1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Bilhaan

    Bilhaan Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    Barajte lekot vo psihata dzabe vi e i kiznaj kolku psihijatri, apcina i neznam so drugo.

    Barajte od gospod da vi go razotkrija patot do olesnuvajneto samo tamu e klucot.

    I za sekoja fantazia vo mozoko bila i skros ne normalna kakva i da vi e mislata ne panicete kazete si deka sho ako ne mi ida vakvi misli nemase da panicam prifatet ja anksioznosta kako del od vashiot zivot i ostajteja sama na sebe normalno nekogas ke imate napadi ama cekajte neka pomina i dejstvuvajte normalno
     
    На Smajli5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Сосема те разбирам, ама нова сум во ова, затоа прашувам дали е нормално толку да мислиш дека ќе умриш од болест и дека си болна
     
  3. Lejla-86

    Lejla-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Zdravo. Dali vi se slucilo da se razbudite od son i celo telo da vi treperi, kako da vibrira. Mislam od srceto e, deka ke mi prestane. Za kratko vreme se smiruva. Ama posle toa polna sum so strav. Dali i toa e delo na anksioznosta. Treba li da proveram nesto. Fala mnogu.
     
  4. bliznak rock

    bliznak rock Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2021
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Пиеш некаква терапија ?
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Да бе, така беше.
    Ко ќе ти се крени притисокот на Бога се молиш и си вртиш убај мисли во глата за да ти помини, или одиш на доктор?

    Исто е и со ова.
    Анксиозноста е болест, не е начин на размислување.
     
    На SnowWhite8 и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  6. Lejla-86

    Lejla-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Ne
     
  7. bliznak rock

    bliznak rock Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2021
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    И мене ми се прави така ама јас сум на терапија живците се во прашање....спиеш доволно или слабо
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Па не е исто.Анксиозноста е нереален и преувеличен страв, нема вистинска опасност за тој што ја чувствува, тука докторот не може да направи магија да го излечи тој што страда од нејзе.Не може да се споредува со висок притисок или друг загрозувачки физички проблем бидејќи не може при секој паничен напад да се трча на доктор.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. katica2001

    katica2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Ve molam mislenje i iskustva za ad zepira od 10mg . Koga se zimaat,nesakani efekti, za sto se koristat,vashi licni iskustva.. mi gi prepishaa no mi e strav da pocnam da gi zemam da ne se vloshi da ne stanam zavisna. Imam anksioznost i panicni napadi. isto mi kazhaa mesto diazepam da pijam lorazepam dali e podobra i "pobezbedna" opcija i dali imaat isto dejstvo bidejki diazepamot mi pomaga. Strav mi e da ne stanam zavisna od zepirava .Ve molam za odgovor :(
     
    Последна измена: 15 септември 2021
  10. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Јас ги пијам нема да станеш зависна не се грижи ,ке ти помогнат да се поткренеш.
     
    На plava.90 и katica2001 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Психичките се исто болести како физичките.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Абе вака оф топик ама и за висок притисок не се трча па одат да мерат а со конторлирана терапија се регулира, исто и за паничните. Значи буквално е исто дали е физичка или психичка болест кога на крај имаме онеспособување на личноста(од било кој вид) :)
     
    На WildMk и Rama им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Те молам немој на никој што е анксиозен, депресивен и слично да му кажуваш дека страда од нереален и преувеличен страв, со тоа само ќе му ја дотолчиш психата.
    Верувај ич ама ич не е лесен секој еден напад на паника да се доживее, секое едно вибрирање и треперење на буквално цело тело, и кој не страда од тоа нема право да се става во туѓи чевли и да мери и премерува што е потешко и поболно.

    Аман веќе од тоа ништо не ти е, не преувеличувај, и мене блиски така ми велеа на почеток, ааа ти немаш силна психа и слично, ама ене ги сега бетер се од мене со кревката психа.
     
