Lugee nekolku dena so red ne se osekam bas najubavo. Glavata mi e tapan me stega, telovo kako zgrceno i vo strav celo vreme duri i muskulite me bolat od so sun zgrcena. Pa plus zeskovo me utepuva plus na seto toa. Sega misli me fatija deka vaka glavata me naboluva nes da ne ima nezz.. Ve molam za sovet
Здраво на сите тука.Некој со сличен проблем како мојот да има и да каже да помогне како го решил?Веќе два месеца ме мачи некоја не толку голема ама сепак е анксиозна состојба.Бев приватно кај Др Чепреганов снимка еег преглед ми вика нема ништо неси ти за да се труеш со лекови си се уплашил пробај смирисе и нема ништо.Матичниот ми вика попи зепира и мапразакс некое време ...пробав неколку дена 5- 6 дена бетер осеќав и ги баталив ...Имав и добри и лоши денови се трудам да работам многу сум јак физички ама кога немие добро имам проблем со храната во стомак ми е како гадно не ми се јаде слатко да се најадам наутро се будам порано спијам околу 6 часа непијам речиси ништо вчера зедов Неурофорте почнав да пијам по една на ден по потреба земам диазепам од 2 мг некој со ваков проблем помогнете Можеш снимка да направиш за да не страхуваш дека ти е нешто пробај опуштисе колку повеќе мислиш толку полошо тргај ги мислите
Probuvam ama se tamu mi odi umot. Duri i da ne me boli cekam i se dopiram da vidam kaj mi e pocnata bolkata. Uhh katastrofa sum
Зошто ја игнорираш терапијата, треба да веруваш во неа, да си речиш сега ке пијам терапија и подобро ке сум, резултати има после две три недели, не си требал да прекиниш, сите ние не сакаме да пиеме, ама сите пиеме.
Фала ти! Не ми препишал ништо доктор, не сум била. Ама мислам дека имам некој степен на анксиозност што навистина ми смета во животов. На пример еве, пред испит и за време на испит ме фаќа некој блок иако сум учела многу. Целото знаење ми се брише од главата и не знам ништо да зуцнам, понекогаш до степен и да паднам на испит. Многу глупаво се чувстувам, ми е страм дури и од професорите и колегите што ме слушаат, како да не сум отворила книга за испитот испаѓа.
Поздрав до сите вас. Пред се сакам да ве охрабрам сите и да ви кажам дека поминува оваа состојба. Стравот од спобудалување, болести, преиспитување дали сте во ред и сите ирационални стравови ПОМИНУВААТ. Најважно е да си признаете дека сте во некоја лоша фаза од вашиот живот. Следно побарајте помош независно психолог, психијатар. Јас бев во очајна состојба од анксиозност која сама сакав да ја лечам со чаеви, апчиња на природна база, мотивациони видеа дојдов до тешки несоници и депресија. Стигнав до дното, немаше веќе каде. Видов дека сама не си поможвам туку повеќе тонам побарав помош од психијатар. Се стабилизирав за два месеци. Почнав да јадам, да спијам, ми се врати желбата скоро за се. Ама нешто ми недостасуваше. Ме интересираше како стигнав до таму од една позитивна личност, која сите знаеше да ги теши, цени, почитува стигна себеси да се мрази. Е тука одговорот го немав и сфатив дека ќе треба многу одговори да ги барам со помош на стручно лице - психолог. Постепено за многу работи ги добивав одговорите, на самиот почеток не. Ништо не ми беше јасно, подоцна се доби смисла. Како зошто и од каде стигнав до таму, а тоа не е една работа. Туку ситни мали нешта кои се таложеле низ животот и ме однесле таму каде што бев. Затоа сакам да ви кажам барајте помош независно психолози, психијатри или двете. Не сите имаме исти животни приказни. Кај некој можи поможва само психолог, кај некој психијатар и терапија со психолог. И ако земате терапија не сте слаби, не ве трујат докторите едноставно ви треба помош плус да застанете на свои нозе. Од оваа гледна точка фала и на анксиозноста зошто таа не ми била непријател како што мислев, туку најголемиот пријател кој ме освестил во животот.
Zdravo.. kako ste decki? Znam stom setame vo ovaa tema na forumov kako moze da sme no se ke bide podobro veruvam vo toa. Denovive anksioznosta mi e po izrazena dali vam vi se ima sluceno da zaboravite. Denes mislev sum gi stavila alistata vo ranec ama brzav vo spremanje i sega gledam ne se tuka samo sum gi spremala v ranec ne sum gi stavila dali ova e normalno. Ednas isto gi izvadiv prstenite no ne bev svesna koga toa sum go napravila malce me klade vo misla help pls
Дечки како сте деновиве? Јас имам некоја дереализација, изразена анксиозност и нестабилност при одење и покрај терапијата...не знам како да си помогнам
Procitajte malku pogore i drugi dosta se zalat denovive na poizrazena anksioznost, isto e i kaj mene, pretpostavuvam od vremeto e nesto mene koga i da ne mi e dobro si vikam od promenata na vremeto e pa ke projde, taka i sega, samo ne ocajuvajte, bidete sto e mozno popozitivni, ke dojdat i dobri denovi Da da daaaa jas go imam toa poveke od godina dena, stom sum napnata mi doaga za podrignuvanje, kako tegibi vo zeludnikot, nemozam da opisam, ok sum se proverena od napnatost e so sigurnost.