Се користат и двете, а се бира помалото зло. Јас разбирам постари да ги земаат овие лекови, ама млади од 20, 30 години не си го правите тоа уште сега да станувате зависни од нив, а јавуваат сериозни несакани ефекти особено ако се употребуваат подолг временски период.
Добро бе луѓе наместо да ги охрабрите што се свесни и бараат помош вие не одете на психијатар, тие лекови подобро за повозрасни, се станува зависен итн... Некој штом веќе стигнал во состојба да оди на психолог/психијатар значи дека има потреба и помош. Никој не знае кој што има доживеано во животот и можи малце да сте пофини кон тие што пишуваат овде. Секој различно се носи со животните ситуации и проблеми. Еве и јас се "труев" со ад, хелекс и мелатонин, па од ништо не станав зависна. Едноставно периодот на заздравување кај сите е различен и треба време. Воопшто немав гадење и лошење од ад, и никој не оди на психијатар од што му е УБО туку одат со надеж дека ќе му биде подобро.
Седев во ресторан со моите, почна да се зборува за Ковид, вакцини и сл. Почнаа муабети овој умрел, оној вака му се случи после вакцинација, оваа добила нз што. И како некоја жена добила тешка депресија, не се сеќавала на мажот и и сите ги избркала од дома и едвај ја вратиле назад по психијатри, психолози сето тоа кажано ко потивко, потајно, демек да не чуе некој. И демек овие нашите генерации ќе сме биделе со деменција. Ко сум добила паничен, леле ко почнав да се тетреавам. Одма почнав да мислам како јас ќе добијам деменција, и дека од утре сите ќе почнам да ги заборавам и ќе се изгубам. Сакам да прашам дали при нормала состојба кон која што се целиме ќе изреагираме смирено на вакви муабети? Иначе, да кажам сум напреднала Не се изолирам како порано, си најдов работа на нет, возам кола што ми ја дава дечкото, и тоа со страв ја возев и после ми беше ко полесно. Возам велосипед. Лепоќа.
Никој не зборува за тие што е неизбежно да се под терапија. Добро ти оди, морам да кажам дека се приметува подобрување.
Dolgo vreme sum pod terapija i dolgo vreme go pratam forumov,ovde pola sto pisuvaat sakaat da se izlecat a ne sakaat da pijat terapija,i mene mi e preku nos od apcinja ama nema,svatete deka ste bolni i treba da se lecite bez razlika dali ke stanete zavisni ili nesto drugo i ne lazete se deka e sostojba,ova e bolest, mnogu strasna bolest,ti veke ne si ti,veke si covek sto ne go prepoznavas...
Не е точно, анксиозноста не е болест(ако воопшто зборуваш за анксиозност) ниту пак има потреба од труење со тешки лекови од кои се станува зависен(пробај да функционираш без нив па после кажи ми дека не си зависна), а несаканите ефекти од нив може не ги ни забележуваш. Тоа е состојба која поминува и се надминува не е болест, не се правете со сила болни кога не сте(секако ако станува збор за анксиозност). Има начин да се надмине без медикаменти, нормално тоа е потешкиот начин. Ако мислиш анксиозноста ќе ја надминеш и ќе ја "излечиш" со лекови нема, не се лекува таа со лекови. Може само моментално да ви помогне, каткорочно, но што кога ќе прекинете со терапијата, нема вечно да сте под терапија, е тогаш ќе се вратите на старо, се додека не разбрете дека тоа што треба да го промените е во вашата глава, а вие ако самите не се потрудите тоа да го направите никој нема да ви помогне.
Некој што пие деметрин како се покажани дали се подобри од хелекс и диазепам и дали одат заедно со ад
Како сте денес? Некој со вртоглавица? Од сношти ме држи,денес се напив еглонил па да видам што ќе биди
Јас пијам деметрин, е сега дали се подобри од хелекс, незнам ама знам дека од диазепам се подобри, и да одат заедно, јас ги пијам со зепира.
ејјј баш денес купив и ке ми траат можеби 2 месеци ако не ми ја зголеми терапијата псих. Сепак ќе паметам и ако не ти требаат може зошто да не
Значи денес толку лошо ми се испонаша психијатарот на тел,само поради тоа што побарав да ми ги врати хелексот наместо лексилиум...едноставно не сакамм да го пијам не може тој да знае што ми одговара а што не...Деновиве битка водам со апчињата при крај ми се хелексот не ги даваат ни со розева рецепта ќе ме полудат уште толку...се ми е собрано денес цел саат плачев на глас како мало дете не сум воопшто добра воопшто...докториве ни се ужас ве молам препорачајте ми некој што има пристап со пациенти...не знам што му менува на него јас дали хелекс пијам или лексилиум,не знам...Знам дека сум зависна но ги пијам дисциплинирано по едно на ден од 0.25 и не сум покачила со години доза а сега толку сум вознемирена што мислам ништо нема да ми помогне!
Ok,pisi mi poraka kaj da ti gi pratam neka ti prepise maticniot, ili nekoj od doma neka zemi na nivno ime, ili pak smeni go psihijatarot
Неуробион се добри јас ги пијам неуровит ист состав бидејќи не можам да најдам неиробион...во глобала за нерви се добри нема да имаш штета од нив
Ве молам некој лп. Дали, имате проблем со концентрација, особено ко ќе излезете надвор? Особено ова ми е изразено во пмс. Што превземате?