..зошто секоја промена толку многу ја мислиме, зошто еднаш не помислуваме на позитивно.. се изморив
Маја мила, таква е анксиозноста.. Јас се плашам да се вратам кај сопругот кој го сакам. Секоја промена ма колку сака нека е за добро мене ми предизвикува паника. Тоа е анксиозноста.. Пробај да не се осудуваш толку оти ти е тешко да го смениш тоа. Кажи си таква сум и се прифаќам како ваква. Можда потака ќе се сменам. Пробај да не се јадеш самата. Себе обвинувањето е брза храна за анксиозноста. Ја храниш со тоа. Прифакање само. Ќе попушти..
Периодов немам квалитетен сон, многу ми се спие ама сон не ме фаќа. Најгадно чувство е кога ја знаеш и причината, интрусивна мисла за случка од пред 15 год и тера да чувствуваш вина. Преку глава ми е од се, ќе паузирам и од интернетов.
Здраво ме интересира дали има некој искуство со др Викторија Вујовиќ на клиника, дали е добар дијагностичар, каков пристап има?
Професор Вујовиќ е врв имаш среќа да дојдеш до неа ..на пример мојата психијатарка стално позитивно зборува за неа...но не сум била кај неа да не испадне дека те лажам...еве другите нека кажат искуство
Дали некој има искуство со флуоксетин...ако правилно сум го напишала..Ве молам да споделите ми го препишаа а како и секој пат и сега ми е страв од нешто ново...Поздрав
Nemam pieno. Ama znam deka deluva na ist nacin kako Elicea Zepira nez sto i dali voopsto imas nes pieno pred toa. Ali da se orientiras od prilika da znaes nes slicno na niv e .