Седативи кои дирекно влијаат на серотонинот, ко шо ти кажа и Вајлд, сероксат се вика лекови кај мене барем. Една жлезда т. Е хормон во организмот да ти се расипе, не е веќе ништо исто. Така да серотонинот е мало мало ама техничарче. ХОРМОН Е. И не ми одговори, дали си доктор?
Здраво мантуб одамна не сме се цитирале, За да не повторувам се од ново, те молам наврати се на моите мислења и препрочитај ги од каде почнав со пишување.Исто така те молам немој да алудираш дека јас некого одвраќам од барање лекарска помош.Работите што ги напишав за серотонинот се точни и имам попаметна работа отколку да седам на форум и да измислувам.И те молам посочи ми на кого му дадов директен совет за терапија?Тука постојано се пишува, ама да, моето мислење дека луѓето не може да очекуваат лековите магично да ги спасат е некако скандалозно. Не сум доктор уште, медицина студирам.И не ме прави тоа стручна, ама ваљда имам барем некакво познавање.Плус, сите инкоропирираме искуства кои нас ни помогнале.Океј е? Wow сега испадна дека според мене депресијата е од мислење.Како си цитираш само тоа што ти одговара браво. Не знам зошто воопшто почнав да се цитирам. Мислам добро, ми стана јасно дека на темава најдобро е на сите да им даваме совет дека тоа им е судбината, нема излез, тоа е...
Здравооо Повеќето не очекуваат да ги спасат лековите магично, туку да им ја менаџираат состојбата, да имаат поквалитетен живот, ко и за секој друг здравствен проблем. Инаку прочитав се, само не се согласуваме
Isto sum i jas so bolki vo grbot polovinata onaa koska od rbetot so e kaj vratot i nekoj cuden oste vo rakata leva…bocki po dlankata i stravot se pogolem i pogolem a i nekako muskulite od nozete me bolat kako da ne se moi veke neznam sto ke se pravi vaka neznam so da se napijam i paniki mi fakaat da ne e nesto nekoja bolest sekakvi filmovi mi se pravat vo glavata kako struja da imam vo nozete i racete
lorazepamot e za opustanje no ne i za "lekuvanje" na samiot problem (panicni napadi,anks..) ?? Znaci AD e "lekot" a ne lorazepamot?
И мене до сега не ме болеја нозете и половината ама почнаа и тие,и мене ме мава филм за триста болести,за нозете ми препиша матичната флебавен,мн добри се ама малку се скапички ама ефикасни
Lorazepam, Helex, dijazepam, Leksilium и слични се за смирување моментално. Сероксат (genericki Paroxetin) и слични на него се за регулирање на хемискиот дизбаланс во мозокот кој е причина за анкс и депресија и за стимулирање на серотонинот. Вторите можат да се пијат и без првите. Јас пијам Сероксат и по потреба Хелекс најмала доза. Анксот е состојба која бара терапија, но не само клукање со лекови. Менување начин на живот, бришење токсични луѓе од живот (макар биле и најбиски род, ова од лично искуство), сакање себе си и мноогу работа на себе. Ќе има падови и подеми ама ќе помине или драстично ќе се намали.
Да ве замолам да ми препорачате психијатар што најмногу ви помогнал и што има пристоен пристап со пациент,после долго време менувам и би сакала ваши мислења...фала
И јас сум исто. Болка во ребрата, рбетот вратот, грбот се живо ме боли. И главата ме отепа... Арна бев до пред една недела, само што си реков помина, еве ја пак дојде..
Денес сум катастрофа, сношти бев трета одручеква кога станав глава ме стега,напнат грб, желудник и тој катастрофа,безвезе чуство,дали од времево е незнам ама буквално не сум во ред денес
Заборавив да ти вратам. Проблемот е што секој совет кој е надвор од препорачаната терапија(која секако декa треба да се прима) се третира како нешто непожелно и се отфрла бидејќи поединци погрешно се убедени или намерно ја тераат фората дека за анксиозност, депресија одговорен е еден хормон(колку смешно) и само посета на психијатар и апче ќе биде доволно.Секој пат кога некој ќе напише свое позитивно поразлично искуство беспотребно се напаѓа.Време е возрасни луѓе да се третираат како возрасни и да прифатиме дека работата на себе е број 1.
Нормално дека самата состојба е даааалеку покомплексна отколку недостаток на еден единствен хормон и ок е тоа работа на себе, само имам чувство како некои од мислењата (не твои, она од кое се начна дискусијата и други) да ја девалвираат сериозноста на ситуацијата со тоа што кажуваат абе ајде само треба позитивно да се мисли и слично. Со мислење позитивно никој ни излечил болест, ни подобрил анксиозност. Најголем дел од луѓето не можат да се справат сами и точно затоа е од огромна важност да се посетува стручно лице. Инаку настрана од цитираното, анксиозност не е болест, анксиозност е состојба. Обично, ама не секогаш, е пропратена со други растројства и болести. Но не е нешто што се "лечи", ама и тоа како е битно да се разговара со стручно лице и да се следи терапија оти не е наивна состојба и баш и не мора процесот на справување да се минува во агонија ако веќе некоја терапија помага. А секако стои тоа дека треба да се најде кои патерни ја предизвикуваат и како истата да се менаџира.
Ве прочитав сите, да не ве цитирам. Анксиозноста точно е состојба која во почетните фази е не е некоја сериозна состојба за која е потребно да се примаат лекови кои ќе направат повеќе шетета отколку корист, ако може состојбата да се контролира со психотерапија, работа на себе, препознавање на состојбата и прифаќање на истата нема потреба пациентот да се става под терапија. Знаеме дека тоа не е состоја што се лечи и доаѓа неочекувано, но како доаѓа и си оди. Проблемот е кога анксиозноста не се третира, не се оди на психотерапија, не се работи не себе и на коренот од кој што потекнува анксиозноста, па ова доведува по потешка состојба, се манифестира психосоматски, се јавува страв, опсесивни мисли, па може да доведе и до депресија и ова е веќе алармот за вклучување на медикаментозна терапија. Медикаментозната терапија да ќе делува, ќе не поткрене, но тој внатрешен мотив, работа на себе, работа со психотерапевт, психијатар кој ќе го мотивира пациентот и ќе те води низ процесот е многу важен момет, а медикаментозата терапија сама по себе доколку не ја превземете контролата во свои раце не може да очекувате дека магично ќе ве излечи. Затоа коренот на проблемот треба да се реши. Во право е донекаде @Angie1432 во врска со серотонинот и тој дисбаланс на хормони не мора секогаш да се среди со апче постојат и други алтернативи само на некој му е полесно да земе апче.
Луѓе, ај помагајте страв ме фаќа од зголемена доза. Да не не можам ни на работа да, одам, јас веќе немам концентрација ни ништо а работава сака ептен сериозност, прецизност и точност
Се согласувам со тебе.Искрено би рекла дека е најубаво секој да работи со терапевт, ама кај нас реално не можат сите да си дозволат.Искрено тоа е голем проблем а не се ни спомнува често.