Најпрво честитки за бременоста! Јас ја планирав бременоста и лековите ги оставив уште пред да забремнам, немав апсолутно никаков проблем, незнам дали до хормоните беше или се насочив целосно кон нешто друго со мислите…цела бременост не се напив парацетамол а не па друго и тоа имав мн ризична бренемост. Но господ е голем, само верба и се ќе биде во ред!
Dali nekoj moze da spodeli iskustvo so Dr. Roza Krstevska od Heliomedika vo Aerodrom? Prijatelka moja saka da odi za sesija tamu, jas odev kaj Vera Tipko, ali sekoj ne moze da si dozvoli tolku skapu sesii
Мене ми е така,освен денес,пошто имам мн болка во грбов,така да сега кога си идев со автобус од работа ме фати паничен,мислам дека оган ми излегува и од уште и од лицето,абе катастрофа сум,ни апчиња ни инекции ништо не ми помогна,само паничните ми се зголемија
Некој главоболка кога се нервира.Притисок мерам океј ми е.Ама кај слепочница на лева страна ме притиска
И кај мене исто насабајле катастрофа па ќе помине па пак ќе се појави околу 17 18 часот...а и сега ме мава некоја нервоза без причина цела сум вознемирена..и друг пат ми се случува кога се менува времето
Само да ве поздравам. Следете ја, женскава и применувајте. Како што кажа некој тука, ајде да си, помагаме!
Луѓе, дали ве фаќаат кризи особено, попладне. Пред стњмнување, ако излегувам ми е пекол! Еве сега добив таква криза што со плачки дома си дојдов. Осеќам како матна глава и немам концентрација ама ич, не можам ни да размислувам. Еве трет ден добив, треба да не сум толку чувствителна.
Мене ме мава филм за болката во грбот дека ми е нешто лошо,па се тешам дека ако беше така ке скркаб досега,а денес ми беше добро,бевме и до ЗОО Скопје и на крај на идење стрес,золвеник ми од ништо од едно обично паѓање на нога стаса со гној на болница и ете ти стрес,одма се напнав и пак болки во грбот,подујан желудник ,како имела,се на се катастрофа
Друштво, ве поздравувам од врелиот Крит. Вчера се вратив кај сопругот. За прв пат после 3 год летав со авион, со два поточно без таблета. Мислев дека никогаш повеќе нема да летам во животот, но откога почнав да му одам контра на стравовите почнаа да се случуваат чуда. Пред полетувањето, намерно не пуштив ни музика за да ја слушам бучавата и гледав во колцата од авионот, нешто што на сон не можев да го замислам повеќе. Чувството кога го победуваш стравот е одново раѓање. Ми беше страв да се вратам тука, се вратив. Сношти се плашев дали ќе спијам, си реков гајле ми е, спиев 10 саати без седатив. Денес ќе ја исчистам цела куќа, оти сопругот ја тратил додека не бев тука. Посакајте ми трета среќа и успешно да се интегрирам овој пат. Пресреќна сум што дојдов! Сега станав свесна колку сум била среќна тука, само пустата анксиозност ми шепотеше дека не сум и ми создаваше стравови од се'. Но, и дома кај моите бев истата, чак и полоша. Што значи, си сфатив дека пекол и дом постојат само во нашите глави. Јас одбрав да си изградам дом во душата и поцврсто да се носам со проблемите и стравовите. Ве гушкам!
Ви благодарам на сите! Не престанувајте да верувате во доброто и љубовта.. Секогаш го наоѓаат патот ако им дадете шанса. Ве сакам!
Браво!!!Уживај си со сопругот во прекрасниот Крит и само среќа да ве прати многу ми е мило ги имам прочитано сите твои постови и ви ја посакаувам целата среќа на овој свет.
Smajli mila moja, od arno da ne kurtulime vo idnina site. Da si mi zdrava i ziva na zelbite! Ti go posakuvam istoto! Ve ljubam site koi bevte so mene dodeka pominuvav niz najteskoto. Se citame, tuka sum.
