Ако не со срцето, со друго нешто ќе се оптеретуваше дека не е во ред. Си направила преглед сега гледај опушти се и не мисли, се е од анксиозноста и ништо нема да ти се случи само се стегаш и неможеш да функционираш нормално. И јас сите болести си ги препишав, овие неколку години уназад па еве сум мрдам
Пијам еднаш во денот магнезиум од 350мг и Б6 од 50мг. Слабокрвна сум и плус доилка па пијам и железо и Елевит 3 за доилки.
Овие симптоми може да ти се и од анемијата. Кога ќе се среди крвната слика и симптомите ќе се повлечат. Не се плаши, нема простор за паника. Земај си ги витамините редовно и терапијата со железо.
Пијам и Д3 и Олигогал Селен и Железо и Ц витамин... И не нема нукаква поврзаност на суплементи со АД.
Како сте луѓе, како се справувате со оваа гадна анксиозност. Дајте да споделиме нешто меѓу нас, со разговор некако се мине, кога гледаш дека не си сам. Кај мене анксиозноста почна пред 2 месеца. Значи ужас, никогаш вака не сум се чувствувала. Приметив кога бев на ехо на гради, од тогаш се почна, од уплав да не имам рак, значи умрев од страв, почнаа паниките.. Една недела се смирив мислев толку е се средив и со психа и со анксиозност, ама еве овие 3 дена пак, мислам дека не можам да дишам, но кога земам силно здив, можам и те како да дишам.. Паника ме јаде, срцето силно чука мислам толку е ќе умрам, но видов дека на повеќето им се случува ова, нервите реагираат.. Како сте вие?
Здраво има денови кога се е добро без никакви симптоми,а исто така и денови кога мислиш готово е.Но кога ќе се размислиш малку сфаќаш дека се до мислите и полека поминува.Кај мене само што одев секој ден се на подобро и оп....сопругот позитивен на Ковид па една паника страв за него за децата да не се разболат па како ќе.биде
10 години но не константно на периоди пример 1 година имам симптоми па после.може 3год немам воопшто и така во круг
Да имам 40 години,но на тебе сега ти се појавила анксиозноста гледај што можеш побргу да ја надминеш побарај помош од стручно лице
Ќе одам на факултет во странство. Психички сум нестабилна. Сум пробала на повеќе начини да се повредам, меѓу кои и еден обид за самоубиство. Пијам антидепресиви. Еден период се осеќав супер, но еве веќе месец дена - два месеци си се враќам пак по малку на старите (се' уште сум далеку од тоа што бев ама сепак). Апчињата не ги земам сама, ми ги даваат на рака. Ги злоупотребив. Работата е што ако заминам ќе треба сама свесно да ги земам. Се плашам дека при најмал проблем што ќе се соочам (особено ако е некоја макар и мала караница со дечко ми) јас пак ќе посегнам по мојот живот. Таму далеку од дома ќе сум скоро сама и ќе нема кој да ми го врати паметот на добрите. Ми се случило уште 2-3 пати да сакам да направам нешто, но ете не сум направила. Значи главното нешто што ме мачи е тоа што се плашам од сама себе. Одев на психијатар, ама еве сега еден месец се мачам да добијам термин. Бев презадоволна и сега сум тотално разочарана.
Dali pravese KT ili magnetna? Mnogu cesto me boli glavata ama samo od desnata strana skoro sekoj den i jas pravev poveke ispituvanja krvna slika, tiroidna ispituvav i preku krv i eho , oftamolog i dr ama kt ili magnet nemam napraveno mn mi e strav