П. С Би им честитала на сите оние кои се борат без комфорот и поддршката што ги имам јас. Сите оние кои имаат и реални проблеми.. Јас немав ништо од тоа и пак бев несреќна и анксиозна. Многу арно не е на арно рекле старите. Во сѐ има парадокс рекле старите Грци. Не се откажувајте во вербата кон подобро колку и да сте сами, без средства, "добра" работа и сѐ она што денешниот век ни го сервира како вредност. На крајот џабе ми е сѐ ако не работам на здравата љубов кон себе.. Нема да имам никому да му дадам.. Здрава несебична љубов кон себе и човештвото.. Кон вистинските вредности.
Јас таму на лице место зедов половина Хелекс од 0.25 зашто ме акна анкс. Докторот таму ми рече да се напијам да се смирам.
Убо си направила. Јас не се ни напив, заминав полу гладна, и ту пази, си појдов на фризер, ајде реков можам и на фризер јас и оттаму на вакцина. На дечково му велам, дојди и застани до мене, ко напротив замина подалеку а е вакциниран. И сама стоев во редот. И не се напив ај реков шо. Луѓе, ме вакцинираа и седам, 15 мин в едно место. И последните 3 мин не ги издржав. И и викам на сестрата, не ми е добро дали можам да легнам Ајде. Легнав, и одма што ти е? Зошто така? Му велам ме фаќа страв и сум паничар и анксиозна сум и примам терапија. Се скапаа чудење што е тоа. Зар може здравствово да е толку забегано? Не пијај ми велат апчиња, можеш сама. Млада си. И ете. Пијајте седатив пред вакцина, не е страшно. Самата перцепција ни е искривена.
Тешко, додека не помине тоа не сум мирна. Еве конкретно сега ми се испити, сесија, полагање. Постојано сум во исчекување кога ќе полагам, кај кој проф сум се паднала и тоа ми ствара невидена анксиозност со сите можни симптоми. Ми помага, прошетка, спортување, медитација, гледање саат време некоја серија колку да ги оттргнам мислите. Си имам ритуали во текот на денот што ме релаксираат, па некако наоѓам начин да балансирам.
Ќе простиш што го реплицирам овој убав пост ама тотално помага ова што го кажа. Истиот проблем го имам и баш и кажав на членката. А дали страв од промени од комфор зона има врска со анкс. или тоа си е до карактерот на индивидуата?
Зашто еве ти се трудиш...сесии и се остало а кај мене нема борба. Знаев дека е до мене.Се предавам пребрзо
Јас почнав да мислам дека од лошо има полошо и дека во моментот многу луѓе по светот бог знае какви поголеми проблеми имаат и така се сецкам. Тренирајте го мозокот да му давате значење на убавите работи што ги имате и на оние моменти кога сте биле бестрашни и моќни. Сѐ е тренинг.
Кога јас успеав после цел живот да се сменам, може секој! Самите барајте искуства и одете контра на стравот. Правете сѐ што ве плаши! Само контра, но во период кога ќе подзастанете на нозе. Во тешки анксиозни состојби ако треба и медикаменти, многу ментален одмор, добар психолог.. Најбитно е добро да се запознаете себе и работете на себе. Чим се осетите подобро одма работа и одење контра од сѐ што ве плаши. Мене тоа ми помогна.
Јас се вакцинирав,двете вакцини ги имам примено,и тоа на првата пред да се вакцинирам прво прашање ми беше дали можи да се напијам диезепам,ми рекоја можи,инаку си пијам терапија не ни прашав ни ме прашаа,ама нема врска слободно вакцинирам се и не мисли на лоши работи
Fala ti zlaten moj! Te sakam, i javno sakam da kazam kolku mi pomogna so licni poraki i poddrska! Ti ja posakuvam seta ubavina na svetot!
Затоа што моментално целта која треба да ја постигнам и мотивацијата која ја имам ниедна анксиозност неможе да ме спречи да ја постигнам. Имам цел и се движам во таа насока. Имало периоди кога ми било тешко, кога сум мислела дека немам излез од некоја ситуација, но тоа било само моја погрешна перцепција на нештата како резултат на неуспех, недоволна мотивација, ниска самодоверва. Навистина е многу тешко да се победи тоа чувство на безнадежност, ама верувам дека кога тогаш ќе си го најдеш својот пат и цел.
И јас пробувам некои стратегии како повеќе работа, физичка активност како пешачење итн. Ако седам во место не можам да ги скротам мисливе... Од друга страна, медитацијата не ми помага, никако не можам да се концентрирам и ми летаат мислите. Можеби нешто не правам како што треба.
Можеби слушање музика? За мене функционира и тоа, наутро денот го почнувам и завршувам со музика. Некогаш навечер и со музика што смирува. Во текот на денот обавезно пијам кафе со другарка или со моите дома само да разменам други мисли. Пронајди го тоа што тебе те смирува, опушта во стресни ситуации.
Цело време сум со слушалките на уши Да не беше музиката не знам што ќе беше со мене. Кафе може, но морам да внимавам на дозата, да не ме вознемири уште повеќе. Разговор со блиските ми помага, колку толку. Да ме вратат во реалноста. Мојот основен проблем е тоа што цело време живеам во иднината, правам планови и очекувам нешто, а заборавам да уживам во сегашниот момент...
Истата сум и јас. Но во изминатиот период особено последнава година ми се случија толку многу работи, а со загубата на мојата најдрага, најсакана личност како некој да ми влепи толку силен шамар што се вратив во реалностa. Повеќе не правам планови за ништо во иднина, не се преокупирам со непотребни работи и воопшто не размислувам за што би било кога би било, како е пишано така ќе биде колку и да планираме. Go with the flow.