Луѓе не знам дали темава е за тука но на градата ми се појави црвенило и веќе 4 дена го имам тоа и ме чеша. Мајка ми, тетка ми која е хирург ми кажуваат дека не е ништо или чир ќе излева или иритација од хлор и едно средство за базен што е. Е сега јас овие 4 дена се скренав нешто да не ми се случи, секоја вечер пред спиење од помислата ми се повраќа дури едваај заспивам а знам дека не ми е ништо, и ако нешто друго ме боли одма паничам, а не ми е ништо.. Дури осеќам дека се ми отрпнува.. Психа ли е анксиозност ли е што ли е?????
Или хипохондрија. Таа секогаш е придружена со анксиозност и/ли депресија. Не дозволувај да ти го обземе животот, реагирај побрзо. Можеш прво и на лекар да одиш колку да добиеш црно на бело дека тоа на градата не е ама воопшто сериозно, а потоа започни сесии со психолог. Или па можеш и со психијатар, ама според мене подобро е со психолог да се почне.
Дали ви се затнуваат ушите,од кај 12 ч тапан ми се и сето ни е безвеза,како на планина да качувам се чуствувам,а и од ко ми се затнаја ме фати и паника како да ми се мели умот како нестабилна да сум,дали јас си замислувам и не,незнам веќе
Треба да отидеш на психијатар да му го кажеш ова и ќе ти даде соодветна терапија, да го пребродиш периодов..позз
Има два можни одговори и едниот од нив нема да ти се допаѓа. Првиот е, психоза. Се случува поради преголем стимуланс и е поврзано со посттрауматски стрес. Мислите ти се надвор од контрола. А претходно имаш пребродено нешто емоционално тешко и сеуште немаш завршено со процесирање на овој настан. Кафе, киснење на телефон, телевизија, музика, и секој друг аудио визуелен/хемиски стимуланс придонесува до хиперактивни мисли, поврзи ги тие со посттрауматски стрес и добиваш нешто како твојов случај. Препорака е одреден период да ги отрстраниш сите стимуланси и да ги смириш мислите со јога и медитација а во меѓувреме да разговараш со некој постар околу емоционалниот стрес кој го имаш пребродено. Има една мала книга: Медитации од Маркус Аурелиус, филозофија на стоицизам чиво прифаќање и аплицирање во персоналнио живот ослободува од стрес, анкциозност, депресија и темни мисли. Друг метод е Вим Хоф методот со хипер вентилација и ладен туш, дефинитивно препорачувам секој што се соочува со слична ситуација да го проба и да се воодушеви од неверојатните придобивки од оваа практика. И за крај тред метод е 3 дена во природа. Одбери пријател, исклучи се од опшествово, исклучи телефон, одете на планина и кампувајте некаде 3 дена. На 3тиот ден се случува некаков психолошки ресет во мозокот и човек се ослободува од вакви темни мисли. Вториот одоговор што нема да ти се допадне но знам дека е можно затоа што јас се имам соочено со ваква ситуација е демонски напад. Овие ствари постојат и се секаде околу нас, некогаш се случуваат намерно некогаш ненамерно. Мојот случај беше сосема ненамерно, се обидов да помогнам на личност и се закачи на мене. Следуваше ваков хорор како твојот. Но ми се појавуваше на сон, лицето негово, сениште грозно. Викнав поп и ја освети куќата, после тоа ја прочитав библијата дома и медитирав во молитва. За кратко потоа го снема. Така што ако ги примениш советите од привиот дел и нема успех тогаш дефинитивно размисли за вториов дел. Поздрав.
Господе боже.. @bella108 не го ни читај постот молим те .. Какви психози и демонски напади човеку! Зошто ги плашите и паничите луѓето на ваква осетлива тема.. Дали си свесен дека можиш да и пикниш во главата дека има психоза и што се ќе треба да направи за да ја исфрли таа мисла од главата па и уште ако земи да чита како што сите реално правиме.. Осет малку..
