Јас сум таква. Во сета паника отидов на интернист и ехг покажа прескокнување. Ми пиша бипресо од 2,5 мг по пола. Значи од најмалото помалото . И он утврди дека од стрес ми е тоа. Ама јас се стилив пиши ми та пиши ми терапија и би.
Ти ја пишав мојата мака ама не ти одговорив како да се справиш додека отидеш на лекар. Изгуглај има начин за средување со дишење. Нешто беше земаш воздух неколку секунди па испушташ полека. Не ми текнува методот точно како се вика, но пробај со регулирање на дишењето.
Zdravo zenski. Vi pisam za majka mi. Ima nekolku godini sto se bori so nesonica i anksioznost. Pred 12 godini, poradi golem miom vo matka, mu ja izvadija matkata i od togas mu se pokaci tiroidnoto zlezdo i posle nekolku vreme pocna da ima problem so spienjeto. Veke nekolku godini e pod antidepresivna terapija (so periodicni promeni megu vreme). Ima panicni napadi preku den i nekoe vreme nemase apetit voopsto. Sega pocna da se promeni malku nejzinata sostojba, jade i spie poveke. Bi sakala da mi predlozite nekoj dobar neuropsikiatar ovde.. i da mi kazete kako mozam nesto prirodno osven antidepresivite da mu kupam za da go smiri. Sega pije melatonin, bekompleksii caj od melisa
Како да им објаснам на другарките дека не ми се излегува и дека подобро се осеќам сама дома. Се лутат. Немам ни желба, ни бутур, нит ми се зборува со некој.
Само период ти е ќе помине потруди се барем некој дел од денот кога ти е малку подобро да излезеш и да се дружиш...и не се замарај толку дали ќе се лутат или не не секој може да го сфати ова низ што поминуваме јас сосема те разбирам мене и сопственото дете ми сметаше и се уште има моменти кога ќе се затворам во себе и ќе почнат мислите да ми лутаат каде што не треба ама кога малку ми е подобро се трудам да контактирам со луѓе со кои ми е пријатно кои нема да ми префрлаат за тоа што ми е како ми е зошто ми е па ништо не ти е и слично
Почитувани, дали сте запознаени, дали има можност да се прими вакцината на друго место освен во салите? Знам дека министерот најмалку би помислил на нас анксиозните или оние кои едноставно не можат да отидат до пунктовите. Добивам паника при самата помисла да влезам во салата. Имам социјална фобија од масовни собири. Многу изразена, со тешка тахикардија. Мислам дека ќе умрам внатре. А не сакам да ја пропуштам вакцината кога ќе ме повикаат. Тоа ми е новата фобија. Ви се случува нешто слично?
Mislis deka ne ti se izleguva se dodeka ne izlezes. I jas sum ista, treba da dojdes da me vleces od doma ali posle ne mozam da se priberam, ne mi se ide. Izlezi, ke gi smenis mislite barem na nekoe vreme, toplo, soncevo, prekrasno e. Koristi, ne sedi zatvorena doma celo vreme, i tebe ke ti bide mnogu podobro. Veruvaj, od iskustvo ti kazuvam. Ako nisto povekje barem pesaci po saat vreme denot.
во чаир мислам не е така, немало ич луѓе, за 2мин се завршувало работа, ако си од скопје пријави се таму
Не мораш да им објаснуваш. Не барај од нив разбирање, ако го немаат, го немаат, што ти е гајле. Нивното разбирање или неразбирање уствари ништо не ти менува зошто на крајот од денот, ќе си правиш така како што тебе ти е убаво. Можеби ќе звучам без осет, ама тоа е совршена прилика да се соочиш со анкциозноста. Свесна си што ти се случува, нема да се чудиш зошто и од каде тие симптоми. Кога ќе започнат да ти се појавуваат, соочи се со нив. Буквално свесно прифати ги. "Океј, еве ја анкциозноста повторно. Ме фаќа страв. Знам зошто. Чуствувам тахикардија. Диши длабоко, издиши длабоко. Се' е океј. Ништо нема да ми биде. Не умирам. Тоа е само анкциозност и ништо повеќе. Знам зошто се осеќам толку неудобно опколена со маса. Разбирам. И океј е. Не е ништо опасно. Ништо нема да ми се случи. Ајде да си ја завршам работата по која сум дошла и да си заминам. Се' ќе биде океј." Мораш да се соочуваш со тие чувства кога се појавуваат, а не да бегаш од нив. Само така ќе научиш да се справуваш во такви моменти. А не е толку тешко колку што мислиш, малце повеќе на почетокот, но штом почнеш, ќе се научиш.
@MissChievous сосем си во право. Нит го интересира некој нешто за тебе, нит ништо. Јас барем сега сфатив дека немам другарки. Почнав да станувам себична, како ми одговара така правам.
Не е тоа себичност, едноставно не можеш да дозволиш твоите емоции да зависат од туѓите постапки. На крај краишта, никој ништо не ти должи. Ама па не мора да биде се црно или бело, имаш другарки или немаш. Не можеш секогаш да си на иста страна со луѓето, уживај тогаш кога се согласувате и помини си добро, а тогаш кога нема да го добиеш тоа што очекуваш, не се лути, терај даље и праи како ти годи.
Истот и јас се мислам. Ќе одам во најблискиот пункт да се вакцинирам, ќе им објаснам што е како е и готово. Нема да ме одбијат сигурно. Само денот да го запазиме.
Moite se vakciniraa pred nekoj den vo Kavadarci i imalo mnogu narod pred sala. Koga ke vlezes ti e se organizirano i bukvalno nema sansa da te fati panika, se e na rastojanie. E sega za da ne odis vo guzvata, baraj nekoj od zdravtvenite domovi da te sprovedat pravo vo kabina. Imalo takvi slucaevi. Nadvor ne znam dali e mozno, posto neli na odredena temperatura se prima vakcina, ama vo nasata drzava so prijateli se biva. Ili maticniot da vnese vo sistem deka moras nadvor da ja primis, pa nekoja sestra da izleze, sto ne znam bez prijateli toa kaj nas dali e mozno. Jas se vakcinirav tuka vo Swiss i e druga prikazna, nema guzvi i se pocituva red, ali takov e narodot tuka. Baska ako imas odredenq dijagnoza, zavisi koja, vo razlicni uslovi se vakcinira.
Skapicka e, najskapa e. Jas odev vo 2020 na pocetokot, pred da se preselam Swiss,tgoas prva sesija bese okolu 3000 den, ne me fakjaj za tocniot iznos, a posle vtorata bese poeftina. Jas bev samo 2 pati, mi prepisa terapija i me sredi top. Na dve nedeli se prvite sesii. Posle zavisno od sostojba. Planiram letovo pak da ja posetam
И јас сум презадоволна од Вера Типко. Жената буквално од прва те проценва. Првиот преглед е 3200 и саат и половина разговор. Ако не си во можност да одиш можиш и преку skype да си закажиш преглед.
Вчера бев да прашам, ми рекоа само во салата се прима во мојот град, други опции немало ми рекоа. Ме фати паника од самата атмосфера. Имаше полиција, војска на врата.. За срамота што нема друга опција за ранливите групи како нас. Се изгубив себе само што прашав а не пак да влезев внатре.