сум немал проблем со концентрација само со вртоглавица, посебно на сонце, си седнувам на клупа малку и така, за концентрацијата гледај да се фокусираш на нешто
Да, имав забележано дека попладне доживував панични напади, тахикардија и висок крвен притисок, и немам објаснување за тоа. Сега сум во далеку подобра состојба, ама на пладне знае пак да ме стегне тахикардија и гушење од никаде. @GirlLove Седни на некое место и обиди се да се стабилизираш и да се насочиш на нешто, напиј се вода, вдиши и издиши, повтори си дека не ти е ништо и навистина ништо нема да ти биде.
Здраво дали некој има проблем со видот.Матно гледање како темнење пред очите,не можам да го фокусирам погледот,ми се појавуваат бранови ,ми пречи светлина .Како се справувате со овие симптоми help!
ПМС на најјако, анкс со мене 8 саати на работа.. Јухуу денес ќе биде денот Rollercoaster од хормони, од се. Милина!! @Smajli5 јас на почеток го имав тоа. Со терапијата ми исчезна. Во меѓувреме пробај замижи, диши длабоко и смири се.
Кај мене се појавува во било кое време,пример седам или нешто работам почнува првин како замаглување нејасно гледање потоа како бело се да гледам ми се појавуваат како бранови исто како да сум под вода па ми се затемнува трае околу 5 мин и почнува да ми се врака видот многу е непријатно чувството
Си била на лекар? Да не не е од анксот? https://www.anxietycentre.com/anxiety-disorders/symptoms/eye-vision-problems/
Сум била се испитав освен што ми се покачени маснотиите се друго е во ред бев и на очна клиника и очите ми се во ред сум била и на психолог и психијатар ништо само ми дадоа Вамекс да пијам никакво подобрување немав од нив, стварно незнам дали може овие симптоми да ми се од анексот Во тој момент кога мерам притисок е покачен како ми се избиструва видот се намалува и притисокот инаку имам нормален притисок 120-80
А дали кога ти се мати така видот имаш некој стрес? Било работа да мораш да завршиш во рок, било да е околина да имаш некој тригер (мене на пример кога имав многу зборувања гужви ми беше тригер)?
Постојано сум некако под притисок се чувствувам стегнато имам и вртоглавици кога и да треба да одам некаде почнуваат вртоглавици како губење на свест гумени нозе и уште многу други симптоми.Дали дека постојано мислам на тоа па вака ми се одразува на видот од стрес не знам матичната ми даде да пијам Сентис па ме интереаира после колку време имаат ефект
ЗЕПИРА ХR 75MG, после поручек И 37,5 мг после ручек. Лорсилан, по потреба. Но веќе секој ден го терам. Особено во пмс се тресам цела и плачам ко бебе.
Тоа е на природна база... Не е тоа АД. За тие на природна база треба долго време. Разговарај пак со психолог/психијатар. Може ќе треба друг пристап. Мене со АД ми ср среди тоа. Е сега околу ПМС ми е малку изразена анкс ама знам дека е од тоа и пијам Б комплекс на Natural Wealth.
И јас го имам приметено истото. Попладне од нигде никаде тахихардија гушење и мислам дека ќе ми се случи нешто.. а дека сум сама дома со мало бебе уште толку испаничам. Мене ме смирува пешачење и на тараса на свеж воздух..