Баш така, сегашнииот момент е единственото нешто што ни е загарантирано. Знам дека треба да уживаме во него без многу размислување за иднината, но како да се прави тоа? Мислам дека колку повеќе се обидувам да си најдам занимации, јас толку повеќе мислам на тоа што не треба. Нешто како теоријата со розевиот слон.
Јас мислам дека активностите немаат толку улога во прифаќање на фактот дека сè што имаме е сегашниот момент. Помагаат, да. Но тие се повеќе филтрирање на стрес од секојдневието и исполнување на времето со здрави навики наместо со нездрави. Правење квалитетен избор. Малце е тешко да се зголеми самосвесноста околу сегашниот момент, сè е индивидуално, не знам што ќе запали кај тебе. Мене ми помогна (помага, бидејќи тоа е постојано работење, никогаш не престануваш) стоицизмот. Една од многуте нешта на оваа филозофија е токму тоа дека сè што имаме е сегашниот момент. И тоа не е кажано во некаков грандиозен стил, as in направи најмногу што можеш. Туку повеќе е како факт. Друга многу битна работа на стоицизмот е силно искрено почувствување и прифаќање на фактот дека си смртен, до степен на еурека. Кога ќе ја осетиш таа смртност до степен што ќе ти се чини дека ти се сменила секоја молекула, тогаш лесно ќе ја доживуваш важноста на сегашниот момент. Има уште милион други работи од стоицизмот што ја зголемуваат таа самосвест. Но не значи дека тебе ќе те привлече и ќе ти помогне. Ако те интересира и во случај ако веќе не си запознаена, за почеток ти го препорачувам Ryan Holiday, има пар книги околу оваа филозофија (најлесната е "The Daily Stoic: 366 Meditations on Wisdom, Perseverance, and the Art of Living") и има подкаст "The Daily Stoic", многу лесен и интересен за слушање кај што во меѓудругото, пренесува знаења од Маркус Аирелиус и Сенека, но во контекст на денешно време.
@MissChievous Ти благодарам за исцрпниот одговор Свесна сум дека планирањето и размислувањето за иднината се неминовни и неопходни, но човек мора да знае кога да стави кочница. Инаку запознаена сум со филозофијата на стоицизмот, ме заинтересираа неколку видеа што ги изгледав на Youtube. Иако беше доста површно објаснето, јас продолжив да читам и да истражувам.
#Mmayers, Професионалците можат да те насочат малку до себе, после пак остануваш сам и мораш да учиш да си најдобар професионалец сам на себе. Таман се израдував колку сум среќна што дојдов кај сопругот, сношти и засношти око не затворив од комарци и топло. Ама маме ми плакаа.. Па не можеш да се гушнеш, едноставно топлово те топи.. Па следниот ден не можеш да функционираш.. Во Охрид климата ми е мелем ама го немам него, овде го имам него ама топлово и инсективе ми создаваат хистерија. Нема две арна.. Борба. Толку. Јас сакам утопија, ама утопија на оној век горе ваљда. Овде борба и вреднување на сегашниот миг. Сега пијам кафе, комарците ги нема и се трудам да не мислам на вечер кога пак ќе ги има.
Иначе Крит колку е убав, толку комарци има. Едни мали одвратни, ни мрежа не помага оти се преситни, ама партали праат. За топлото не помага ни клима, лично и ми смета. Вентилатор во фаца и прифакање на пеколот. Кога и да пробав да избегам од еден пекол, наидував на друг и потежок. Прифакање.
@Interrupted Girl Јас знам дека професионалците можат да те насочат малку, но конкретно те прашав кај кој психолог и психијатар беше, сакам и јас да отидам, а сигурен сум дека и други членови го сакаат истото, сите сакаме да се излечиме. Јас баш денес ќе идам за охрид
Татко му од сопругот, свекорот е психијатар, тој со уште еден друг оттука ме следеа во редукцијата на бензодијазепините. Психологот е познатата Лина Костарова од Ск. Во Охрид исто малку соработував со Светлана псохолог, ѝ го заборавив презимето, работи во градската болница во Охрид, 250 ден месечно ако си осигуран. И таа е чудесна. Доста ми помогна. Но, пак ќе кажам на крајот Анксиозноста ако не е предизвикана од хормонален дисбаланс или физичка болест не се лечи. Се работи на неа,веројатно цел живот. Мојот проблем беше зависноста. Јас не сум класично анксиозна. Мојата беше од толеранција од бензодијазепините. Јас имам проблем со опсесии и зависност. И тие не се лечат. Се учи да се живее со нив и да се контролираат. Когнитивната терапија помага многу, ниеден медикамент не ми помогнал толку, но пак ќе кажам после неа, пак остануваш сам и мора постојана работа и тренинг на себе. Не постои инстант излекување за анксиозност.
