Купи со го црвеното, имаш и помало пакување од 400 денари. Нежно масирање (следи ги инструкциите, нема да делува ако грубо те притиснуваат кога ти ја нанесуваат кремата) после завиткај го вратот во некоја марама. Ќе почне мнг да те топли и после ќе се олабавиш, во меѓу време не конзумирам ништо што може да те стимулира како кофеин и слично....
Здраво на сите! сакам да прашам по колку саати ви трае дејството на седативот(деметрин, хелекс...). кај мене само 3 часа и после се по старо.
искрено, да не било тоа со тупферот, ќе било друго што ќе те направи анксиозна, зошто тоа е твојата моментална состојба, сум била вака слична за болести и тоа е. пиј терапија, контроли со психолог, многу труд и со тек на време ќе пројде. анксиозните луѓе пробуваат да надминат анксиозност, а упорно се оптоваруваат пак и пак со нови нешта, едноставно мозокот така ти бара да се грижиш за нешто. ама среди со време, зошто може да ти пројде во навика ваквата состојба (како што ми кажаа сите доктори мене) и, радувај се што физички се е во ред! колку и да мислиш не можеш да се израдуваш
Па веќе ми е влезена во навика. Години мозокот мир не ми наоѓа.. Ама овој пат решена сум да го сменам, оти досадно е веќе. Точно, тупферот да беше и во ајнцер, ќе верував дека и него не го чистат. Останува од дома да си носам тупфери и сама да си ставам, ама после ќе излезе нешто трето и така во круг. Сѐ знам, ама тешко оди во пракса.. Но, овој пат имам волја да го менувам.
Многумина од нас пиеме и не пиеме. И кај секого е различно. Додека се споредуваш со другите нема да имаш напредок. Земај си ја терапијата и насочи се кон правење нешто, обврски наоѓај си, работи...
Надвор е облачно. Едвај гледам очи ме болат уште од сабајле. Отсутно се осеќам, изморено, како у секој момент да се онесвестам. Единствена сум?
Оф леле, како јас да се читам На секои 3 месеци правам крвна слика перфект, како по книга Ми трае неколку дена ахам здрав сум и после пак почнува интересното... Али јас гледам позитивно на цела ситуација, бидејки пред ова живеев не здрав животз полн со кафани и алкохол, а сега трчам по 10км, изледам добро и имам јака кондиција, зборот ми е ако можеш барај ја позитивата, тука некаде е во секој од нас, јас пиев и елицеа и деметрин сега сум 2 месеци Ад фрее, имав проблеми со спиењето, на почетокот али еве сега се управив...некаде исто така од некој од членовите прочитав дека мораме да се навикнеме да живееме со анкциозноста, она си има начин да не потсети дека е тука, ама не смееме да клекнеме, ке има денови потешки и полесни, кога е тешко смири се бидејки знај дека ке биде утре подобро и поубаво...поздрав и глава горе, јаки сме ние и ке победиме
Апсолутно, затоа сме и овде. Мислев исклучиво на терапијата. Многу е контрапродуктивно кога разговараме за терапии, оти стварно кај секого делуваат различно. И јас го правев тоа порано и многу бев сугестивна и си правев полошо. Слушај си го психијатарот во поглед на терапија, мој совет. А за останатото, тука сме.
Здраво девојки .. досега не сум разговарала ниту со психолог ниту со психијатар . Чуствувам поспаност, замор, тежина, напнатост , се чуствувам стегнато, ослабив премногу не чуствувам ни глад ни жед , преживувам буквално со едно лебче на ден , нервоза, се ми смета .. дали можеби е некој симптом на депресија, анксиозност .. б6 пијам секој ден , друго нешто што би ми препорачале?