1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    3.774
    Пол:
    Женски
    Драги луѓе , вчера ми се случи еден страшен момент во мојот живот.
    Требаше да полагам за кола на полигон. Никогаш не почуствував страв од возење, напротив уживам. И вежбите воопшто никогаш не ми претстаувале проблем.
    Седнав во кола, ми дое редот ја запалив и тргнав. Наеднаш ме обли ладна пот. станав бледа и имав страшна тихакардија ( Иако имав земено лек), ушите почнаа да ми зујат, нозте ми игра и рацете ми трнеа. Бев на работ до удар ( мислам).Добив страшен паничен напад.
    На пола вежба застанав и излегов и кога излегов почуствував такво олеснување не знам како да ми се симна слон од грб.
    Нормално на никој не му е гајле за состојбата во која се најдов и паднав на испитот.
    На работ сум да се откажам од идеата да возам, мојот доктор вели дека со самоконтрала се решава. Дека тоа било поврзано со страв од оценување.
    Ни на мојот инструктор не му е јасно како се случи, дека се беше во ред. Никој ли не е запознаен од стручниве лица да ги речам со вакви сосотјби. Ни комисија ни никој.
    Не знам како ќе ја надминам оваа состојба, што ако пак ми се случи? Или не дај боже децата кога ќе ги возам? Милион прашања ми се вртат во глава.
     
  2. shawtiena

    shawtiena Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво здравоо ❤️ Епа вака сега ова не знам како да го наречам дали анксиозност или уплав али еве ке ви раскажам една мала приказничка.... У септември 2020 имав сообраќајка, за среќа немаше починати..Јас седев назад и дури имав појас, автомобилот се преврти на кров два пати и се спуштивме надолу. Се среди све ситуацијата немаше некој тешко повреден ама јас останав психички повредена и тоа како. Од тогаш па до сега имам некој чуден страв од возење, пример кога ке се качам у кола со друг ии прво ми беше страв само од брзо возење а сега 100 да вози некој се тресам, имам проблем што гледам во патот и цело време замислувам како ке направиме сообраќајка и ке умрам и се плашам од тоа... Воопшто не сакам да го мислам тоа ама само ми доаѓааа... Дали знаете како би можела да си помогнам себеси... искрено ми е срам да кажам некому дека из чистог мира дур одам некаде со кола на секое имам страв од умирање и дека ке се преврти колата... help
     
  3. Драги, два дена ги доживувам најголемите стравови во животот воопшто.
    Цел живот сум анксиозна, но секогаш била поврзана со физичките болести.
    Деновиве апстинирам (после 10 год употреба) од бензодијазепини.
    За прв пат во животов развив страв дека сум шизофренична или пред деменција, а и тие имаат право да бидат тоа, и ги гушкам истите. Анксиозноста е најстрашна од сите!

    Два дена мозокот ми е салата, несакани безредни мисли до небо, мисли дека ќе почнам светот да го гледам поинаку, дека веќе полудувам.. Гледајќи ја тревата и небото се прашувам зошто небото е сино, а тревата зелена, тоа се само бои на кои ние сме им дале називи, што ако почнам да ги гледам поинаку.. Присилни мисли до лудило.. Да не почнам и луѓето да ги гледам поинаку.. Ја гледам вратата, се прашувам од што материјал е, тој материјал како дошол, низ каква преработка поминал.. И се облевам од пот од ваквите мисли. Убедена сум дека полудувам. Чувството е како многу тежок бед од џоинт. Веќе неколку дена се чувствувам вака откако по препорака на психијатар го прекинавме антидепресивот оти имав њус појави. И како реков се кинам од седативи после многу годишна употреба, сукцесивно.
    Но, од друга страна многу поактивна сум од било кога.
    По дома правам сѐ и сешто, што претходно не беше случај. Многу побистро ги гледам нештата, минатото, грешките и пробувам да си простам за истите.
    Се наоѓам во пекол, но истовремено ме обзема чувство на надеж дека ќе издржам и ќе си ја најдам главата пак, потрезна овој пат.
    Пишете дали нешто слично ви се случило и дајте ми поддршка, многу ми треба!
    Кога сте години на седативи, будењето е шокантно. Уплашени сте дека сте живи. Додатно со карантините и сѐ што поминавме со короната, враќањето во живот е исто многу стресно.
    Веројатно доживувам деперсонализација и дереализација со присилни мисли и шокирана сум.
    Ова е нешто ново за мене.
    Плус несониците ме убиваат оти ми треба дозата на седативите.
    Но, решена сум и со месеци да не спијам ич дека ќе издржам. Сакам да почнам да спијам природно како кога бев дете. Да спијам кога ќе ми се спие и да не шекнувам ако не можам да заспијам. Да спијам со задоволство а не принудно. Да почнам да го гледам спиењето како природен и убав процес а не тешка адреналинска мисија..
    ГО САКАМ ЖИВОТОТ И СЕБЕ, оти само преку себе можам да ги сакам и другите.
    Сакам да излезам од пештерата во која бев цел живот!
     
