Значи не знам што ми е овие два дена,при најмало нешто се вознемирувам веднаш. Веднаш анксиозни мисли. Како да се справам со ова?
Истата сум и јас. Кога се чувствувам добро незнам да застанам де алишта, де садови, правосмукалки, џогери и кога седнам почнува плус и со мало дете сум значи од 24h 16h сум активна сакала нејкела. Немам помош од никој па се морам сама. Иначе притисокот ми е нормален секогаш не сум имала висок притисок, а пулсот еднаш или два пати ми беше околу 100 и одма ме фати паника и го качив до 130 седнав се смирив отворив прозор и веднаш ми се стабилизира на 79 80. Паниката е страшна работа.. Мораме да бидеме силни, тука барем сфакам дека не сум само јас така со тие симптоми и полесно ми е. Поздрав
Дали некој од вас што има анксиозност ве тера на брза мокрача и неможите да ја издржите морате веднаш во WC
https://herbalplus.mk/portfolio/second-brain/ Дали некоја има искуство со овие таблети? Ги рекламираат како многу добри во справување со анксиозност и депресија и лачење на серотонин и допамин.
Probaj, jas baagi probav na prirodna baza, se pomaciv, ama ne mi deluvaa za zal. Nema steta da probas. Jas piev 5Htp na Health Aid, persen, lunerba, radhiola i uste ne znam sto, caevi valerijana i matocina, ama zavrsiv na AD. Ali ako ne si vo nekoja ponapredna faza na anksioznost, moze da pomogne
Јас земам деметрин по потреба, ама веќе потребата почна да станува секојдневна па затоа сакав да пробам нешто на природна база ако ми помага да не се трујам секојдневно со деметрини, хелекси и чуда.. Фала ти
Драги, претешко ми е денес. Почнав на работа на многу стресно место без претходни искуства за истото. Го одбрав оти морам. Немам друг избор во моментов. Не сте свесни какви глупости ми доаѓаат во глава. Наместо да се фокусирам во работата која и онака бара премногу концентрација, јас имам присилни мисли, си кажувам на себе дека сум глупа, болна.. Ме уби ова чувство на самообвинување, имам вина што сум жива. И згора на ова, анксиозност која ме јаде секој ден, секој секунд веќе два месеца. Пијам АД веќе месец дена. Имам промена кон поголема активност, поактивна сум, но некако функционирам како робот. А, чувството на анксиозност како само да е потапо, како потиснато, но, уште постои. Не чувствувам убави и спокојни емоции. Само чувство на трема и исчекување лош исход во сѐ. Патем преосамено и изгубено се чувствувам. Како дете оставено на улица. А толку многу сакам да живеам.. Овој Ковид период ме уби! Никогаш не сум паднала волку. Никогаш!
Тоа е, така ни е од што не бираме ШТО САКАМЕ, туку ШТО МОРАМЕ. Иста бев и јас. И јас исто завршив буквално. Пиши ми слободно лп
Treba vreme za AD da deluva, dobro e sto imas promena Jas bev isto, ali treba vreme. Da recam se vrativ vo normala po 8 meseci. Sega toa e moe iskustvo, posakuvam kaj tebe da bide sto poskoro
Ти благодарам на поддршка! Еве веќе два и пол месеци маме ми се плака. Прво ме фати лани летото после трауматичен стрес, ама ми траеше кратко, околу месец, па се извадив само со четвртинка Еглонил, оти имав и проблеми со јадење. Бев супер до Март оваа година, и еве не можам никако да се приберам. Абе ме изеде жива. Ако успеам да кренам глава овој пат, ќе го посветам животот на анксиозните.. Многумина не се свесни низ кој пекол поминуваме.
Zdr.na site nov sum tuka slicni simptomi mi se javija i mene kovid ..umrel ovo onoj...misli stresirajse izbegavaj druzenje i anksioznosta e tuka....glupo cuvstvo na voznemirenost nemir i neraspolozenie neznam kako da se nadmine maticniot mi prepisa maprazaks i zepira se mislam dali da pijam ama neodi preku den mi e tesko navecer e podobro ama nautro i preku den nepodnoslivo.Koja energija ja imav neste svesni covek masina kako mozese da me sovlada stravot i sam nemozam da si objasnam
И јас бев бестрашна до лани, ама еве сега како глувче сум. Човечкиот мозок е чудо едно. Ако мислиш дека се знаеш себе, се лажеш
Zdravo.Nova sum vo grupata. Imam anksioznost i blagi panicni napadi. Pijam Elicea od 5mg i Helex od 0.25mg po potreba.Gi pijam 3 meseci veke,bev dobra no sega veke 10 dena pak mi se pojavi toj intenziven strav i taa panika. Ne mozam da najdam nacin kako da se spravam so stravot.Osekam zamaglenost vo glavata,vrtoglavici,trpnenje na nozi,teskotii so disenje i se trudam da preminam preku toa,no mnogu tesko mi odi.Nekoj sovet kako se spravuvate so panicnite napadi i stravot?
Никако. Многу ментална сила треба. Надминување себе со сопствената волја. Претешко е, ама ако успееш сиов овој кошмар ќе ти биде смешен. Многу помага психотерапија, поготово за паничните. Јас не умеам да се носам сеуште. Им дозволувам да ме водат тие. Си викам со прифаќање можда ќе поминат побрзо.
Два месеца сум константно анксиозна. И јас сум на Елицеа, ме смирува телесно, а воглавно сум истата. Стравот е нон стоп тука.
Isto i jas posebno poslednite 10 dena konstantna anksioznost osekam preku cel den i cela nokj. Probuvam i so caevi megjutoa oekam malku podobruvanje kako saat dva i potoa e pak istoto
Јас не само страв, него и страшна неодлучност чувствувам што уште повеќе ми создава тензија. Не можам да се одлучам да направам било што во поглед на работа, а истата ми е неопходна.