Не знам дали ова што го правам е поради анксиозност. По цел ден тресам со ногата, и долго време не го ни приметувам веќе како навика ми стана. Тек ако приметам престанувам и после некое време пак почнува. Од скоро почнав и еден прамен од косата да го вртам постојано. Дури сега се освестив дека ги правам работиве без престан, не знам од што е и не знам како да престанам да ги правам.
Убаво си кажуваш дека твојот проблем НЕ Е анксиозност. Тогаш зошто им делиш совети на луѓе кои пишуваат во тема анксиозност? Можеш да кажеш на тебе што ти помогнало, ама што може да му помогне на друг, не можеш да знаеш. ТИ си го промашила психијатарот, може тој некој кој те чита овде го има вистинскиот. Зошто да има сомневања заради твој пост во кој силно апелираш да не се зема медикамент? Знаеш ли колку луѓе се живи благодарение на медикаменти? И да, анксиозноста доаѓа со причина. Ама не секогаш оти сме скршнале самите од себе. Има животни ситуации кои ни ја донесуваат. И секој истите ги прифаќа на различен начин, некој на нога, некој се залепува за кревет и акумулира траума за цел живот. Затоа, не се делат стриктно совети на база на лично искуство. А ова што си го пишала, ако градот не исцрпува, па оп ќе се преселиме на село... Многу лесно вака да се нашкарпа, ама дека е така лесно да се оствари, па и не е. За млади луѓе, не е. За пензионери, е изводливо во секое време. Само што на форумов нема такви Значи, убави се алтернативите како пливање, чакри и сл што ти ги кажуваш, ама кај некој МОРА да биде потпомогнато со соодветна терапија. Или да почне со терапија, па да се премине на алтернативи постепено и намалување на терапијата.
Да, многу е веројатно да е поради анксиозноста. Еден вид на навика што несвесно ја правиш за да се ослободиш од тензијата. Јас ја имам истата навика со праменот од косата.
Што правиш за да прекинеш/контролираш? Или чекаш да помине само? Откако го пишав тоа се приметив уште 2 пати како тресам со ногата.
Ништо конкретно не правам за да прекинам. Ако свесно се фатам дека ја фаќам косата, престанувам. А искрено не знам што друго би можело да се направи. Веројатно ако се намали анксиозноста и навиката ќе стане поретка.
Зависноста ми поттик Анксиозност поттикната поради зависноста од седативи кои психијатар ми ги препишуваше. Не менува ништо, АНКСИОЗНОСТ Е! Сама велиш дека произлегува од разни ситуации, трауми.. Мојата е од хемиска траума. И за истите споделив вистина, за седативи, не за останати медикаменти. Не постои седатив кој треба да се зема подолго од 6 недели. Оди и во СЗО прашај. На запад попрво би ти препишале хероин отколку бензодијазепин. За соништата мислев.. Убаво е да се сонува.. Ништо не е невозможно ако се сака.. Оти да не се преселат на поубаво место.. Под природа не се подразбира само село. Па што им фали на селата? Свршивме работа со градовите.. А да ги подбериш вака ко што ме подбра мене, сиве овие што лупаат за симптоми и изиграваат психијатри со делење терапии и мислења за истите. Си приметила дека секој втор пост звучи На Асентра сум, како ја земате, како ви е, а веќе психијатарот одредил доза и време. Си приметила дека секој втор пост е деструктивен и на мене најде да се фатиш? Оти им посочив најголемото зло? Да, не бев прецизна ама се поправив.. Не мислев на останати медикаменти, СЕДАТИВИ, непрофесионално поделени или на своја рака земани. Ама тие се одлика на Северна Македонија и секоја земја од третиот свет и ги разбирам. И жал ми е. Уживајте во истите. Бензо држава.
Тогаш седи си таму кај што си и остави не нас во БЕНЗО државата, ок?!!! И тие другите што ги посочуваш на темава се исти како тебе, само ти во една крајност, они во друга!
Не се решава анксиозност и депресија со седативи. Акутно делуваат седативите. Тогаш-за тогаш. Треба болеста да ја лекуваш, не симптомите да ги ублажуваш. Антидепресиви, антипсихотици се даваат за анксиозност и депресија (ако мора да се медицира).
Некое чаре? Дека многу долго ми трае ова, не знам како да престанам..А знам дека порано не бев ваква, воопшто.
Не знам дали има чаре.. Јас ја гризам усната и усната празнина, нон стоп играм со прамен од коса или доколку имам врвци на панталони/тренерки. Ако знае некој нека пише чаре.
Да не мислиш цело време на тоа што ти се случува во телото и како реагираш. Да не анализираш со саати, денови “Зошто ми се треси ногата?“ или “Зошто ме боли овде?“ На сите, понекогаш, и нозе ни се тресат, и раце ни се тресат, и не заболува нешто, и срце ни залупува, и се препотуваме... Физиолошки, никогаш не мирува телото.
Od anks ne se lecis, ednas si ja dobi so zdravje da si ja nosis, ke ja snema pa ke se pojavi i se taka, zacaran krug,poentata e da se naucis da zivees so nea.
Точно така, во одредени стресни и трауматични ситуации пак се појавува,макар и со години да си немал симптоми.
Избришани се последните мислења, не беше намерата оф-топик дискусија да се развива, само да се објасни дека ова е сепак форум и лекарските совети се најмеродавни на крајот. Толку и ве молам да се држите до темата.