Шекерка бедоксин може два пати дневно,а лунерба незнам дали смее во комбинација со нешто друго.Ти прашај си ја аптекарката па ако смее прави си некои комбинации- лунерба пример насабајле или пладне, а бедоксинотот приквечер.
Dali e mozno od revakcinata zasiluvanjd na anksioznost. Inaku me fati panika pred bockanneto i denes nekako cel den napnata i uzasdn panicem napad
Друштво, ги направив сите испитувања, оти матичната се сомневаше на срцето и тироидната, поради тахикардиите и несониците. Сѐ е перфектно! Дури докторот ми рече - имате срце како 10 год девојче. Тироидната беше исто совршена. Физиолошки сум здрава, али и понатаму одбирам да мислам дека нешто не е во ред и понатаму сум уморна. Не се ни израдував после добрите резултати. Или само на кратко, и пак му се препуштив на сивилото. И психијатарот ми рече дека нема да ми е подобро од терапијата, ми рече дека мојот проблем повеќе е персонален и дека морам да го решам сама. Антидепресивите нема да ви го сменат мозокот, ми рече. Вие морате да го направите тоа.
Isto i mene mi kazaa . Nikoe apce nemoze da vleze vo toj del pd glavata i da go smenj toa. Toa mozes samo ti.. i taka e.. jas shm piela antidepresivi, apored mene te pravat bescustvitelen covek, covek sto ni znae da se smee ni da place.. mene nogu mi znaci tuka koga ke se pozalam i koga nekoj ke mi pise se ke bide dobro, ne e nisto, nema da ti bide nisto, taka mi bese i mene i pomina.. i mene mi dava sila i volja. Taka da dajte da se podrzuvame, da si pomagame i da sireme pozitivna misla
Што терапија пиеш, од колку милиграми и колку време ја пиеш веке? Воопшто не се согласувам со оваа твое мислење.
Пред неколку години кога се соочував со анксиозност бев кај неколку лекари и од терапијата што ми ја даваа ама баш никаков ефект. После решив на приватно да одам. Бев кај докторка Емилија Горгијева во Жан Митрев, можам да кажам само пофални зборови, од лековите што ми ги даде одма почуствував подобрување. Тогаш плаќав околу 4000 денари, сега незнам колку е.
Еден месец земам Есциталопрам, имам некое подобрување, најбитното, телесните симптоми ми се потсмирија. Докторката сакаше да каже додека сама не си решам некои проблеми што си ги имам со себе, ниедна терапија нема да направи чудо. Терапијата ќе те потсмири, стабилизира, но од тебе зависи колку продуктивно ќе се насочуваш, на што се согласувам и истото го знам и јас, само тешко ми оди во пракса. Мојот проблем е повеќе персонален, имам дисфорично персоналити, и тоа ми тригерира анксиозност. Значи морам да работам на себе. Апчињата нема да ми дадат нов карактер и мислење за себе. Ми препорача било каква работа, поготово физичка, буквално ми рече оди работи и ко собарка, додека си најдеш нешто според твојата струка. И секако мали чекори за почеток. Без стресување и форсирање себе. Физичката работа без многу ментален стрес најмногу помагала кај анксиозност. И психотерапија. Обавезно. Не сум против терапии, на многу луѓе и те како им е потребна и им помага истата.
И јас пијам есциталопрам(Зепира) веке 3ти месец, вториот месец почнав да чуствувам подобрување, сега третиот уште подобро се чуствувам. Почнав со 5мг, сега пијам од 10 мг. Лекувањето со есциталопрам(зепира) како што разбрав треба да трае најмалку или барем 6 месеци за да даде ефект и потоа постепено да се исфрли доколку лекарот одлучи дека е доволно.
Здравоо на сите... Деновиве се осеќам преуморно едвај функционирам... Дали и на вас ви е така? Многу црни мисли имам осеќам голема празнина во себе, се ми е некако бесцелно, се надевам дека е период, буквално само би спиела
Друштво, Само што ги направив сите испитувања деновиве, совршено здрава сум. Но, имам нова фобија. Сестрата што ми земаше крв, тупферот со алкохол го имаше ставено на масата каде ми земаше крв и ми го фиксира со страната што лежеше на масата. Ја следев цело време и ѝ реков да ми донесе нов тупфер, али не можеше оти во истиот момент ми земаше крв. Ѝ реков дека ќе ми создаде нова анксиозност и не ме послуша. Ми го стави тупферот и тоа баш од страната што лежеше на масата. А бог знае колку се чисти таа маса. Сум работела во нашето здравство и многу добро знам "колку" се пази на хигиена и основна заштита на пациенти. Треба да се користат два тупфера, еден за пред и друг за после постапката. И двата треба да бидат ставени во дезинфициран сад, а не фрлени на маса. Стравов дека можда на масата имаше во најмала рака хепатити е реален, оти знам луѓе кои буквално се контаминирани со хепатитис од тупфер.. Вирусот на хепатит може да живее на површини и до 3,4 месеци! Не знам дали ќе има крај на стравовиве мои! Таман се израдував на кратко на добрите резултати и сега пак сум на старото. Гневна сум на нашето здравство и нечистите сестри кои си боцкаат како да им си отишол дома на кафе. Кој ќе чека 6 месеци да правам тестирање за хепатит, а таман подобра бев после долгата голгота и сега пак истото. Да не се случеше ова, бев на чекор да се кренам од анксиозноста. Ми се плаче веќе! Само на ова мислам!
Прво, честитки што си здрава. Радувај се на тоа. За другото. Ако и другите размислуваат вака нема да има човек којшто нема да биде анксиозен. Јас те разбирам зошто и јас имам вакви стравови, откако ќе одам на заболекар размислувам дали било се чисто, океј, а таму незгодно ми е да коментирам, не сакам да пливам во базен заради можност од инфекции итн. Но, ова е претерано. Убаво рекле колку помалку знае човек подобро за него. Не сум медицинско лице, но можноста за зараза на овој начин ми делува невозможна. Да, многу непрофесионално од сестрата, но дури и да преживува на површина, која е веројатноста прво да имало на масата хепатит, потоа истиот, таков од маса, да е заразен итн. Со короната верувам и дека повеќе се внимава на хигиена. Немој да се навредуваш, но далеку си од надминување на анксиозноста, барем на долг рок, ако ова ти создава толкав страв. Тоа значи дека моментално симптомите ти се смирени, но коренот на проблемот дефинитивно е тука. Не те осудувам, мн убаво ги разбирам ваквите фобии, но мора оваа нова фобија под итно да ја пресечиш од корен. Совет од мене ти е уште утре да се консултираш со доктор, да ја објасниш убаво ситуацијата и да ти каже која е веројатноста за зараза во овој случај. Според мене помала од 0.01%. Но анксиозноста е еден таков вител на црни мисли што опасноста ќе ти ја направи толку многу реална и ќе веруваш дека навистина има проблем. Ако размислуваме вака, буквално нема човек којшто во моментов нема причина за грижа за сопственото здравје. Те молам консултирај се со доктор, верувам дека ќе ти олесни барем малку.
Jas takov film so tupferot si napraviv isto, ali korona da ne fativ epten te razbiram, treba vreme. Sega maka nemam, se setam sekade i ne mislam na nisto
Probaj so maslo od lavanda jas veke dva dena probuvam i me smiruva posebno koga ke me fati panika. Ti preporacuvam i na tebe mnogu relaksira
Kako se spravuvate so bolk vo vratot, vratnitr zili mi se ukocuvaat mislam i me bolat od tolky sto sum napnat