    На Biljarkata и lale22 им се допаѓа ова.
  4. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    Многу те разбирам низ што поминуваш.
    Имаше моменти кога се потев пред вратата и 100 пати проверував дали е заклучена едноставно неможев да тргнам, ова е само мал дел.
    Само сакам да ти кажам кога јас се ослободив можиш и ти и сите.
    Добро е што си свесна и како што напиша ГО САКАМ ЖИВОТОТ И СЕБЕ тоа е најважно тогаш спротивставувајмусе на стравовите игнорирај ги мораш.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Би ми значело некое убаво и охрабрувачко искуство со откажување на бензодијазепини.
    Десет години земам Лорсилан од 1мг само навечер за спиење. Никогаш не ја зголемив дозата. Од страв дека нема да можам да спијам си го земав еве веќе 10 год. Психијатарот ми даде табела со постепено намалување и замена за почеток за да немам апстиненцијални кризи, но дури и при кратење на една четвртинка полудувам од анксиозност и несоница. А некогаш ми се случило да заборавам да се напијам и да спијам нормално. Ах што ти е сугестијата.
    Ве молам споделете ако имате искуство со долгогодишна употреба на овие проклетници и како се справувате.
    Кај мене игра улога сугестијата.
    Да верувам дека ќе биде добро веројатно и ќе биде.
    Значи само од 1мг земав, никогаш не ја зголемив.
    Ама ме маваат тешки сугестии.
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Добро што си решила да прекинеш и да пробаш да се избориш поинаку. Не ми е јасно кој доктор дозволил млада девојка да проживее 10 години од својот живот на таблети за смирување?
     
    На maja.mitrova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.634
    Допаѓања:
    176.878
    Како го опиша, баш бед трип од џоинт ( поише од џоинт не знам, може и некоја друга дрога е таква).
    Да кажам, немам поим низ што поминуваш, па може ќе биде ова глуп совет, ама си пробала ли да работиш нешто, најдобро физичка работа, за да немаш толку време да се занимаваш со своите мисли?Не ме тепајте ако е многу глуп совет:tmi:
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Да не бев свесна колку се штетни ќе ја послушав и ќе земав 3 пати на ден.. Почнав само со едно знаејќи ги последиците, и еве со ова едно си фрлив 10 год од животот. Сѐ ми изгледа како во магла. Ако успеам да се изборам и останам при здрав разум ќе станам прва поборничка за ова фармацевтско зло. Не сте свесни и не ви посакувам да знаете низ кој пекол се поминува. А земав само едно од најслабите исклучиво за спиење. А верувам дека има такви кои земаат многу повеќе.
    Поголеми последици и кризи има и од опијатите.
    Пишувајте ми по нешто убаво секој ден ве молам.
    Имам прекрасно семејство и сопруг, ми даваат енормно многу љубов и разбирање, ама не ми е доста. Овој отров прави од вашиот мозок никој да не ви е доволен, прави да сте себични, да го продадете светот за една таблета.
    Ве молам, никогаш не го земајте овој отров повеќе од 3 недели и не го слушајте докторот ако ви каже земајте го додека ви треба.
    Секогаш ќе ви треба!

    Билјарка, работам по дома, за брзо ќе почнам и на работа.
    Несониците ме исцрпуваат и немам сила толку да работам преку ден. Некогаш не спијам ич, некогаш по 5 саати. Една жена ми дава многу поддршка да го пребродам стравот од неспиење.
    Таа спиела по еден саат дневно цело лето, бидејќи е презафатена и супер функционира.
    Ме теши дека ќе преживеам додека фатам некој природен ритам.
     