Нели читаш дека она веќе е преплашена и испаничена? Нели читаш дека нема контрола врз мислите? Ако бараш мислење и одоговори на јавен форум тогаш очекувај мислења и одоговори од јавен карактер. Ниту ја плашам ниту ја паничам, и давам предлог решенија кои јас лично ги имам применето во животов и ми помогнале. Каков предлог и даваш ти? Можеби и ти треба да примениш некои од моите предлози хаха. Бркај работа
Бркај работа дома на тој што ти е да му велиш... Испаничена е дека ја гледа некој и ти капак пишуваш демонски напад.. Сите имаме и сме имале глупави мисли, нерационални стравови. Јас имам стаж 12 години па ни еднаш не сум била психотична ниту пак демони ме нападнале.. Јас ќе и дадам совет да се согласува со мислите па колку и страшни да се и да проба да ги сврти на комична страна.. Некој ме гледа, да бе ене го сега ќе му мафнам.. Никако не не не е вистина.. Така добиваат на сила и зачестуваат. Ова го научив на КБТ терапија, што ме кошташе мало богатство од сесија но ми го спаси животот. А контрола на мислите никој жив човек нема и нема ни да има.. Битно е како реагираш на нив
Какви психози, какви демонски напади Пред да пишеш коментар прочитај што е психоза, а што неуроза. Не мора дополнително да ја паничиш.
Читај го @MasMonero пред да си легнеш, ќе те насмее, башка ти нуди прв, втор и тред метод, па ти бирај.
Моментално сум на одмор па затоа немам достап до лекови за смирување. Ноќеска имав паничен напад од кој што еве сабајлево уште се притресувам. Имам само ибупрофен и парацетамол со мене. Буквално немам како да се смирам или да земам еден дијазепам.
Класика пост корона Пост трауматски стрес синдорм. Апелираа дека после сето тоа што се случуваше многу луѓе кои и имале и немале корона , живееа под стрес и сега се појавува. Така да разговор со психијатар, психолог нема да е лошо да ти помине ова премрежје. Само едно знај не си сама не си единствена, не си ненормална, ќе помине.
@nena2010, цару наш! Секоја чест за советите. Јас да се јавам. Си, прам како, што ми е убаво. Не дека ми е идеално, но одам на психијатар, психолог, терапија. Почнав дури и да одам по доктори, во смисла за контрола. Инаку, мене ти од дома не ме стануваше да појдам до продавница..... И само спиев. Ме памтам тука како се жалев само... Си го сменив животот, не за 360 туку за 130. Поќе гледам МЕНЕ да ми е добро оке? После се правам. Чувстувам психата ми бара одмор - ми бара. Одмори. Батали се. Работа, дечко, маж, свекор, свекрва, дете... Чичко ми, Бог да го прости велеше Никој не те сака болен, во смисла прво гледај го твоето здравје, за да можеш да му помогнеш на другиот. Си вратив некои навики, музика, да ми извините и до wc ко ќе одам си пуштам. Се е индивидуално. Овде не има многу и што само пишуваат и само што читаат. Не одамна ја купив книгата од Мартин Јовановски 'Зошто јас? " за панични напади, ќе гледам да направам пдф за да може да ја читаме сите. Имам книги во пдф формат од Дејил Карнеги. Секој ден читам по една глава и потцртувам битни ствари. И човекот е доста во право. Гледам отстрана да заработувам пари. Немам работа, не. Имам притисок од сегде, но знаете што е најбитно? Што си го достигнав до некој степен мирот во себе. И психичка опуштеност. Барам огласи, аплицирам, барам работа хонорарно. Почнувам да ги гледам поинаку работите. Но, отом потом. Love you П. С. За сите што сакаат да добијат книги од Дејл Карнеги, пишете ми меил, во порака. Или би сакала да отворам тема каде што ќе ставаме книги што ни помогнале со нашата внатрешна борба.
Друштво, да ве израдувам. После 4 кобни месеци со тешка анксиозност и при крајот одвратни ОСД мисли, два дена сум супер. Без ниту една бизарна мисла и страв. Сопругот ми дојде завчера. Четири месеци се не бевме виделе. Тешко беше. Се изгубив себе комплетно, без малку. Боже колку е прекрасно чувството да си дојдеш при себе... Верувам дека ќе се уклучувам само за убави работи во иднина и да ве поддржам како вие мене. Љубовта победува сѐ!
Дали кога треба да излегувате постојано се проверувате дали сте облекле панталони,блуза, дали можеби сте заборавиле нешто да земете со вас? Дали ви доаѓа такво нешто,и постојано од внатре ве тера да проверувате дали сте облекле панталони и сл...?
Ако не се лажам овие лекови се даваат за психоза, можеби грешка сум. Зошто да се штетни, можат само да ти помогнат. Земај ги како што ти се препишани и редовни контроли