Сакам да се вакцинирам дали се имате вакцинирано тие што примате терапија јас пијам хелех 0.25 и елицеа од 10мг дали имавте нешто проблем дали си продолживте со терапијата и дали истиот ден земавте терапија
Преку ноќ??? Не паметиш (ако ме читаше) дека цела пролет и пола лето коски оставив тука??? Би ти објаснила, но тоа ќе биде мое искуство и истото не знам дали би помогнало на останатите, оти колку луѓе-толку различни умови, без разлика што делиме иста состојба.. Мојата анксиозност се должеше на долгогодишната употреба на бензодијазепини кои почнале да ми прават многу интензивен контра ефект за кој не бев свесна. Во меѓувреме направив голема промена, се омажив во странство во многу лош период (корона), па имав фатална инфекција лани, па моите се разболеа од корона, едвај живи останаа, и сето ова придружено со њус појавите на седативот кој си го земав долго, сѐ до пролетта кога се срушив и се вратив кај моите оти не бев способна за ништо. Кога на почетокот од летото со добри професионалци (психолог и психијатар) дојдовме до заклучок мојата анксиозност се товари на зависноста од седативи оти сум станала толерантна и мозокот ми создава лудило од стравови оти си бара поголема доза, ми направија шема и почнавме со редукција. Претешко беше. Поминав низ нешто за кое не можам да најдам термин. Пекол е ништо. Од кревет не можев да станам. И физички и психички кризи имав. Тоа траеше еден месец и потоа секој ден почна да ми станува подобро. Почнав да правам работи што никогаш не сум ги правела претходно, на продуктивен начин. Почнав да ги гледам нештата појасно.. Станав свесна дека сум го имала најпрекрасниот сопруг на светот кој никогаш не се откажа од мене, а јас сум правела непотребни драми поради зависноста за која не бев свесна.. Станав свесна дека го имам најдобро семејство на светот кое уште се грижи за мене како за мало дете а имам скоро 35. Станав свесна колку пријатели, луѓе воопшто ме сакаат и колку проклето среќа сум имала во сѐ, а сум одбирала да страдам и константно да имам стравови поради зависностите со кои сум се дружела цел живот. Сум одбирала да бидам себична и да им робувам на истите. Откако поминав цел месец низ реален пекол, сите претходни стравови ми станаа смешни. Наместо да ги слушам нив, почнав да го будам и слушам срцето. Почнав да се грижам повеќе за сопругот(преку телефон) и моите дома, наместо да им ја пукам главата со себе секој ден. Да бидам благодарна што имам. Почнав да се срамам во какво себично и уплашено суштество сум станала, кое сака сите да ги влече со себе во мракот. Но, за овој момент на свесност и кршење на ирационалните стравови, како веќе кажав причината моја биле долгогодишната употреба на дроги и бензосите(седативите), нездравите и себични искуства (преокупираност со себе и својот лажен спокој), поддршката и безусловната љубов од сопругот, моите, сестра ми, пријатели, психолог, психијатар, финансиски средства и комфор што ги имам дома. Нашата куќа покрај езеро од која секое утро одев на пливање и пиев кафе во најубавиот двор со најљубените мои, куќата овде покрај море и душата од сопруг и свекор ми и свекрва ми кои и понатаму не се откажаа од мене. Да, и понатаму имам и ќе имам анксиозни моменти. Сега ми доаѓаат мисли дека ќе умрам наеднаш оти сѐ е толку совршено и ќе ја изгубам сета ова среќа. Ама тогаш си се смеам сама и си викам и да умрам, ја доживеав сета среќа и љубов на светот и ако се разбудам жива ќе продолжам да ѝ се радувам, ако сум пак тажна или уплашена знам дека пак ќе дојде момент кога нема да сум, оти секогаш доаѓале.. Јас бев цел живот преразгалена и добивав сѐ што ќе посакам! Не работев, користев дроги, спиев до 3 попладне и на раце секогаш ме држеа моите и мажите цел живот, и пак бев незадоволна! Сметката ја платив многу дебело оваа пролет. Ако не станев свесна која сум и што сум правела цел живот, уште ќе бев истата. Џабе ќе ми беше сета љубов и комфор кој го имам наоколу . Оти самата не сум се сакала!! . Ги сакав само дрогите и лажниот себичен мир од истите, кој трае неколку саати и после почнува пеколот од анксиозноста. Мојата приказна со неа е оваа. Вашата не знам како настанала и не знам како да ви помогнам, освен да ви дадам поддршка и надеж за моментот кога се крши ирационалноста и настапува свесноста која е базирана на здрава љубов и надеж дека што и да се случи секогаш ќе има убави денови.. Некои имаат проблем со хормоните во мозокот кои придонесуваат за анксиозни состојби, други искривена перцепција, трети проблем со зависност како мојот, за останатите ни лекарите не знаат како ја развиваат, но, не треба да се губи никогаш надеж за моментот кога се случува чудото на ослободувањето , и да се ужива во истото. В година можда пак ќе бидам анксиозна. Не ми е гајле. Овој момент не сум и одбирам да уживам во него. Моја препорака би била да верувате дека ќе дојде подобро за почеток. Вербата е многу битна. И помалку седење овде и читање симптоми. Тоа е пица за анксиозност. Напишете нешто добро, пофалете се дека ви е добро па макар и на секунд. И тоа нека ви е верба дека во иднина ќе има и цели саати и денови кога ќе ви е добро. Ајде, продолжувам со чистење. Ве сакам!