    Последна измена од модератор: 2 јули 2021
    На lale22, Bridget и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.634
    Допаѓања:
    176.878
    Не знам чија одлука е да те симне од бензо, ама ми се чини како добра одлука. Ако ти се погодил психијатарот/психологот, работи со него. Знаеш дека си физички здрава, знаеш од кај ти е проблемот. Ти држам среќа
     
    На lale22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Моја одлука е, зашто за прв пат во минативе 10 и кусур години станав свесна колку треба да бидам среќна и благодарна за сѐ што имам, а не бев.
    Тешко е, оти изгледа како будење од сто годишен сон, и буквално сум преуплашена како мало дете што вриште по мајка си.
    Кога си на бензос не размислуваш пропорционално. Сѐ ти рамно. Не чувствуваш ни среќа ни тага туку некаква спокојна рамнодушност.
    Сега почнувам да чувствувам сѐ после многу години и чудно е.
    Станувам свесна за многуте грешки и себичноста што ме доведуваат до језив очај и анксиозност.
    Пробувам да си простам и да почнам да правам нешто конкретно. Многу тешко оди.
    Немам концентрација за ништо.
    Заглавена сум во опсесивни рипит мисли. Веројатно сум била цело време, само не бев свесна.
    Ќе пробам и тука да не висам многу оти го повторувам истото па истото и зборот анксиозност ми е гадлив веќе. Најупотребуван збор ми е овие месеци.
    Давајте ми поддршка преку порака ако се сетите на мене.
    Многу сакам да успеам!
    Сакам да изживеам живот многу поинаков и поквалитетен од овој досега.
    А, при тоа да бидам свесна дека секогаш ќе има падови со кои морам да се носам.
    Фала ви на поддршка ❤️
     
    На lale22 и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Уф,овие денови катастрофа сум, вчера срцето,денес како вртоглавица, неубаво чувство, додуша и сношти кога си легнав не ми беше воопшто добро, исто како да имам вртоглавица,нозеве како да не ме држат,сабајле се разбудив со ужасна болка во грбот,нема крај ова,се движам мислам ќе паднам,имав еглонил се напив па да видам
     
  12. Simpleman

    Simpleman Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Жени едно прашање од информативен карактер...
    Дали е случајно што состојбава се вика анкциозност, т.е е жена, мислава ме мачи некое време па да прашам некој дали знае
     
  13. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Bukvalno isto sum i jas ne znam vise sto da si pijam sto da pravam , edni vikat anksiznoste edni post kovid reakcii
     
  14. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Пред колку време ја прележа короната?
     
  15. Mmm123

    Mmm123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ti go mozes toa !!! Tuka sme da ti davame podrska i sig ke uspees. Za se e potrebno vreme, ne mozi preku nok ama toa ne znaci deka nema da bide. Ajde na vecer pred da si legnis ne misli na toa apcinata, zemi po nekoja caska vince so soprugot opustete se pa uzivajte milina ke zaspies. I ne gledaj na seto ova kako na negativno, tuku kako na nesto sto ke te napravi mng silna. Sekoj covek se bori so nesto ne si sama ne si edinstvena. A i iskreno mislam si dosta intelegentna i.odgovorna licnost, zatoa mozebi na se pridavas znacenje. Najgolem del.od lugevo deneska nis ne mu ja mislat i najlesno takvite pominuvaat. Ama ete ti i nie site so anks sme predodredeni da se borime so toa i tteba da sme blagodarni. Reci si fala ti gospode sto sum zdrava prava, a za losite milsi idele sekogas pa ke si zaminat eee ke vidis po nekoe vreme ke ti bidi smesno seto ova. Imaj ubav den ❤
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ти благодарам ❤️
     
    На Mmm123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. попкек

    попкек Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    И јас вчера многу лошо чувство пред спиење, цел ден супер ама вечерта ... како некое притискање позади уши, на главата и некое безвезно чувство на возбуда, страв... нормално истрчав притисок да мерам, малку покачен, за кратко се смири. Дали е пост ковид не знам, ама анксиозност сигурно е :sweat:
     
    На Simpleman му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    24.198
    Викендашки. ✌☯️

    Screenshot_20210616-152719_Chrome.jpg
     
    На Guns N` Roses, flower55555 и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  19. Simpleman

    Simpleman Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Исто синоќа тешко, мачнина во желудникот, страв, работам по дома реновирам дали се напнав не знам битно тешко беше синоќа...ај денес ваљда подобро ќе е