Еден мој совет за кој би била пресреќна ако го искористите. Не земајте седативи, ма колку ви било тешко. Ќе ви направат само полошо после. Природни алтернативи. Јас почнав да спијам подобро со чај од маточина и пливање секој ден. Медитација за будење на root чакрата, таа ме ослободи да летам со авион пак. Ми ја врати пак сексуалноста.. И на крајот, правете го она што би ве правело среќни. Сонувајте за тоа. Ако градот ве исцрпува, работете на тоа да се преселите во природа. Анксиозноста доаѓа со причина. Значи дека со нашиот живот нешто не е во ред. Со нас самите. Сме скршнале од самите себе. Или доаѓа во периоди кога треба да се трансформираме. Сѐ е со причина. Гледајте така на нештата.
Да се пофалам 5км извозени со велосипед. Сама. Е, сега, планирам одручек трчање. За многу години Богородица!
Подобро е да пишеш дека теба не ти помогнале и ти не би земала, наместо да повикуваш воопшто да не се користат, сепак, за тоа доктор најдобро може да каже, а тука може само да се сподели лично искуство. Сензитивни се овие теми, па подобро е да се сподели искуство, отколку вака да се повикува на нешто. Го пишувам ова за сите да го имаат в предвид и дека консултација со доктор е секогаш најдобра, а форум е добар за совет и искуство, не и за лечење и менување терапии.
Ќе се корегирам, да не се земаат подолго од 6 недели. Многумина не се информирани за штетноста на овие демони од таблети, а кај нас многу од ДОКТОРИТЕ ги препишуваат бесконечно. Се снима филм во моментов на оваа тема и жртвите на бензосите, а за терапии ако си ме читала, лично секогаш апелирам да не се зборува на форум за истите, најголем противник сум за тоа! Во Грција, седатив нема шанси да ти дадат подолго од 6 недели. И секаде во земјите кои следат упатства и важи закон!!! Кај нас дури ги даваат без рецепта! Апелирам да се зборува со професионалци на оваа тема за последиците од истите, што за жал екстремно ретко ги има кај нас. Јас посочувам на опасноста кај оние кои веќе долго си ги земаат. Пола земја е навлечена на Дијазепам, токму од доктори кои ги препишуваат, па и од оние кои на своја рака си ги земаат. Не правете го тоа, а ако доктор и понатаму ви ги препишува прочитајте му го упатството каде во секое пишува НЕ ПОДОЛГО ОД 4, 6 НЕДЕЛИ МАКСИМУМ!
П. С Го пишувам ова како жртва на психијатар од кај нас, кој 11 години ми ги препишуваше и не ми посочи за последиците! Споделив само совет и предупредување во земја од третиот свет каде ретко се почитуваат правила, закони, протоколи.. Не бев јасна, но се корегирав. Читајте упатства и разговарајте за последиците на овие демонки. Имате и гугл, специјални сајтови кои предупредуваат на опасноста. Во земјите од третиот свет како нашата зависноста од оваа дрога е многу голема, токму поради "докторите" и фармацијата која фрла без рецепти. Ало, не се Б6 витамини! Едуцирајте се! А за терапии делење и мислења, секој втор пост е сочинет од истите, па не најде 1 мин време да ги предупредиш. Секој втор пост е дали Зепирата е подобра од Асентрата и мислење за истата. Како трн во очи ви сум на сите. Моето го сторив, оти сум паталец а не гаталец. Се одјавувам оттука засекогаш. Не ми е тука местото. Сѐ најдобро на сите!
Браво, јас неможам ни 100м да возам велосипед, одма се изморувам и ме фаќа паника. Продавница имам на 50м и одам со кола.