    На Anymousgirl., Lianna Anna, slimy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не не е исто.Анксиозноста има подлежечка причина зошто се појавува и ако некој очекува дека ќе биде спасен само од психијатарот и апчињата е далеку од вистината.Тука треба човекот дополнително сам да најде начин да се избори, уствари затоа и ти реплицирав на постот зашто ти имаше цититрано пост кој беше реално напишан.За физички болести не можеш да и го смениш мајндсетот и да се подобриш, затоа е различно.


    Па добро ти не знаеш дали и јас сум имала искуство или не.
    Како и да е, можеби погрешно се изразив, воопшто не сакав и не реков дека некој преувеличува, туку дека е пожелно да се разбере конкретниот страв како нешто што нема апсолутно никаква моќ, а вистинската опасност во моментот не постои.Како убедување на себе си однапред, како тренирање на мозокот, ако е соодветен терминов.

    И плус, во темава веќе се се пишува...ме боли грб, ме боли стомак, анксиозност е?Од толку обиди да се прифати анксиозноста од народот, стана секој сам да си ја дијагностицира како да е нешто најнормално.
     
    На Guns N` Roses и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Психичките болести немаат врска со мајнсетот, туку со количината и брзината со која се продуцираат и апсорбираат хормоните во мозокот.
    Мислите и чувствата се симптом на болеста.
     
    На Lianna Anna, manako1 и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Ахх
    Не.
    Прво хормоните во мозокот е толку широк поим што нема поента тука, пошто тие хормони повеќе регулираат други процеси отколку што е докажано дека се одговорни за ментални болести.Второ, за скоро сите нарушувања,(ама ај еве да речеме најмногу за сите овие што се многу почести како анксиозност, депресивни мисли, несигурност), многу голема улога игра како се доживува некој себе си и дали работи да се подобри тоа, дали работи да си ги реши минатите трауми, каква е околината околу него....значи да, пак доаѓаме на истото од горе.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Оф мори мајко.
    ССРИ антидепресивите, буквално ја релуглираат апсорпцијата на серотонинот во мозокот.
     
  18. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    13.032
    Пол:
    Женски
    Дали си доктор?
    Скоро бев на психијатар и го прашав:Др, дали јас полудувам, дали имам полоша дијагноза од анкс депресија, бидејќи имам лоши црни мисли постојано?
    Докторот:Не душо, тоа е од огромниот ХОРМОНАЛЕН ДИСБАЛАНС кој го имаш - да не влегувам у детали сега. И секако од анксиозноста која си ја влечам со години. Ми даде лекови и за 1 недела веќе бев подобро. Истово од горе ми го потврди и сестра ми, која патем е доктор интернист.
     
    На Lianna Anna, Среќа, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не е докажано дека постои директна поврзаност на недостаток на серотонин кај луѓе што имаат депресија, ссри веројатно се користат зашто покажале најдобро подобрување на расположението кај луѓето, а не дека се дешифрирани како баш точно работат.Серотонинот е некако глупаво претставен како среќен хормон вака медиумски и се добива сликата дека депресија е едно едноставно пореметување.Во сложен систем како мозокот, не може туку така помалку да се синтетизира одреден невротрансмитер и да предизвика ментална болест, многу е пологично и најверојатно е улога да имаат гени, околина и секако трауми, а можеби и одредени структурни мозочни промени.

    За една недела ако ти било подобро значи дека моментално си имала анксиозност која си ја смирила со седативи, така?
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Хроничен стрес крева притисок, па ете ти го тој животозагрозувачки проблем.
    Како не е докажано дека ниски нивоа на серотонин резултираат со депресија?
    Докажано е.
    Мислам модератор треба тука многу да регулира, сешто се пишува на темава.
    Медицинско лице не смее да дава совети вака на форум без преглед, а не па секој друг.
    Што ако одвратиш некого од барање лекарска помош?
    Ова не ти го кажувам за да се расправам, искрено ме интересира зошто на вакви теми кај што веќе има стигма, луѓе едвај се убедуваат да одат на лекар, зошто баш на вакви теми се пишуваат непрофесионални мислења од ракав? Што ќе добиеш ти со ова што го пишеш?
     
    На LUCI 99, Lianna Anna, manako1 и 3 други им се допаѓа ова.