Јас имав сѐ, и сега немам ништо, а имам 34. Не се разочарувај.. Камо да имав 27.. Годините не се мерило за среќа. Кој вели што мораш да имаш на 27? Некој нема ништо и на 57. Или има сѐ ако има оптимизам.
Вчера ми беше стресен денот, сношти убаво спиев а вечерва само шо ке заспијам ми се појавува јако срцебиење, нормално е?
Пази со хелексот, не се прекинуваат преку ноќ. Seizures (не ми текнува мк збор) може да имаш. Обично преминуваат на диазепам па така тераат со месеци, ти веќе имаш и физичка зависност. Ете и девојкава погоре ти спомнала за шеми. Не знам нашиве лекари колку може да помогнат при бензо зависност. Луѓе буквално се каат што почнале да ги конзумираат на дневна база.
@SnowWhite8 Женска, не се плаши тука сме за тебе. Значи, дирек на доктор да те прегледа, дози ќе ти среди и се ќе се среди. Не се плаши ќе се среди СЕ. И јас паднав во некаков очај за тоа годините, среден живот, несреден живот. Посетувај и психолог обавезно! Слушај се себе прво и најбитно. Поддршка до сите женски и од мене. Најпрво, да се заблагодарам на сите членови и членки кои ме поддржуваа, даваа совети а јас од страв да не згрешам се пптоскав во себе. Велгпв во токсична врска, Излегов. Ма мн работи. Ова, сака мн окупација на мозокот, ама како ти одговара тебе и само тебе. Ма не мајка, не татко, не брат, сестра, дњчко, ништо верувај нема да помогне. Што е она што потискаш? Јас пр, лутина, разочараност, премн грижење за другите. Психолог, психијатар, и слушање на себеси. Од се срце ВЕ САКАМ!
Мислиш како да ќе се задавиш со залакот од јадењето,како тешко да голташ и кашлаш потоа?Мене ми се има десено неколку пати,сепак успевам да голтнам и срцето ми бие од страв потоа и се чукам со рака по градите и тоа ми помага,инаку и јас сум анксиозна подолго време,но тоа не ми е поради анксиозност,обично кога не сум сконцентрирана на јадењето,кога за момент сум расеана додека јадам.
Ова денес ми излезе на ЈТ, фино ми се виде ко за прв поглед, па ми текна на @Interrupted Girl , можеби некому ќе помогне
Освен тоа дали имаше некој од овие симптоми :забрзано и засилено чукање на срцето, прекумерно потење, тресење, ладни бранови, топлотни бранови,мачнина, повраќање, болка во градите, вртоглавици и губење на свест.
Друже, ги имам од дете. На периоди кога ми се интензивира ги имам сите овие симптоми. И сува уста плус. Дијареа исто, потни дланки, деперсонализација, деконцентрација, несоноци, инсомнии со денови, за срцето да не праам муабет, не знам како е живо после толку тахикардии. хехехе. Сега ги имам овие симптоми веќе 2 месеца. Поизразени ми се наутро и денски, а навечер ми се потсмируваат. Јас веќе одам на психијатар.
Колку време одиш на психијатар?Наутро е секогаш најлошо.Чуство на празност.Немање волја.Не лажи само коа одиш на разговор.Од искреноста е најважно да процени која терапија ти треба
Ти благодарам, и ми значи што си се сетила.. Им порачувам на сите да го ислушаат. Женава е фантастична! Фала Билјарка
Еден месец одам. Кога стана неподносливо. На терапија сум моментално. Немам некои уау ефекти сѐ уште. Искрена сум секако.
Здраво дечки, ве пратам но поодамна немам пишам. Предходно се плашев од болести се на мене си препишував.Овој пат асоцијалниста ми е на високо ниво, предходно сум имала паники меѓу луѓе, сум се справувала некако, но овој пат мн е тешко. Кога сум со друштво еве излезена неможам ни пола саат да иседам, се трудам да се фокусирам на муабетот, но неможам ми иде трчанката дома да си заминам. Некој како мене??
Mnogu sme kako tebe, prijatelke. Kolku godini imas? Socijalnite fobii se mnogu tipicni za pomladata populacija..
30, но предходно се справував некако издржував. Сега немам контрола, инаку имам искуство со анксиозноста најмалку 4, 5 год. знам дека повеќето сте биле во мојата ситуација, мислев да споделете како се справувате непријатно ми е веќе и се изморив од ова.
Мила наша, јас имам анксиозност од 16, а сега имам 34. Најтешките епизоди ми беа во 2002 и оваа година од Март. Во минатото беше нослива и ја имав секоја пролет, умеев да се справувам и обично бев благо анксиозна почетокот на пролетта, недела, две, и после бев ок. Пролетта ми буди немир. Ја мразам! Првата пролетна птица кога ќе ја чујам, јас се губам себе! Прво ми почнуваат несоници, па исто, неподнесување гужви, друштва. Главата ми се тресе, ми се тенчи гласот при социјални контакти со одреден тип на луѓе.. Ми доаѓа да се скријам некаде во пролет!!! Есента ја обожувам! Како денот се намалува, мене психата ми се смирува.. Во есен и зима доаѓам на себе! И ја знам причината, зошто сум анксиозна во пролет. Анксиозноста е многу сложен и широк поим, и кај секого е поттикната од различни фактори. Кај некого дури е од физиолошки причини. Овој пат не успеав да се справам сама и одам на психијатар, а земам и терапија, оти бев многу лошо. Во најмала рака посети психолог. Затоа и постојат тие луѓе. Оти сами да се справуваме со сѐ? Тоа е невозможно. Тоа ти создава дополнително анксиозност. Кога очекуваш дека мораш сама, и дека мораш да се извлечеш сега. Ништо не мора.. Дај си време. Дај си ментален одмор. Не знам колку имаш поддршка од твоите и дали зборуваш со нив за ова? Анксиозноста често е потиснато незадоволство од себе, од нешто, пред кое мислиме дека немаме капацитет да се носиме. Тогаш настанува чувството на немоќ кое тригерира милион врсти на стравови. Ако имаш средства, дозволи си добар психолог за почеток. Можам дури да ти препорачам еден. Не е воопшто продуктивно да се носиш сама со социјални фобии. И јас се носев сама за сѐ, додека не ме акна од глава сѐ што потиснував. Прочитав некаде велиш асоцијалност.. Мислиш дека го имаш и тоа? Одиш на работа?
И јас сигурно сум ја имала од поодамна, но тогаш открив дека се работи за анксиозност. На работа немам проблем, баш напротив работам со странки комуникативна, во природа уживам што се вика.. не дозволувам да се затворам барем сега додека е убаво времето.. Имам проблем кога седам во кафич или сл. сега ради ситуацијава може што избегнував подолго време па сега кога ќе седнам одма ми се станува инаку бев во план да посетам психијатар, инаку за мојава анксиозност си зборам отворено, но само тие што се знаат како е.... Ајде да сме здрави и живи се ќе се среди се надевам
Jas bev sega na grobista, 6 meseci od smrt na moj rodnina. Uste vcera koga mk kazaa ori ke se odi vo mene nekoj nemir, koga i da odam tamu ne izdrzuvam.. si napravjv film.i denes toj film mi se ostvari.. samo sto otidov i ne stignav da zapalam sveka ne pa da stojam do kraj.. se prepotiv pocnav cela da sw tresam, mislwv ke se srusam i izbegav.. pak izbegav.. uate nemozam da si go smiram teloto i se osekam mnpgu tesko.. kako pretepano, maka mi e sto napraviv taka.. ova mi bese klqsicen panicen napad posle dolgo vreme..