Уствари сите што патиме од оваа состојба, имаме дисбаланс на хемијата во мозокот, серотонин, допамин и.т.н. идејата е психијатар да ти даде а.д за тоа да се изедначи а психолог да ти помогне да се пронајдеш пак себеси...good luck
Dali nekoj periodvi se slucva od ednas da mislite deka ke napravite nesto na sebesi ? Koga sum zafatena so nesto ne ni mislam na toa koga ke sedam sama ili koga ke legnam mi doagaat nekoi cudni misli kako se spravuvate so ovaa
Луѓе како издржувате на топлово? Мене мн лошо ми влијае имам чудно чувство во главата како нестабилност
Спојлер: Препораки од Владата Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Мислам дека и анксиозните спаѓаат во ранлива категорија граѓани, рецимо. Жими се, треба да се организираме. Дајте ма што е ова. Пекол. @Ivana-Iva.94 само дома сум, без работа, не излегувам, жешко е-пекол овде во Скопјецо. Прееска бев до продавница на 500 метри и дома. И обавезно навечер пешачење. Јас вчера 2км, сама, со повремени слушања на мобилен со дечкото. Мораме надвор. Пиши ми лп. Ако ти треба некој за разговор
Мене денес ми е ужас зголемена анксиозност немир раздразливост место не ме фаќа и се само глупи мисли во главата
Ви се случува ли во момент на паника, возбуда, вознемиреност да измерите притисок и да ви е висок што е логично? Можно ли е да варира пример 150/100,па за две три минути откако пробувам да се потсмирам да се намали? Се опседнав со мерење
Katastrofa so vremevo...Nemir niz celo telo...sila ic nemam.Uzas.Mi e strav da izlezam na toplovo da ne mi se slosi...cel den na klima i na rab i doma.
Исто ми е и мене уплав имам од топлово а кога ќе помислам дека цела недела вака ќе биде уште поголем немир чуствувам
Мене ми е па обратно. На лето најмалце ме мава анкс, на зима едвај издржувам броејќи ги деновите да се стопли. Минатото лето главна терапија ми беше точакот (сега не можам поради бременост). "Палев" точакот насабајле, од ЕУ центар до Жабарот, долу на кеј. Извози до мостот кај Влае, врати се назад у парк. Постели си на трева за седнување под дебела сенка покрај каналче и кулирај. Дувка ветер, лисја шумотат, инсекти црцорат, исто и птици, патки крекаат, исто и жаби. Медитирав. Грицкав бадеми и цреши. Пиев ладна вода. Читав книга. Се излежавав и гледав како се движат облаците. После извозував до дома, таква испотена, улепена, мавав ладен туш, и уз ладно кафе и' се префрлав на следната терапија - музика и книга. Камо сега истото да можам да го правам... Реално, волку топло никому не му годи. Ако ептен немаш обврска што не можеш да ја одложиш, не се рашетувај. Ако мораш да излезеш, облечи полабаво нешто, обавезно носи вода со тебе ( и нешто ситно благце, за секој случај), цепај најбрзо што можеш и враќај се дома. Друго чаре нема, тоа е лето.
И времето си има свое влијание а самата паника што ја создаваат портокалова жолта црвена фаза и тоа како делува
Дечки било и друг пат вака жешко. Седете под клима, ако не морате не излегувајте, ако сте на работа седете во канцеларија, па дома и тоа е. Вода пијте, терапија земајте. Јас сум на одмор од дома не сум излезена ќе спобудалам ама тоа е. Навечер малку ќе шетам а сакав да завршам некои работи. Тоа е. Ќе помине. Без страв. Нема да се онесвестите ако излезете надвор. Вода носете со вас, земете од оние бомбомите со гроздов шеќер во аптеки ги има ако ви се снеарни од анксот и ќе помине. Ајде силни сме ние. Уште некој ден па ќе помине и ова.
Направете си план. Еве јас без работа, ама не се предавам. Знам дека ќе најдам, 100 % само ете период што веќе 3 месеци не можам да се одморам. Станувам, средувам и одам до контијнер да фрлам ѓубре, седам во парк или на тераса. Влегувам дома. Си барам занимации и после пешачам по 2км обавезно, за жал овде немам друштво и сама морам. Иако мислам ќе паднам, терам, или зборувам со некој на мобилен. Вода, витамини, терапија, музика
Е кај мене е тешко што кога сум вознњмирена ништо не можам да правам и тешко наоѓам занимација едноставно не знам што со себе а знам дека занимацијата е најдобар лек додека сум на работа се е супер еве сега сум на одмор и се едно исто а темпераментна сум по природа